Црна хроника
Лажен доктор во Вевчани, кривична пријава за маж осомничен за надрилекарство и измама

33-годишен жител од село Вевчани, се сомничи за измама, надрилекарство и фалсификување на исправа, соопшти полицијата.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднела кривична пријава против И.К.(33) од село Вевчани поради основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување на исправа“, „измама“ и „надрилекарство“.
Пријавениот изготвил три лажни исправи, фалсификат уверение за положени испити при Факултет за медицински науки при Универзитет „Гоце Делчев“- Штип, лиценца издадена од Лекарска Комора на РСМ и Уверение од Лекарска комора и ги употребил за вработување на работно место лекар во ЈЗУ Здравствен дом Вевчани.
Делото го сторил во два наврати и кога за прв пат аплицирал за работа на јавен оглас од 05.09.2016 година, но не бил селектиран како кандидат за вработување и со аплицирањето од 04.10.2018 година, кога бил селектиран и вработен со Договор за вработување од 26.11.2018 година со одлука на Директорот на ЈЗУ Здравствен дом Вевчани.
Пријавениот, по основ на договорот за вработување во периодот од 26.11.2018 до 19.10.2022 и претходно од 03.10.2016 до 26.11.2018, со склучени договори за дело, обавувал работни задачи на работно место – доктор на медицина, со што го нарушил угледот на болницата и ги оштетил буџетот на болницата и буџетот на РСМ, а за себе прибавил материјална корист во износ од околу 3.507.208 денари, информира полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Згаснаа животите на две девојчиња од Кичевско, се возеле со четирицикл и излетале од патот

Синоќа на локален пат во селото Колибари, Кичевско, се случи трагична несреќа со четирицикл.
15-годишно девојче од Колибари, управувајќи го возилото, изгубило контрола и излетало од коловозот. На местото на несреќата починале таа и нејзината малолетна сопатничка од село Грешница.
Лекар ја констатирал смртта, а по наредба на јавен обвинител телата биле дадени на обдукција. На местото бил извршен увид.
Топ
МВР трага по возач кој со автомобил удри во девојчиња на тротинет и побегна од местото на несреќата

Вчера во Скопје, на улицата Васил Ѓорѓов, се случи сообраќајна несреќа помеѓу „фолксваген голф“ и електричен тротинет управуван од 13-годишно девојче.
Возачот на автомобилот по несреќата го напуштил местото на настанот. Малолетничката се здобила со тешки повреди, додека нејзината 12-годишна сопатничка добила телесни повреди.
Двете се пренесени во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Полицијата изврши увид и презема интензивни мерки за пронаоѓање на возачот и расчистување на случајот.
Црна хроника
Маж од Ресен менувал дел на трактор кога машината почнала да се движи наназад – скокнал, но добил тешки повреди

Вчера во Ресен се случи несреќа во дворот на една куќа.
Шеесет и тригодишниот Е.З. додека менувал дел на својот трактор „Фергусон“, машината ненадејно почнала да се движи наназад. За среќа, успеал да скокне, но тракторот се превртел и тој се здобил со тешки повреди.
Итно бил пренесен во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде му била укажана лекарска помош. Се работи на расчистување на околностите околу несреќата.