Спорт
Новинар почина во текот на натпреварот Аргентина-Холандија

Смртта на американскиот новинар Грант Вол (49) во Катар привлекува се поголемо внимание.
Репортерот на „CBS Sport“, почина на натпреварот помеѓу Аргентина и Холандија.
Вал неодамна беше во центарот на вниманието, кога на натпреварот помеѓу САД и Велс сакаше да влезе во дрес со ЛГБТ знамето.
Неговиот брат Ерик, кој е геј, верува дека Грант бил убиен.
„Јас сум причината поради која носеше дрес со ЛГБТ знамето на Светското првенство. Не верувам дека брат ми штотуку почина, верувам дека е убиен“, рече Ерик.
Инаку, многу луѓе се простија од Вал, меѓу кои и Леброн Џејмс, за кого овој новинар ја напиша првата статија, кога се појави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Македонија одржа час по ракомет во Естонија

Фото/ facebook.com/rfmofficial
Ракометната репрезентација на Македонија ја оправда фаворитската улога против Естонија, победи во Талин со 36:17, во претпоследното квалификациско коло за пласман на Европското првенство следната година.
Избраниците на Кире Лазаров во ниту еден момент немаа проблем со, според квалитетот, скромната домашна селекција.
Акумулираа девет голови предност по првиот дел (19:10), односно десет во второто полувреме, за најубедливата победа на гостински терен во историјата на националниот тим.
Блескаа голманите Митревски и Томовски, комбинираа 19 интервенции. Митревски во првиот дел одбрани седум, а Томовски во вториот 12 удари.
Стрелците ги предводеа Кузмановски со шест, однсоно Серафимов со пет гола.
На 11.мај, во Скопје, Македонија ќе ја пречека Литванија во последното коло. Со победа Македонија ќе избори пласман на континенталниот шампионат.
Спорт
Балде закрепна од повреда пред ел класико

Фудбалерот на Барселона, Алехандро Балде (21), се опорави од повреда и ќе се биде во конкуренција за натпреварот против Реал Мадрид во недела, објави шпанскиот спортски весник „АС“.
Балде го повреди левиот бутен мускул пред три недели, поради што го пропушти финалето на Купот на Кралот и победата од 3:2 над Реал Мадрид во продолженијата, како и двата натпревари од полуфиналето на Лигата на шампионите каде што Барселона беше елиминирана од Интер.
Според „АС“, Балде нема да биде во почетниот состав на Барселона во недела кога каталонскиот клуб ќе го пречека Реал Мадрид во 35-то коло од Ла Лига, но ќе му биде на располагање на тренерот Ханси Флик.
На четири кола до крајот на Ла Лига, Барселона го пречекува Реал Мадрид со четири бода предност и, доколку не загуби, ќе има отворен пат до освојување на титулата.
Балде одигра 42 натпревари за Барселона во сите натпреварувања оваа сезона, од кои 37 како стартер.
Спорт
Кеш и Дарвин Нуњез за Хулијан Алварез

Англискиот шампион Ливерпул се распрашува за најдобриот играч на Атлетико Мадрид оваа сезона, Хулијан Алварез. Аргентинецот минатото лето пристигна на „Метрополитано“ за сума од 75 милиони евра, плус 20 милиони што Манчестер сити може да ги добие преку потенцијалните бонуси.
Алварез досега одигра 51 натпревар за „јорганџиите“, постигна 27 голови и забележа пет асистенции.
Наводно, Ливерпул е подготвен да го испрати во Мадрид, Дарвин Нуњез и да доплати за да го обезбеди потписот на Алварез.