Контакт

Свет

Борел: Помагајќи и на Украина, ЕУ ги исцрпи своите воени резерви

Објавено пред

Џосеф Борел, денеска предупреди дека Европската унија со снабдувањето на Украина со оружје ги исцрпила нејзините воени резерви.

dobivaj vesti na viber

„Оваа војна беше и повик за будење за сите нас во однос на нашите воени способности. И дававме оружје на Украина, а потоа сфативме дека нашите воени резерви се исцрпени“, напиша Борел на својот неделен блог, пренесе ТАСС.

Свет

Кина отвори истрага за увоз на свинско месо од ЕУ

Објавено пред

Кина денеска објави истрага за увоз на свинско месо и производи од свинско месо од Европската унија по поплаките на домашните производители дека се продаваат по вештачко ниски цени.

dobivaj vesti na viber

Истрагата ќе опфати свинско месо наменето за човечка исхрана, како што се свежи, ладни и замрзнати парчиња свинско месо и свински црева, желудник, а ќе започне на 17 јуни на барање на Кинеската асоцијација за сточарство, соопшти Министерството за трговија.

Надлежниот државен орган мора да го заврши во рок од една година, со можност за продолжување за дополнителни шест месеци доколку има потреба, посочуваат од министерството.

На крајот на минатиот месец, весникот Глобал тајмс објави, цитирајќи деловни извори, дека кинеските производители планираат да побараат истрага за увоз на некои свински производи од ЕУ, тврдејќи дека тие се продаваат по вештачко ниски цени.

Весникот во четвртокот објави на платформата X, повикувајќи се на „инсајдерски“ информации, дека компаниите официјално побарале истрага, без да прецизираат кои производи треба да ги опфати. Не ги наведоа ниту фирмите кои го поднеле барањето.

Прикажи повеќе...

Свет

Во Турција речиси 16.000 луѓе повредени при колење жртвени животни за Рамазан-бајрам

Објавено пред

Турскиот министер за здравство ,Фахретин Коџа, денеска изјави дека речиси 16.000 луѓе во Турција се повредени за време на колењето на жртвените животни за време на исламскиот празник Курбан-бајрам.

dobivaj vesti na viber

Тој на мрежата Х напиша дека 1.274 лица се пријавиле во медицинските установи во Анкара, 840 во Истанбул и 416 во Измир поради повреди добиени при колење жртвени животни.

Коџа изјави дека овие повреди настанале затоа што „животните не се колат од професионалци“.

„Ги советуваме граѓаните да внимаваат на ова. Приближно 16.000 луѓе од првиот ден нема да може да уживаат во празникот колку што сакаат“, предупреди Коџа.

Одбележувањето на четиридневниот исламски празник Курбан-бајрам почна вчера.

Прикажи повеќе...

Европа

Русија: Договараме размена на затвореници со Америка

Објавено пред

Кремљ денеска соопшти дека се остварени контакти со САД за можна размена на затвореници во која би бил и Еван Гершкович, известувач на Wall Street Journal, но дека медиумите не треба да добиваат дополнителни детали за нив.

dobivaj vesti na viber

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, го цитираше рускиот претседател Владимир Путин како рекол на состанокот со уредниците на меѓународните новински агенции претходно овој месец дека Русија и САД биле во контакт по ова прашање.

„Сакам повторно да ве потсетам на разговорот на претседателот со шефовите на новинските агенции во Санкт Петербург, тој потврди дека има такви контакти. Тие продолжуваат, но треба да продолжат во целосна тишина. Затоа, никакви соопштенија, изјави или информации, за ова прашање не можат да бидат дадени“, рече Песков.

На прашањето зошто судењето на Гершкович за шпионажа се одвива зад затворени врати, Песков рече дека не може да коментира за такви работи бидејќи тоа е судска одлука. „Тоа е одлука на судот. Не можеме да го коментираме тоа“, рече тој.

Гершкович (32) беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ) на 29 март 2023 година во уралскиот град Екатеринбург, 1.400 километри источно од Москва, под обвинение за шпионажа што носи до 20 години затвор.

Гершкович, првиот американски новинар кој беше приведен под обвинение за шпионажа од крајот на Студената војна пред повеќе од три децении, постојано ги негираше обвинувањата.

Прикажи повеќе...

Најново

Култура3 часа

Љутков: Мораме да ја вратиме националната култура и да ги направиме работниците во културата повторно горди на својата професија

„По предлог на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Централниот и Извршниот комитет донесоа одлука со која сум предложен за министер...

Македонија3 часа

Миле Јанакиески од денеска на слобода, по шест години излегува од затвор

По шест години во затвор, на слобода излегува Миле Јанакиески. Тој во периодот од 13.11.2018 година до 17.6 2024 неколкупати...

Македонија4 часа

Мисајловски: Силно ќе се заложам за модернизација на Армијата и засилување на борбената готовност

Сакам да се заблагодарам пред сѐ на нашиот македонски народ за огромната поддршка што ни ја даде на изборите за...

Свет4 часа

Најмалку 13 загинати во судир на воз во Индија

Најмалку 13 лица загинаа во судир на патнички и товарен воз во источната индиска држава Западен Бенгал, соопшти денеска полицијата....

Македонија4 часа

Николоски по предложувањето за министер: Како што го кренавме ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја кренеме и Македонија

Би сакал да му се заблагодарам на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден Претседател на Владата Христијан Мицкоски за укажаната доверба...

Регион5 часа

За една недела тројца исчезнати туристи пронајдени мртви на грчките острови

За само една недела тројца исчезнати туристи се пронајдени мртви на грчките острови, јавија грчките медиуми. Турист од САД кој...

Македонија5 часа

Мицкоски за предлог-составот за влада: Имаме амбициозен план за реформи и проекти, чија реализација ќе почне од првиот ден

Мандатарот за состав на влада, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа по седниците на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ...

Свет5 часа

Јенс Столтенберг: НАТО размислува да стави нуклеарно оружје во состојба на готовност

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека имало консултации меѓу членките на Алијансата за отстранување на нуклеарното оружје од...

Македонија15 часа

Тошковски по предлогот да биде министер: Ја прифаќам одлуката која за мене е голема одговорност и обврска кон сите вас

Досегашниот министер за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски, е предлогот за истата оваа функција во новата влада. „Вечерва...

Македонија16 часа

Мицкоски ги соопшти петнаесетте предлози со имињата на министри во неговата влада

Мандатарот за состав на влада и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес-конференција ги соопшти имињата за кадровските решенија во...

Македонија18 часа

Извршниот и централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ заседаваат за кадровскиот состав од партијата

Извршниот и централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска заседаваат за кадровскиот состав од партијата за владата што ќе го предложи мандатарот...

Европа21 час

Германската полиција уби навивач кој со секира влегол во фан-зоната на Европско првенство (ВИДЕО)

Германската полиција во Хамбург имаше полни раце работа. Во градот каде хрватската фудбалска репрезентација ќе го одигра следниот натпревар на...

Македонија22 часа

Силјановска-Давкова од Швајцарија: Тековната војна во Украина нè засега сите нас

Во обраќање на пленарната сесија на Самитот за мир во Украина, што викендов се одржува во Бургеншток на езерото Луцерн...

Европа23 часа

Четворица загинати во страшна сообраќајка во Грција, пожарникарите го сечеа возилото за да ги извадат телата (ВИДЕО)

Во сударот меѓу автобус и автомобил, што се случи денес наутро пред Токсотес Ксанти, на стариот национален пат Ксанти-Кавала во...

Регион1 ден

Црвен аларм за туристите на Јадранот: месојадни црви забележани на плажите во Будва, Црна Гора и во Италија

Месојадни црви се забележани на плажите во Будва, Црна Гора и во италијанските региони Сицилија, Калабрија и Апулија. За туристите...

Свет1 ден

Затворениците кои држеа затворски чувари како заложници во градот Ростов се убиени

Руските безбедносни сили влегоа во притворниот центар на југот на Русија и ликвидираа шест затвореници кои ги држеа двајцата затворски...

Свет1 ден

Затворениците вооружени со ножеви во руската област Ростов зеле двајца полицајци како заложници

Обвинети во истражниот центар во руската област Ростов зеле двајца полицајци како заложници, соопштија денеска руските власти, цитирани од британските...

Македонија1 ден

Македонски концепт од Украина: Куќата на Крсте Петков-Мисирков ќе добие нова меморијална плоча на македонски јазик со македонско знаме

Делегација на политичката партија Македонски концепт, предводена од претседателот на партијата Петар Богојески и потпретседателот Самуел Наумовски-Викиус, остварија средба со...

Македонија1 ден

Тешки бетонски блокови пред паѓање висат од тераса спроти Владата, предупредува ЦУК

Тешки бетонски блокови пред паѓање висат од тераса и се опасност за минувачите по тротоарот на булеварот Илинден во ценатор...

Македонија1 ден

Радост, љубов, хармонија и мир посака Силјановска-Давкова по повод големиот муслимански празник Курбан бајрам

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник Курбан бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, Реис-ул-улема х....