Свет
Подарок што полски шеф на полицијата го добил во Украина, експлодирал во Варшава

Подарок што полскиот шеф на полицијата го доби за време на неодамнешната посета на Украина експлодира во седиштето на полицијата во Варшава. Полесно се повредени командирот и еден цивилен вработен, соопшти полското МВР.
Експлозијата се случила вчера околу 7.50 часот, соопшти Министерството, кое не прецизирало каков предмет како подарок добил командантот на полската полиција за време на работната посета на Украина, пренесува АП.
„Полска побара објаснување од украинската страна“
Командантот се сретна со водачите на украинската полиција и службите за итни случаи во неделата и во понеделникот, соопшти Министерството.
„Полска побара објаснување од украинската страна“, се вели во соопштението на полското Министерство за внатрешни работи.
Во соопштението објавено денеска се наведува дека полицискиот командир од вчера е во болница на опсервација, а последниот повреден цивил не е хоспитализиран бидејќи тоа не било потребно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израелската војска: Од Јемен е истрелана ракета кон Израел

Израелската војска во средата објави дека „најверојатно успешно пресретнала“ ракета истрелана од Јемен кон Израел.
Поради лансирањето на ракетата, прогласена е воздушна тревога во Хаифа и уште неколку места на северот на Израел. „Пресретнувачот е лансиран кон проектилот и веројатно успешно го пресретнал“, објави војската на Телеграм.
Од почетокот на војната во Газа, која започна со напад на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, Хутите во Јемен поддржани од Иран извршија десетици ракетни и беспилотни напади врз Израел.
Овие напади престанаа со прекинот на огнот кој стапи на сила на 19 јануари, но Хутите ги продолжија нападите откако Израел ја продолжи офанзивата врз Газа на 18 март.
Свет
(Видео) Шахта во Њујорк експлодира неколку секунди откако по неа помина жена со деца

Безбедносна камера во американскиот град Паукипси, Њујорк, снимила драматичен момент кога капак на шахта експлодирал неколку секунди откако покрај неа поминала жена со количка и две деца, објави Би-Би-Си.
На видеото се гледа како жена турка количка и држи дете за рака додека оди по улица. Во моментот кога се оддалечени само неколку чекори има силна експлозија и од земјата избива оган и чад.
Според соопштението на противпожарната служба во инцидентот нема повредени, но во неколку згради во блокот била откриена висока концентрација на јаглерод моноксид.
„Жителите од околните згради се евакуирани додека нивото на гас не се сведе на безбедно ниво“, соопштија пожарникарите.
Причината за експлозијата се уште не е официјално потврдена, но се сомнева дека има технички дефект во електричната или гасната инфраструктура под коловозот.
Свет
Објавен мистериозниот портрет на Трамп кој Путин му го подари на американскиот претседател

Американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен го објави портретот што рускиот претседател Владимир Путин му го испрати на подарок на американскиот претседател Доналд Трамп во март.
На него е претставен американскиот претседател по обидот за атентат, а автор на портретот е рускиот уметник Никас Сафронов.
Сликата го покажува Трамп со крената тупаница и траги од крв на лицето – потсетување на моментот на атентатот за време на настап во кампањата во Пенсилванија на 13 јули 2024 година.
Зад него се вее американско знаме, а во позадина се видливи Статуата на слободата и Менхетен во Њујорк.