Црна хроника
Италијанци затекнати при нелегален лов на Шар Планина

Вчера во Националниот парк „Шар Планина“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Маздрача ги лишиле од слобода А.Н.(59) од с.Градец, гостиварско, Д.А.(55), Г.Б.(36) и Д.Р.(18), тројцата од Италија, поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „незаконит лов“.
„При извршен преглед, кај Д.А. била пронајдена ловечка пушка „Бернардели “ и 20 патрони муниција, а кај Г.Б. била пронајдена ловечка пушка „Бетинсоли“ и 21 патрони муниција, за кои не поседувале документи. Лицата биле предадени на полициски службеници во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.