Спорт
Шок во Минхен – Несериозниот Нојер ја заврши сезоната

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер на катастрофален начин ја заврши сезоната. Нојер имаше несреќа на скијање, поради што оваа сезона заврши.
Мануел Нојер, пред една недела доживеа огромно разочарување на Светското првенство во Катар. затоа Германија не успеа да ја помине групата во која беа Јапонија, Шпанија и Костарика.
По враќањето во Германија замина на одмор. Додека скијав, паднав и ја скршив ногата. Нојер објави дека имал итна операција и дека сезоната за него е завршена.
„Здраво, што да кажам, годината можеше подобро да заврши. Се обидов да ја „исчистам“ главата и отидов на скијање, но ја скршив ногата. Вчера имав операција и се помина добро. Благодарение на мојот лекарски тим. Сепак, болно е тоа што знам дека сезоната е завршена за мене“, напиша Нојер.
Повредата на Нојер секако претставува огромен удар за амбициите на Баерн Минхен, особено во Лигата на шампионите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Најлошиот натпревар во кариерата на Никола Јокиќ – ова никогаш не му се случило на трикратниот МВП на НБА

Денвер Нагетс на Никола Јокиќ ги победија Оклахома Сити Тандер со 113:104 и поведоа со 2-1 во полуфиналето на Западната конференција, но центарот на тимот од Колорадо нема да го памети добро овој натпревар.
Јокиќ го заврши натпреварот без ниту една тројка, иако упати десет удари кон противничкиот кош.
Не е прв пат центарот на тимот од Колорадо да го заврши натпреварот без ниту една тројка, но му се случи за прв пат да не помине топка низ обрачот по десет обиди.
Досега, Јокиќ имаше најмногу промашени шутеви, осум, на 10 март 2022 година, против Голден Стејт Вориорс.
Спорт
Драма во Шпанија: Тренерот на Жирона итно префрлен во болница

Фудбалскиот тренер на Жирона, Мичел Санчез, напиша на социјалната мрежа X дека е хоспитализиран, но не ги наведе причините поради кои е примен во болница.
„Морав да бидам хоспитализиран и ќе бидам под лекарски надзор неколку дена“, напиша Санчез, додавајќи дека се чувствува добро и со нетрпение очекува да се врати на клупата.
Поради здравствената состојба, Санчез нема да го предводи тимот на натпреварот против Виљареал во сабота. Жирона моментално е на 15-то место на табелата, шест бода над зоната за испаѓање, а до крајот на првенството остануваат уште четири кола.
Ниту клубот, ниту тренерот не објавија повеќе детали за неговата здравствена состојба.
„Се чувствувам добро, под надзор сум на лекар и ги бројам деновите до враќањето на работа за да можеме да ја продолжиме борбата до крајот на сезоната. Ќе бидам отсутен од теренот, но во постојан контакт со стручниот штаб“, рече Санчес.
Минатата сезона, Санчез го предводеше каталонскиот клуб до историско трето место во шпанското првенство. Сепак, тимот се соочи со проблеми оваа сезона откако клучни играчи го напуштија клубот за време на летниот преоден рок, па Жирона е само 15-та на табелата со 38 бода, и сè уште не ја надминала борбата за опстанок.
Спорт
Средба која се чека со години: Ана Ивановиќ и Ѓоковиќ повторно заедно?

Ана Ивановиќ и Новак Ѓоковиќ би можеле повторно да се сретнат за прв пат по долго време.
На турнирот во Женева, најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, ќе ги направи последните подготовки за Ролан Гарос, а се очекува да пристигне и некогашната српска тенисерка Ана Ивановиќ во својство на почесна гостинка и поранешна шампионка, пренесуваат српските медиуми.
Нивната средба би можела да се случи во многу деликатен момент за двајцата.
Имено, се повеќе се шпекулира дека Ана поминува низ брачна криза со Бастијан Швајнштајгер и дека развод е на повидок.
Од друга страна, Новак поминува низ чуден период. Од почетокот на годината, тој е далеку од препознатливо ниво, се откажа од мастерсот во Рим без конкретна причина, а се повеќе се шпекулира за крајот на неговата кариера.
Турнирот во Женева е закажан од 17 до 24 мај.