Спорт
Дали реакцијата на Аргентинците беше оправдана? Холанѓаните едноставно претераа!
ФИФА потврди дека Аргентина и Холандија се под истрага за однесувањето во текот на нивниот меч од четврт-финалето од Светското првенство во Катар, со потенцијални казни за двете репрезентации, нешто што може повеќе да влијае на Аргентинците, кои ги очекува полуфинална пресметка со Хрватска.
Иако многумина беа шокирани од однесувањето на повеќето аргентински репрезентативци по крајот на мечот, посебно од Лео Меси, кој покрај тоа што имаше непријателски краток разговор со холандскиот селектор Луис ван Гал, исто така му довикуваше на Вут Вегхорст по крајот на мечот, снимките кои се „вртат“ на социјалните мрежи покажуваат какви провокации правеа фудбалерите на Холандија во текот на изведувањето на пенал-серијата.
Во главна улога беше фудбалерот на Интер, Дензел Дамфрис, кој заедно со Вегхорст ги провоцираа изведувачите на пенали, а и пред последниот пенал на Лаутаро Мартинез им се приклучи и холандскиот голман Андрис Ноперт, кој дури се поттурна со Лаутаро.
И покрај ваквото однесување, посебно на Дамфрис, кој доби и црвен картон на крајот на мечот, тој по мечот се смири со соиграчот од Интер, Дамфрис.
Dumfries and Weghorst were harassing every Argentina player before each penalty. pic.twitter.com/X53O4a02bM
— Crni Labud (@CrniiiLabud) December 10, 2022
Lautaro Martínez and Argentina are in the semi finals. 🇦🇷pic.twitter.com/jnqIVCyEBK
— Mundo Albiceleste 🇦🇷 (@MundoAlbicelest) December 11, 2022
Your GOAT Messi saying this to Weghorst:
“What are you looking at fool?”#FIFAWorldCup #Argentina #NetherlandsvsArgentina— NUFCTalk 🥇 (@Newcastle_FC) December 10, 2022
🫂 Essere INTERISTI oltre tutto 🖤💙#Lautaro #Dumfries #OlandaArgentina #Qatar2022 pic.twitter.com/hfsx87Mhue
— Radio Nerazzurra (@Rnerazzurrait) December 10, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Роџерс Мато има договор со Хартс
Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во челнот на Премиер лигата на Шкотска, Хартс.
Мато, во Хартс ќе се пресели како слободен играч, бидејќи договорот му истекува по завршувањето на сеозната. Трансферот на Мато го потврди шкотскиот клуб на официјалната интернет страница и социјалните мрежи.
Фудбалерот од Уганда со актуелниот лидер во Шкотска потпишал договор до јуни 2029 година.
Спорт
Мајкл Керик го презеде Манчестер Јунајтед
Неколку дена по оставката што му беше врачена на Рубен Аморим, Манчестер Јунајтед го објави неговиот наследник.
Како што беше објавено, клупата ќе ја преземе Мајкл Карик, кој ќе ги предводи „црвените ѓаволи“ во остатокот од сезоната.
„Мајкл Карик се врати. Нашиот поранешен капитен ќе биде наш главен тренер до крајот на сезоната 2025/26“, се вели во официјалното соопштение.
Карик одигра 464 натпревари за Јунајтед, освојувајќи пет титули во Премиер лигата, ФА Купот, два Лига Купа, Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Светското клупско првенство.
Тој се приклучи на првиот тим откако се пензионираше како играч во 2018 година и работеше под водство на Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер.
По заминувањето на Норвежанецот, Карик го водеше тимот како вршител на должноста менаџер.
Поранешниот англиски репрезентативец последен пат беше вработен во Мидлсбро, кој го водеше две и пол години, од октомври 2022 година.
Foto/ depositphoto
Спорт
Џабе го поврзуваат со Реал, Клоп нема намера да работи како тренер
Реал Мадрид, вчера го изненади фудбалскиот свет со одлуката, спогодбено да се раздели до тренерот Чаби Алонсо. Тимот го презеде, Алваро Арбелоа, тренер на Б-тимот на Реал.
Многу работи не се движеа во вистинска насока во Реал. Допрва работите ќе излегуваат на виделина, но јасно е дека Алонсо не само што ја немал поддршката од соблекувалната, туку исто така и клупските челници не биле на негова страна.
Флорентино Перез реши да се раздели со тренерот, откако Реал во неделата, доживеа пораз од Барселона, во Суперкупот на Шпанија.
Првиот човек на Реал, наводно сака да го донесе Јирген Клоп. Славниот Германец веќе 18 месеци не работи како тренер, тој е директор на фудбалските операции во Ред Бул.
„Тоа нема никаква врска со мене. Не барав работа и немам планови да се вратам на клупата таму“, изјавил Клоп и потврдил дека воопшто не му недостига тренерската работа.
„Не ми недостига стоењето на дожд, два и пол до три часа, не ми недостига одењето на прес-конференции три пати неделно, 12 интервјуа неделно, не ми недостига, не ми недостига. Не ми недостига да бидам во соблекувалната, успеав да одиграм околу 1080 натпревари, па многу бев во соблекувалната. Не сакам да умрам во соблекувалната затоа што не е убаво таму, смрди.“
„Можеби нешто ќе се случи, имам 58 години, би можел да донесам одлука за неколку години… Не знам. Дали треба денес да донесам одлука дека повеќе нема да бидам тренер? Фала му на Бога што не морам, можам само да видам што носи иднината. Сега сум во проект што навистина го сакам, сакам да го правам она што го правам токму сега“.
Foto/ depositphotos

