Македонија
Кузеска: Скандалозните закани на Мицкоски ја потврдуваат насилничката матрица на ВМРО-ДПМНЕ
Кавгите за тендери и за рацете во медот меѓу Мицкоски и Арсовска на површина извадија страшни и скандалозни закани и навреди, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на прес-конференција.
„’Од првиот момент кога ќе станам премиер, ќе те влечеме по улици’ и ‘Ќе го бришеме подот со тебе’“, вака, според Арсовска, се заканувал шпицниот градоначалник Мицкоски. ‘Арсовска да ѝ достави на јавноста релевантен лекарски доказ, од кој ќе се увиди дека таа е навистина психички здрава личност’“, врати ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата на Арсовска. „Наместо за граѓаните, наместо за проекти, граѓаните слушаат закани, навреди, едно ниско, разочарувачко ниво“, рече Кузеска.
Нагласи дека ова е само уште една потврда оти ВМРО-ДПМНЕ не е поместено ниту еден милиметар од, како што рече, насилничката матрица, која 11 години ги тероризира граѓаните и државата.
„Ако Мицкоски сега како шеф на опозициска партија се заканува на актуелен градоначалник, може да замислиме како тој ќе постапува ако по некоја случајност добие шанса да предводи централната власт. Ете што ги чека граѓаните со Мицкоски. Закани, насилство, навреди, влечење по улици, ништо добро. И додека Арсовска и Мицкоски меѓусебно се обвинуваат, се закануваат и се клеветат, СДСМ е тој што им ги решава проблемите на скопјани. Парното во Скопје веќе го презеде Владата на премиерот Ковачевски. Благодарение на одговорниот пристап на премиерот Димитар Ковачевски блокадите на скопските улици се отстранети и не се веќе на грбот на скопјани. Дадена е шанса преку дијалог да дојдат до решение. Граѓаните само во премиерот Ковачевски гледаат сериозен партнер и човек што се грижи за нив. Граѓаните, Скопје и скопјани не заслужуваат да бидат заложници на кавгите на Мицкоски и Арсовска“, рече Кузеска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

