Регион
Столтенберг за тензиите помеѓу Белград и Приштина: Нашите сили се подготвени, ја следат ситуацијата многу внимателно

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, коментирајќи ги тензиите на Косово, испрати јасна порака до двете страни.
Имено, тој за француската телевизија „Франс 24“, на прашањето колку е загрижен за последните настани на Косово, одговори дека неговата порака до двете страни е да се воздржат од изјави кои придонесуваат за ескалација на конфликтот и потези, а да помогне во намалувањето на тензиите.
NATO SG Jens Stoltenberg @FRANCE24: “I’m confident all NATO allies, including Turkey, will ratify the membership of Finland and Sweden. I won’t speculate when. It’s already inconceivable that if there were Russian atttacks on them, NATO won’t react.”
▶️https://t.co/1p0tvd5aEG pic.twitter.com/tIFSVk8yyb— Marc Perelman (@mperelman) December 13, 2022
„НАТО е многу фокусиран на прашањето за Косово, како и за Западен Балкан. Имаме долга историја, помогнавме да се стави крај на две етнички војни, прво во Босна и Херцеговина, а подоцна и во Косово. Нашите сили се’ уште се присутни таму преку КФОР кој има речиси 4.000 членови и е клучен фактор за стабилизирање на регионот и ситуацијата“, рече генералниот секретар на НАТО.
„Нашите сили се подготвени, способни и внимателни. Тие ја следат ситуацијата многу внимателно. Силите на НАТО и ЕУ тесно соработуваат. Моето барање до сите страни е да се воздржат од реторика што придонесува за ескалација на конфликтот и да помогнат во намалувањето на тензии“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.