Спорт
ПСЖ им нуди милиони на Рашфорд и Белингем

Репрезентацијата на Англија во четвртфиналето испадна од Светското првенство во Катар по поразот од Франција со 2-1. Неколку репрезентативци оставија одличен впечаток, што само ги подгреа гласините за трансфери во најголемите и најбогатите клубови. Така различни медиуми пишуваат дека ПСЖ е многу заинтересиран за младите англиски ѕвезди, Џуд Белингем и Маркус Рашфорд.
ПСЖ, како што пишува „Ел Насионал“, се подготвени да платат 120 милиони евра, колку што бара Борусија Дортмунд за Белингем. Овој 19.годишник е еден од најбараните играчи на пазарот. Белингме најчесто се поврзува со Ливерпул и Реал Мадрид. ПСЖ може да му понуди најголема плата, но прашање е дали парите ќе бидат првата опција кога Белингем ќе решава за својата иднина.
Од друга страна, Рашфорд, по завршувањето на сезоната ќе биде слободен играч. „Мирор“, тврди дека ПСЖ подготвиле неделна плата од 850.000 фунти (1.000.000 евра). Во Париз се сигурни дека ниту еден клуб не може да му понуди толку пари на 25. годишниот напаѓач.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Наполи и Хојлунд постигнаа договор, на потег е Манчестер јунајтед

Расмус Хојлунд еден од непожелните играчи во системот на менаџерот Рубен Аморим е чекор поблиску до новиот клуб. До крајот на преодниот рок, Данецот, ќе го засили Наполи. Италијанскиот шампион мораше да реагира на пазарот откако се повреди Ромалу Лукаку.
Вчера, како што објавија италијанските медиуми, Наполи ги заврши клучните преговори. Со фудбалерот клубот го договорил должината на договорот и платата.
Манчестер јунајтед е информиран за сè, па трансферот е многу блиску до реализација. „Црвените ѓаволи“ нема да прават проблем бидејќи Хојлунд не е во плановите на менаџерот Аморим.
Хојлунд по две сезони ќе се врати во Серија А. Претходно го носеше дресот на Аталанта.
Спорт
Продолжува доминацијата на Маркез – Шпанецот ја освои пол-позицијата во Унгарија

Осумкратниот светски шампион Марк Маркез беше најбрз во квалификациите на патеката Балатон Парк во рамките на трката за Големата награда на Унгарија.
Марк Маркез ја продолжи доминацијата во „кралската класа“, во шест наврати го направи најбрзиот круг, а пол-позцијата ја освои со време 1:36.518.
Првиот ред, заедно со 32-годишникот од Сервера го комплетираа Италијанците Марко Бецеки (Априлија) и Фабио ди Џанантонио (ВР46).
Во третата минута од втората квалификациска рунда, Шпанецот Педро Акоста (Ред Бул) излета од патеката и не можеше да продолжи со натпреварувањето. Мотоциклот на 21-годишникот стана неупотреблив.
Енеа Бастијанини (Ред Бул), Франко Морбидели (ВР46) и Фабио Квартараро (Јамаха) ќе стартуваат од вториот ред, а Педро Акоста, Фермин Алдегер (Гресини) и Лука Марини (Хонда) од третиот.
Иако помладиот брат на Маркез, Алекс, го имаше 11-то најбрзо време во квалификациите, возачот на Гресини беше префрлен на 14-та позиција бидејќи, ден претходно заработи казна од три позиции поради блокирањето на Франческо Бањаја.
Тимскиот колега на Маркез од фабричкиот тим на Дукати, Франческо Бањаја, не успеа да ја помине првата квалификациска сесија.
Италијанецот, кој освои две титули по ред во елитното натпреварување, ќе стартува од 17-та позиција.
Foto/ EPA/Tamas Vasvari
Спорт
Заем со право на откуп – Родриго ќе заврши во Тотенхем

Според британските и шпанските медиуми, Тотенхем е блиску до договор со Реал Мадрид за позајмицата на Родриго.
На „Сантијаго Бернабеу“ го прифатиле моделот на позајмица со можност за откуп, а останува да се договори кој колку од платата ќе покрие и согласноста на играчот.
Клубовите се во постојан контакт за позајмица со опција за откуп, а Арсенал, Ливерпул и Манчестер сити претходно покажаа интерес за Бразилецот.
Родриго е во втор план кај новиот тренер Чаби Алонсо што отвори простор за излезен трансфер.
Како што се приближува крајот на преодниот рок, се очекува преговорите да се забрзаат, а исходот ќе зависи од условите на позајмицата и одлуката на самиот играч.
Според „Tрансфермаркт“, Родриго вреди 90 милиони евра. Тој е бразилски репрезентативец и има 24 години.
Foto/ EPA/Mariscal