Македонија
Османи: Во Египет гледаме партнер во унапредувањето и спроведувањето на Медитеранската агенда на ОБСЕ
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во својство на иден претседавач со најголемата Организација за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ и во својство на актуелен претседавач со групата Медитерански партнери за соработка на ОБСЕ, се сретна со министерот за надворешни работи на Арапска Република Египет, Самех Хасан Шукри Селим, во Каиро.
На средбата, беа констатирани традиционално добрите пријателски односи меѓу двете држави, како на билатерален, така и на мултилатерален план, при што беа разменети и мислења за натамошен развој на севкупната соработка.

Воедно, министерот Османи го информираше соговорникот за приоритетните цели на Северна Македонија во рамки на претседавањето со ОБСЕ во 2023 година, разговараа за интензивирање на соработката со групата медитерански партнери особено дека руската агресија врз Украина и обременетото геополитичко опкружување уште повеќе ја истакнуваат важноста на Медитеранските партнери, како уникатен аранжман што го нуди ОБСЕ за размена на добри практики, дијалог и споделување искуства.
„ Во Египет гледаме партнер во унапредувањето и спроведувањето на Медитеранската агенда на ОБСЕ и земја на која може да сметаме во справувањето со денешните и иднините глобални безбедносни предизвици“ рече Османи.
Министерот потенцира дека Мекедонија како земја која индиректно е поврзана со Медитеранот, има посебен интерес за интензивирање на соработката и комуникацијата со сите земји од Медитеранот.
„Токму на наша иницијатива, овогодинешната медитеранска конференција на ОБСЕ се одржа во Јордан, со што после седум години, оваа конференција повторно се врати кај медитеранските партнери“ рече Османи.
Соговорниците разменија мислења и за актуелните меѓународни прашања и безбедносните предизвици, како и за надворешно-политичките приоритети и состојби во непосредното опкружување на двете земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла
Времето денеска, променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до -1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 6 степени.
До понеделник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд.
Македонија
Без струја делови од скопски Аеродром, Сопиште, и Сарај
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска ( Четврок ) без електрична енергија ќе останат:
– од 08:00 – 09:00 часот, корисниците од бул.Јане Сандански бр.70 (Општина Аеродром )
– од 08:45 – 14:00 часот, дел од село Кондово, потрошувачите околу пругата и околу градинката. (општина Сарај)
– од 09:00 – 11:00 часот, корисниците од ул.14 Сопиште (Општина Сопиште )
– од 10:00 – 13:00 часот, корисниците пат за село Долно Лисиче после “Ливрам“ (Општина Аеродром).
Македонија
Намалена видливост поради магла на патот Неготино-Демир Капија
Намалена видливост поради магла до 100 метри има на патниот правец Неготино-Демир Капија, соопшти АМСМ.
За време на рехабилитација на државниот пат А2,секција од клучка Волково во должина од 250м во правец кон клучка Кондово поставена е сигнализација каде за сообраќај е затворена левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот се одвива по лентата за движење(средна) и лентата за принудно запирање(десна лента).
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Фото: депозитфотос

