Македонија
Герасимовски: Нова урбана опрема и зеленило на повеќе локации во Општина Центар

Изминатиот период Општина Центар постави нова урбана опрема, канти за отпадоци и паркинзи за велосипеди на повеќе локации во сите населби во општината.
„Старите клупи, оштетените канти за отпадоци и паркинзи за велосипеди ги заменивме со нови, изработени со материјали со висок квалитет. Досега, поставени се вкупно 37 нови клупи, 51 канта за отпадоци и 39 нови локери, односно паркинзи за велосипеди“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
Покрај новата урбана опрема, општинските служби го обновија исушеното зеленило на неколку локации во околината на ТЦ „Буњаковец“, Дебар Маало, Сквер Јадран и населбата Капиштец.
Посадени се шест јавори на улица „Партизанска“, на Сквер Јадран засадени се вкупно 23 дрва од видот јапонска цреша и 3 индиски јорговани. На улиците „Владимир Полежиновски“ и „Киро Крстевски Платник“ засадени се 15 јавори. На улицата „Радњанска“ (Боемска 2), Орце Николов и Скверот Буњаковец е обновено зеленилото и засадени се околу 200 нискостеблести и грмушести растенија, кои освен што ќе ги разубават улиците, придонесуваат и кон заштитата на животната средина и прочистувањето на воздухот.
Општина Центар и градоначалникот Герасимовски упатуваат апел до граѓаните одговорно да се однесуваат кон урбаното зеленило, новата урбана опрема, да не ја кршат и оштетуваат, затоа што урбаната опрема и зеленилото се јавно добро и ни служат на сите граѓани кои живеат или транзитираат низ општината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ѓорѓиевски и Тошковски на пешачење во Градски парк: секој чекор е здравје

Градскиот парк денеска беше изборот на градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Двајцата утрото го започнаа со пешачење низ алеите на паркот, во спортска опрема и ведро расположение.
„Најубаво е денот да започне со утринско пешачење низ Градскиот парк, свеж воздух, мир и позитивна енергија. Секој чекор е здравје, секој здив е нова сила. Започни го денот со природа, а денот ќе ти врати со радост“, напиша Ѓорѓиевски во својата објава на социјалните мрежи.
Македонија
За влез и излез од државава на граничните премини се чека до 15 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез и излез е околу 10-15 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Свежо утро, а преку ден до 33 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.
До средината на следната седмица ќе преовладува претежно стабилно време со дневни температури малку под просекот за овој период од годината. Потоа времето ќе биде сончево и потопло со пораст на дневната температура.