Спорт
Јунајтед ќе ги активира клаузулите во договорите на петмина фудбалери

Манчестер јунајтед ќе ги активира клаузулите во договорите на петмина фудбалери и ќе ги продолжи нивните договори. Договорите на Давид де Хеа, Маркус Рашфорд, Диого Дало, Лук Шо и Фред, истекуваат за шест месеци.
Менаџерот, Ерик Тен Хаг, потврди дека овие играчи ќе останат на „Олд Трафорд“, уште една сезона, бидејќи клубот ќе ги активира клаузулите во нивните договор.
„Со нив разговараме за продолжување на соработката, во позиција во која можеме да ги контролираме работите, бидејќи сите тие играчи имаат опции да ги продолжат договорите на една година“, изјави Холанѓанецот.
Најголем интерес постои за Маркус Рашфорд, доколку тој стане слободен играч. ПСЖ не го крие интересот за него, наводно веќе подготвиле за него неделна плата од 1.000.000 евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Хаотичен спринт во Мајами, трката почна и заврши со безбедносното возило

Победник на хаотичниот спринт во Мајами е возачот на Мекларен, Ландо Норис. На второто место се пласираше Оскар Пјастри во вториот Мекларен, пред Луис Хамилтон во Ферари.
Стартот беше одложен за речиси половина час откако Мајами беше погоден од силен пороен дожд што остави многу вода на патеката.
Уште пред стартот, Шарл Леклер удрил во заштитниот ѕид и го оштети автомобилот, а стартот беше одложен за 30 минути. По два круга зад безбедносното возило, спринтот конечно започна.
Charles Leclerc hits the wall!! 😱
With rain falling heavily, Leclerc sustains heavy damage on his way to the grid after contact with the wall#F1 #F1Sprint #MiamiGP pic.twitter.com/XGiaxPPuBq
— Formula 1 (@F1) May 3, 2025
Кими Антонели ја загуби првата позиција во првиот свиок. Оскар Пјастри нападна агресивно, практично принудувајќи го Антонели да помине широко, па освојувачот на пол-позицијата веќе беше зад двата Мекларена и Макс Ферстапен.
Во 13-от круг возачите почнаа да влегуваат во боксот за да менуваат гуми.
Прво, Ферстапен го удри Антонели при излегување од местото за менување гуми, поради што беше и казнет, а остана и без предно крило. Ферстапен беше казнет со 10 секунди.
Лиам Лосон направи грешка и таа грешка го чинеше Фернандо Алонсо, кој оштети својот автомобил. Карлос Саинц остана без тркало…
Општиот хаос во Мајами го дополни Пјастри кој пресече дел од патеката во 13-от круг, направи грешка и на крајот го загуби првото место во борбата со својот клупски колега Ландо Норис.
Како што започна, со безбедносно возило, спринтерската трка заврши поради остатоци на патеката.
Четвртото место му припадна на Албон, петтото на Расел.
Строл се најде на седмото место, а по него следуваа Лосон, Берман, Цунода кој стартуваше од последното место и Антонели.
Макс Ферстапен беше четврти, но поради казната заврши последен, 17-ти.
Квалификациите за трката во недела се закажани за 22 часот.
Спорт
Вардар ја продолжи серијата без пораз, во Чаир го победи Шкупи

Фото/ facebookFKVardarSkopje
Фудбалерите на Вардар во Чаир го победија Шкупи со 2:0, во првиот натпревар од 30.коло во Првата македонска фудбалска лига.
Вардар под водство на Гоце Седлоски (доби црвен картон во првото полувреме) ја продолжи пролтената ренесанса, најтрофејниот македонски клуб нема пораз на последните 14 натпревари, а успеа по пауза од шест години да победи на теренот на Шкупи.
Головите за Вардар ги постигнаа Роџерс Мато во 45. минута и Мислав Матиќ во 70. минута.
Вардар сега се наоѓа на шестото место на табелата со 38 бода и веројатно до крајот на сезоната ќе успее да го мине Гостивар кој сега е петти.
Спорт
Динамо победи во Сплит, по седум месеци повторно е лидер во Хрватска

Динамо го победи Хајдук во Сплит во најголемото хрватско дерби со 1:3 и со тоа го презеде врвот на табелата.
Динамо поведе во 51-та минута со голот на Ронаел Пјер-Габриел, но само пет минути подоцна Марко Ливаја израмни. Сандро Куленовиќ постигна гол со глава во 64-та минута по асистенција на Марко Пјаца, додека Петар Сучиќ ја потврди победата во 102-та
минута.
Со оваа победа, Динамо го зголемија своето бодовно салдо на 58 и ги прескокнаа Хајдук и Риека, кои имаат по 56 . Риека има натпревар помалку, па може да го врати првото место со евентуална победа против Горица во недела.
За Динамо целиот натпревар го одигра Стефан Ристовски, додека Александар Трајковски во дресот на Хајдук настапи од 83-та минута.