Свет
Ердоган: Борел нема овластување за односите меѓу Русија и Турција

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска, одговарајќи на повикот на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Џозеф Борел, дека Турција се приклучува кон санкциите против Русија, изјави дека европскиот политичар нема овластување за односите меѓу Москва и Анкара.
Ердоган, по враќањето од средбата во Туркменистан, посочи дека Борел може да разговара со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу бидејќи тоа е неговото ниво, објави телевизискиот канал ТРТ, а пренесува руската агенција ТАС С.
„Борел не може да ги дефинира и официјализира односите на Турција со Русија, бидејќи тој нема ниту квалификации ниту способност да носи такви одлуки“, рече Ердоган,пренесе Танјуг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израелската војска: Од Јемен е истрелана ракета кон Израел

Израелската војска во средата објави дека „најверојатно успешно пресретнала“ ракета истрелана од Јемен кон Израел.
Поради лансирањето на ракетата, прогласена е воздушна тревога во Хаифа и уште неколку места на северот на Израел. „Пресретнувачот е лансиран кон проектилот и веројатно успешно го пресретнал“, објави војската на Телеграм.
Од почетокот на војната во Газа, која започна со напад на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, Хутите во Јемен поддржани од Иран извршија десетици ракетни и беспилотни напади врз Израел.
Овие напади престанаа со прекинот на огнот кој стапи на сила на 19 јануари, но Хутите ги продолжија нападите откако Израел ја продолжи офанзивата врз Газа на 18 март.
Свет
(Видео) Шахта во Њујорк експлодира неколку секунди откако по неа помина жена со деца

Безбедносна камера во американскиот град Паукипси, Њујорк, снимила драматичен момент кога капак на шахта експлодирал неколку секунди откако покрај неа поминала жена со количка и две деца, објави Би-Би-Си.
На видеото се гледа како жена турка количка и држи дете за рака додека оди по улица. Во моментот кога се оддалечени само неколку чекори има силна експлозија и од земјата избива оган и чад.
Според соопштението на противпожарната служба во инцидентот нема повредени, но во неколку згради во блокот била откриена висока концентрација на јаглерод моноксид.
„Жителите од околните згради се евакуирани додека нивото на гас не се сведе на безбедно ниво“, соопштија пожарникарите.
Причината за експлозијата се уште не е официјално потврдена, но се сомнева дека има технички дефект во електричната или гасната инфраструктура под коловозот.
Свет
Објавен мистериозниот портрет на Трамп кој Путин му го подари на американскиот претседател

Американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен го објави портретот што рускиот претседател Владимир Путин му го испрати на подарок на американскиот претседател Доналд Трамп во март.
На него е претставен американскиот претседател по обидот за атентат, а автор на портретот е рускиот уметник Никас Сафронов.
Сликата го покажува Трамп со крената тупаница и траги од крв на лицето – потсетување на моментот на атентатот за време на настап во кампањата во Пенсилванија на 13 јули 2024 година.
Зад него се вее американско знаме, а во позадина се видливи Статуата на слободата и Менхетен во Њујорк.