Спорт
Во Париз полицијата спречи судири, но во Монпелје беше „жестоко“
Француската полиција тврдеше дека се преземени сите мерки за да се спречат конфликти помеѓу француските и мароканските навивачи за време на денешното полуфинале од СП во Катар, и иако во Париз, дополнителните 2.500 полицајци на терен спречија сериозни судири, во Монпелје ситуацијата беше малку поинаква.
На „Шан Елизе“ во Париз, беше присутно полициското присуство, и освен мал конфликт немаше поголеми проблеми со одржувањето на редот, но во јужниот град Монпелје, полицијата дозволи близок контакт на двете групи.
Мал инцидент имаше и во Брисел, Белгија, каде што мароканските навивачи натераа еден човек да го симне француското знаме од својот балкон.
+++ Et voilà @GDarmanin ! Ce qui devait arriver est arrivé ! Les racailles allogènes sont en train de tout saccager dans Montpellier, à peine le match France / Maroc terminé et la défaite du Maroc officielle. Que ces racailles soient renvoyées dans leur pays ! #Remigration ✈️ pic.twitter.com/L1ZK9QGqno
— Clovis Lutece (@ClovisLuteceFR) December 14, 2022
Première intervention des forces de l'ordre sur les Champs-Élysées alors que les supporters de l'équipe de France fêtent la victoire contre l'équipe du Maroc. Léger mouvement de foule. pic.twitter.com/sqZaKUqdc3
— AnthoZ (@AnthoDepe) December 14, 2022
La situation sur les Champs Elysées à Paris, où des centaines de supporters se sont rassemblés après le match France-Maroc.
Photo et vidéo: Arina Lebedeva / TASS pic.twitter.com/7jnmJ6m2rq
— Senior 🇫🇷 Старший француз (@patriot_senior) December 14, 2022
🚨It's France 02 Vs Morocco 00
Numerous riot police cars are seen in video from the Champs-Elysees in Paris, France, as reinforcements continue to move toward the city's centre due to police worries of clash between French and Moroccan supporters#MoroccoVsFrance pic.twitter.com/HBEFeu5k3A
— Ravi HTF (@raviagrawal3) December 14, 2022
BREAKING:
Riots have broken out in Brussels, Belgium following Morocco’s loss against France in the World Cup.
A French man was forced to remove a French flag from his balcony after Moroccan fans started throwing rocks at his windows.
Via: @sotiridi pic.twitter.com/yHHS39D61T
— Visegrád 24 (@visegrad24) December 14, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Рутинска победа на Реал кај Леганес
Фудбалерите на Реал го совладаа истоимениот домаќин со 3:0 (1:0) во мадридското предградие Леганес и се вратија на второто место на табелата во Примера.
Килијан Мбапе, по поодлго време одигра добар натпревар, го постигна првиот гол во 43. минута, а победата на Реал подоцна ја потврдија Федерико Валверде (66) и Џуд Белингем (85). Лука Модриќ влезе во игра во 83. минута на местото на Килијан Мбапе. Францускиот ас беше прогласен за играч на натпреварот.
Реал со деветтата сезонска победа стигна до 30 бода и повторно го зазеде второто место кое накратко беше минат од градскиот ривал Атлетико со 29 бода. Лидерот Барселона има 34 бодови, но и натпревар повеќе од Реал Мадрид.
Спорт
(Видео) Лукаку го реши „Дербито на сонцето“ – Наполи повторно е лидер во Серија А
Наполи ја победи Рома со 1:0 и се врати на челната позиција во Серија А. На дебито на Клаудио Раниери на клупата на Рома „Дербио на сонцето“ го реши екс-фудбалерот на римјаните, Ромелу Лукаку.
Лукаку, кој минатата сезона го носеше дресот на Рома, во 53.минута беше побрз од германскиот ветеран, Марс Хумелс и го постигна единствениот гол.
Наполи имаше повеќе од играта и тактички ја заслужи победата, но гостите од Рим создадоа неколку убави шанси за израмнување откако примија гол. Најдобрата пропуштија во 66. минута кога Украинецот Артем Довбик со глава ја погоди гредата.
По оваа победа, избраниците на Антонио Конте се вратија на врвот на табелата со 29 бодови, еден повеќе од Аталанта, Фиорентина и шампионот Интер.
На овој натпревар на клупата на Рома дебитираше Клаудио Раниери. Поточно, за 73-годишниот тренер ова е трет пат во кариерата да го преземе кормилото на „волчицата“. Тој го наследи Иван Јуриќ, кој беше заменет по поразот од Болоња со 2:3.
Рома моментално е на 12. место на табелата со 13 бодови. Во следното коло ја пречекува Аталанта, додека Наполи гостува во Торино.
Спорт
Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП
Кошаркарите на Босна и Херцеговина на крилата на навивачите ја совладаа Хрватска во четвртото коло од квалификациите за ЕП со 110:90. Надополнија минус од 13 бода од првиот меч и сега се многу блиску до пласман на ЕП. Во вториот натпревар од групата Франција лесно го совлада Кипар со 85:70.
Хрватите добро влегоа во натпреварот, му парираа на домаќинот и на полувреме имаа егал 50:50.
Нивната игра се распадна во вториот дел, поточно во третата летвртина, која БиХ ја доби со 33.13 и во решавачкиот период влезе со 20 поени предност.
Кај домашните најрасположен беше Кенан Камењаш со дабл-дабл учинок, односно 21 поен и 10 скока.
Го следеа Џанан Муса со 19 поени, три скока и пет асистенции, Александар Лазиќ (7ск) и Амар Алибеговиќ со по 18 поени, како и Амар Гегиќ со 16 поени, пет скока и четири асистенции и Един Атиќ со 12 поени. поени, пет скока и три асистенции.
Кај Хрватска се истакнаа Марио Хезоња со 28 поени, Лука Божиќ и Џелин Смит, имаа по 13.
Прва во групата е Франција со сите четири победи, по две имаат Босна и Херцеговина и Хрватска, додека Кипар е без победа.
БиХ сега има подобар скор од Хрватите бидејќи успеаја да надополнат -13 од Загреб.
Поради ова Хрватска е во сериозен проблем, бидејќи е во група со Кипар, кој како еден од домаќините на Евробаскетот автоматски обезбеди учество.
Тоа значи дека од групата Е на ЕП ќе се пласираа само две земји, а една од нив е Франција, која претходно во текот на денот обезбеди пласман.