Свет
Поранешен австриски вицеканцелар: Русија не може да падне на колена, Европа е во опасна ситуација

Европа беше измамена со ветувањето дека Русија ќе падне на колена како последица на санкциите, всушност Европејците пред се си наштетија самите на себе, изјави поранешниот австриски вицеканцелар Хајнц-Кристијан Штрахе, пренесува „РИА Новости“.
„Поминавме низ многу во последно време, поминуваме низ санкциите што беа донесени и тие не доведоа во заблуда дека можеме да добиеме нешто со фрлање на Русија на колена. Тоа апсолутно не е така“, рече Штрахе на митинг во Виена.
Според поранешниот вицеканцелар, како резултат на антируските санкции, „сами си наштетуваме, Австрија си наштети себеси“.
„И гледаме дека цените на струјата и гасот, храната растат. Сè повеќе луѓе страдаат. Ова е прашање на социјална правда. Луѓето не знаат како ќе можат да се обезбедат во наредните месеци, а уште не сме ја достигнале границата.Многу експерти предупредуваат на заканата по развојот што ја забележавме годинава, како и дека во март-април ќе се соочиме со бран банкротства“, вели австрискиот политичар.
Штрахе ја нарече оваа ситуација „проклето опасна“ бидејќи ја загрозува благосостојбата и им ја одзема довербата на луѓето во иднината.
„Ова може да доведе до тензии во општеството, што ние не го сакаме и секој што носи политичка одговорност треба да го спречи тоа“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Црвен метеоаларм на Балканот, се очекуваат поројни дождови, грмежи и силен ветер

Балканот е зафатен од бран нестабилно време и на сила е црвен метеоаларм за поголемиот дел од регионот, предупредуваат метеоролозите.
Синоќа Истра беше погодена од силно невреме. Во Умаг и околината за само неколку часа наврнаа 100 литри дожд на квадратен метар, а град со големина на орев направи сериозни штети. Улиците беа поплавени, а надлежните предупредуваат дека нестабилноста ќе продолжи и во следните денови.
Србија, пак, е пред нов удар на невреме. Според најавите на РХМЗ, западните и југозападните делови на земјата, преку Шумадија и Поморавје, па сè до истокот, ќе бидат зафатени од поројни дождови, грмежи, локална појава на град и силни налети на ветер.
Во Босна и Херцеговина уште денес облачноста и врнежите ќе ја зафатат западната и југозападната област, а во петок речиси целата земја ќе биде под дожд и грмежи. Очекуваниот пад на температурите е за околу десет степени, што ќе донесе барем мало олеснување по горештините, но и зголемен ризик од поплави.
Метеоролозите предупредуваат дека во делови од регионот може да има краткотрајни поплави, штети од град и прекини во сообраќајот, а конкретни предупредувања за загрозените подрачја ќе се издаваат навремено.
Сепак, од недела се очекува стабилизирање на временските услови. Температурите на Балканот ќе се движат меѓу 22 и 28 степени, додека на југот на регионот повторно ќе се искачат до 31 °C.
Свет
Сопругата на Ердоган ја повика Меланија Трамп да се заложи за децата во Газа

Првата дама на Турција, Емине Ердоган, испрати писмо до сопругата на американскиот претседател, Меланија Трамп, во кое ја повикува да покаже еднакво сочувство за децата и цивилите во Појасот Газа, како што претходно покажа за жртвите од војната во Украина.
Ердоган во писмото бара од Меланија Трамп да стапи во контакт со премиерот на Израел и да се заложи за спас на децата во Газа.
„Верувам дека големата чувствителност што ја покажавте кон 648 украински деца ќе биде покажана и за Газа“, наведува Емине Ердоган, потсетувајќи дека во изминатите две години во Појасот Газа загинале повеќе од 62.000 цивили, од кои 18.000 деца.
Таа предупредува дека таму „не се случува само геноцид, туку и неправда во меѓународниот поредок, кој ги цени животите на некои луѓе повеќе од другите“.
„Како мајка, жена и човечко суштество, длабоко сочувствувам со емоциите што ги изразивте во вашето писмо. Се надевам дека ќе имате иста надеж за децата од Газа“, пишува сопругата на Ердоган.
Белата куќа засега не го коментирала писмото на турската прва дама.
Свет
Скандал во Белата куќа, Трамп наводно ја избркал Фон дер Лајен од состанокот

Германскиот десничарски канал „n-tv“ објави сензационални информации дека на 18 август, за време на состанокот со европските лидери во Белата куќа, американскиот претседател Доналд Трамп наводно ја замолил претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, да ја напушти просторијата.
Според пишувањата, Трамп наводно рекол дека сака „зрел разговор со важни луѓе“ и дека „разговара само со државни лидери“.
Како аргумент, тој наводно истакнал дека претседателот на Европската комисија не е државен лидер, туку институционален претставник, и затоа не припаѓа на најтесниот круг учесници на средбата.
Но, веднаш по објавата, Европската комисија остро реагираше. Заменик-портпаролката Аријана Подеста ги нарече тврдењата „целосно неточни“ и истакна дека фон дер Лајен учествувала во сите дискусии рамноправно со другите лидери.
„Видовме извештаи во кои се тврди дека претседателката фон дер Лајен ја напуштила просторијата за време на состанокот со претседателот на САД и претседателот на Украина. Тие извештаи се целосно лажни“, напиша Подеста на мрежата „Х“.
We have seen reporting which claims President @vonderleyen left the room temporarily during meetings with @POTUS and @ZelenskyyUA in DC on Monday.
These reports are completely false.
The President participated in all meetings, at all times, with the other European leaders.
— Arianna Podestà (@arianna_podesta) August 20, 2025
На состанокот во Белата куќа, покрај фон дер Лајен, учествуваа и претседателот на Украина Володимир Зеленски, британскиот премиер Кир Стармер, францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц, италијанската премиерка Џорџа Мелони, претседателот на Финска Александар Стуб и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.