Македонија
Јаневски: ЈСП и Арсовска намерно не им го исплаќаа долгот на приватните превозници за да може Градот да го раскине договорот и да распише нов повик
Најпрво сакам да поставам две прашања до секретарот на градот да договори, бидејќи тој изјави дека не можеле моментално да ни достават информација на писмено заради тоа што во ЈСП се правело ревизија, кој ја прави таа ревизија, дали е внатрешна ревизија, дали е надворешна ревизија и второ зошто уште кога пред два месеци побаравме информација тогаш немаше нели ревизија, зошто уште тогаш не ни се достави информацијата која што ја баравме за состојбите во ЈСП, вели Филип Јаневски советник во советот на Град Скопје од Глас за Македонија, коалиција на ВМРО-ДПМНЕ за Обнова на Македонија.
Јаневски ги демантираше изјавите на заменик градоначалникот Александар Трајановски кој изјави дека сакаат да воведат нов концепт на јавен превоз, нагласувајќи дека во тој нов концепт мора да се вклучени сите засегнати страни, како и дека намерно не е исплаќан долгот на приватните превозници за да може Град Скопје да го раскине договорот со приватните превозници бидејќи согласно член од договорот градот може да го раскине договорот доколку три дена последователно приватните превозници не го опслужуваат градот со јавен превоз.
„Околу останатите работи кои беа кажани на оваа говорница, беше кажано од заменик градоначалникот дека сакале да го сменат целиот концепт на јавниот превоз дека сакале да нема стари автобуси кои што немаат соодветни стандарди и Скопје да престане да биде град каде што јавниот превоз ќе го опслужуваат и приватни превозници. Меѓутоа тие да сакале тоа искрено да го направат, ќе го направеле на следниот начин, ќе најавеле дека ќе има реформа во јавниот превоз, ќе најавеле дека ќе има нов јавен повик со нови услови, со нов договор кој што ќе биде потпишан со приватните превозници, ќе разговарале со сите засегнати страни и ќе дојделе до заедничко прифатливо решение. Од август не е исплаќан долгот кон приватните превозници и намерно е направено тоа за приватните превозници да бидат приморани да штрајкуваат, за да се повикуваат од Градот Скопје на членот од договорот каде што влеат дека приватните превозници мораат да го опслужуваат јавниот превоз и ако не го прават тоа повеќе од три дена последователно ќе им биде раскинат договор. Се принудени да не го прават тоа и градот им го раскинува договорот. Ако навистина се сакало да се направи подобрување на градскиот превоз, нов и модерен концепт како што го нарекуваат, тогаш ќе имаме заеднички концепт осмислен од сите, и сите засегнати страни ќе бидат вклучени“, рече тој.
Но ние сега имаме јавен повик за само две автобуски линии и се бараат околу 40 автобуси. Што правиме ако оние приватни превозници кои се пријават на тој јавен повик имаат автобуси кои не се според најсовремените еколошки стандарди. Ќе ги одбиете, ќе го поништете јавниот повик за да најдете други, што ќе се случи тогаш бидејќи велите дека сакате нови автобуси, праша Јаневски.
Јаневски додаде дека барале информација за да ја утврдат фактичката состојба во сообраќајното претпријатие бидејќи од градот како што рече тој не знаат каде тераат бидејќи еднаш велат дека нема долг, друг ден велат дека има долг ама дека сакаат да се испитаат неправилностите, а сето тоа го трпат скопјани.
Уште од почетокот на овој проблем со приватните превозници и градскиот превоз вие велите дека нема долг кон приватните превозници, за само десет дена директорот на ЈСП во изјава за медиуми да каже долг постои, но ние преку ревизија ќе видиме дали имало некои неправилности во неговото пресметување. Е сега дали постои или не? И од таму е нашето барање за информација, да отидеме во ЈСП, а впрочем и директорот не покани на увид во целата документација за да ја утврдиме целата фактичка состојба бидејќи едно зборите денес, друго зборите утре, и не знаете каде терате, а сето тоа го трпиме ние граѓаните, нагласи Јаневски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика
Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, истата да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика.
Истовремено, се препорачува одложување на сите патувања кон Мексико кои не се од итен и неопходен карактер.
„Министерството ги става на располагање сите свои капацитети за асистенција на државјаните на Република Северна Македонија, преку 24-часовниот СОС дежурен телефон: +389 75 268 736, електронската адреса: [email protected], како и преку дежурниот телефонски број на Дипломатско-конзуларното претставништво на Република Северна Македонија во Вашингтон: +1 (202) 758-7798 или на е-маил адресата: [email protected].
Министерството континуирано ја следи состојбата и навремено ќе ја информира јавноста“.
Македонија
Речиси 5.000 прекршоци регистрирани со „Безбеден град“ за една недела, најмногу за брзо возење
Во периодот од 16 до 22 февруари 2026 година, преку системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и коридорите каде што се поставени камери, регистрирани се вкупно 4.910 сообраќајни прекршоци.
Најголем дел од прекршоците, односно 4.691, се однесуваат на управување возило со брзина поголема од дозволената. За минување на црвено светло евидентирани се 16 прекршоци, што претставува намалување од 51,5 отсто во споредба со претходната седмица, кога биле регистрирани 33 прекршоци. Во првата недела од месецот биле констатирани дури 163 прекршоци за минување на црвено светло, информира МВР.
За управување возило со измината важност на сообраќајната дозвола, констатирани се 203 прекршоци.
Во истиот период изречени се вкупно 117 мерки „забрана за управување со возило“, што е намалување од 20,9 отсто во однос на минатата седмица. Во првата недела од месецот биле изречени 288 вакви мерки.
Од вкупно 117 изречени мерки минатата седмица, 16 се за минување на црвено светло, а 101 за брзо возење. Од нив, 75 се за брзина поголема од 80 километри на час во населено место, 19 за надминување на дозволената брзина за повеќе од 10 километри на час, и седум за брзина поголема од 170 километри на час во ненаселено место.
Надлежните апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел заеднички да се придонесе кон побезбедни патишта.
Македонија
(Видео) Петрушевски: Местени тендери и аванси во Државната лотарија, Груби ќе се соочи со правдата
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција изјави дека време е за одговорност и дека поранешниот прв вицепремиер Артан Груби ќе се соочи со правдата.
„По година и пол бегство, денеска на граничниот премин Блаце уапсен е Артан Груби, поранешен прв вицепремиер и министер во владата на СДС и ДУИ“, изјави Петрушевски.
Тој рече дека Груби важи за олицетворение на криминалот и корупцијата предводена од СДСM и ДУИ и додаде дека конечно ќе се соочи со правдата.
Петрушевски посочи дека, криминалот на Груби достигнал минимум 500 милиони денари или над 8 милиони евра, а дека постојат индиции оти сумата може да надмине десетици милиони евра.
„Дополнителен криминал на Груби заедно со неговиот другар Бајрами, тогашен директор на Државната лотарија освен што местеле милионски тендери, е исплаќање на аванси на деловни соработници“, рече Петрушевски.
Тој обвини дека СДСМ знаела за милионскиот криминал, но молчела за да ја одржи коалицијата на власт.
Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека борбата против криминалот и корупцијата останува нивен приоритет и дека секој кој се огрешил пред законот, порано или подоцна ќе се соочи со правдата.

