Македонија
(Видео) 2023 ќе биде година на градежна офанзива во општините каде градоначалниците се од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните изминативе 2 викенда ги креираше буџетите на општините за 2023 година, истакна на денешната прес-конференција, Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ иновира. ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните гради модерни и светски општини во кои ќе создаваме подобра иднина за сите граѓани“, додаде тој.
„Со акцијата „Биди дел од промените што носат иднина” и преку интернет порталот budzet.mk овие две недели беа собрани 2092 идеи за над 40 општини каде што градоначалници се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Овие идеи и проекти ќе бидат сериозно разгледани од стручни и професионални тимови. Сите реални проекти и идеи ќе бидат инкорпорирани во програмите и буџетите на општините за наредната календарска година“, дополни Томовски.
Според него, 2023та ќе биде година на градежна офанзива, година на културата и спортот, година за животната средина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево во 16 часот и 14 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, 39 км западно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.7.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово, Гостивар и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
МНР: Амбасадата во Прага е во координација со семејството на Чифлиганец за пренeсување на телото во Македонија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека на 2 август 2025 година, до македонската амбасада во Прага била доставена информација за тешка сообраќајна несреќа во која бил повреден македонскиот државјанин Душко Чифлиганец. Тој управувал мотор кога дошло до незгодата, по што со тешки повреди бил пренесен во болница.
На 3 август, семејството го известило дипломатско-конзуларното претставништво дека Чифлиганец им подлегнал на повредите.
Како што соопштија од МНР, Амбасадата во Прага е во континуирана комуникација со семејството со цел завршување на сите неопходни формалности и организација за пренос на телото во Македонија.
Македонија
Изгаснат пожарот кај Липково, гори на две локации

До 12 часот активни се два пожари на отворен простор, еден пожар е под контрола, а еден е изгаснат.
Активните пожари се наоѓаат во село Богомила во општина Чашка, каде гори мешана шума, како и во село Грешница во општина Македонски Брод, во деградирана нискостеблеста шума, соопшти ЦУК.
Пожарот кој е под контрола е во село Стровија во општина Долнени, зад местото викано Гајдарец-Клепало, во нискостеблеста шума.
Пожарот што е изгаснат се наоѓа во село Слупчане во општина Липково, каде горела ниска вегетација.