Македонија
Маричиќ – Агелер: САД остануваат силни поддржувачи на нашиот европски пат и на реформите
Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, на средбата со амбасадорката на САД во земјата, Анџела Агелер, разговараше за соработката со САД како наш стратешки партнер во областите поврзани со европските реформи и за можностите за насочување и зајакнување на соработката во реализација на националните стратешки приоритети.
„Соединетите Американски Држави како наш стратешки партнер се силен сојузник и ние сме благодарни за континуираната политичка и економска помош. Од почетокот на 90-тите години САД ѝ помагаат на нашата земја во разни области со речиси 1 милијарда американски долари, што покажува стабилна континуирана посветеност на целокупниот развој на нашата земја“, истакна Маричиќ на почетокот на средбата.
Маричиќ и Агелер разговараа за областите во кои е потребно продолжување на поддршката од САД во насока на спроведување на европските реформи, пред сè, за кои Агелер рече дека може да сметаме на помош од САД во нивното спроведување.
„Досега се вложени големи напори и ресурси во клучните области на реформите, како што се образованието, правдата, јавната администрација и економијата, кои се од витално значење за постигнување на стратешките приоритети на Северна Македонија – членство во НАТО, кое веќе го остваривме, и полноправно членство во ЕУ, на кое посветено работиме“, посочи Маричиќ.
Експертскиот тим за санкции, кој работи на случаи на корупција на високи функционери против сегашни и поранешни функционери, потенцира дека ова особено се цени бидејќи борбата против корупцијата е еден од клучните приоритети во обезбедувањето европски стандарди.
Соговорниците ја истакнаа и поддршката, која преку проектни соработки се реализира со финансирање од УСАИД, посочувајќи дека стратешката рамка на УСАИД за Република Северна Македонија 2018-2020 обезбеди основа за плодна соработка насочена кон 4 главни резултати, поставени како цели за овој тригодишен период на соработка.
На состанокот беше истакната и новата стратегија за соработка за развој на земјата 2020-2025, која е фокусирана да обезбеди поддршка за промовирање просперитетна, добро управувана и стабилна Северна Македонија, посветена на евро-атлантската интеграција преку партнерството со УСАИД. Во овој контекст беше најавено дека е предвидено УСАИД да направи стратешка транзиција од програма донатор – примател кон програма, каде што улогата на УСАИД ќе биде каталитичка, при што ќе помогне да се воспостават партнерства предводени од земјата помеѓу приватниот сектор, Владата и граѓанското општество, со цел да ѝ се помогне на Северна Македонија да напредува.
Маричиќ и Агелер се согласија дека во време на воена и енергетска криза на континентот од исклучително значење е да се интензивира соработката помеѓу земјите во насока на обезбедување стабилност и услови за непречено спроведување на зацртаните реформи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тошковски по предлогот да биде министер: Ја прифаќам одлуката која за мене е голема одговорност и обврска кон сите вас
Досегашниот министер за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски, е предлогот за истата оваа функција во новата влада.
„Вечерва по предлог на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Извршниот и Централниот комитет донесоа одлука со која сум предложен за министер за внатрешни работи во новата Влада. Со огромна чест ја прифаќам оваа одлука, која за мене претставува голема одговорност и обврска кон сите вас“, напиша Тошковски.
Тој се заблагодари на Мицкоски, како и на сите членови на Извршниот и Централниот комитет за довербата и поддршката која му ја укажаа.
„Ветувам дека ќе работам неуморно за подобрување на условите за живот на сите граѓани и за обезбедување на безбедна, просперитетна и праведна Македонија, дополни Тошковски.
Македонија
Во вторник на 18 јуни до Собранието ќе биде доставен официјалниот список со членовите на новата влада
Во вторник на 18 јуни до Собранието ќе биде доставен официјалниот список на членовите на новата влада, а мандатарот Христијан Мицкоски вечерва рече дека гласањето за новата влада очекува да биде во текот на следниот викенд, 22-23 јуни.
Мандатарот за состав на влада и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва на прес-конференција ги соопшти имињата за кадровските решенија во новата влада од коалицијата „Твоја Македонија“, што вечерва беа потврдени од Извршниот и Централниот комитет на партијата.
Тој рече дека нивна работа е да се врати Македонија на народот и дека доаѓаат убави времиња за народот.
Тој ги соопшти имињата на новите министри во македонската Влада.
Министер за транспорт и потпретседател на Влада – Александар Николоски
Министер за одбрана – Владо Мисајловски
Министер за финансии – Гордана Димитриовска Кочоска
Министер за надворешни работи и надворешна трговија – Тимчо Муцунски
Министер за локална самоуправа – Златко Перински
Министер за информатичко општество и дигитална трансформација – Стефан Андоновски
Министер за спорт – Борко Ристовски
Министер за енергетика, рударство и минерални суровини – Сања Божиновска
Министер за земјоделие, шумарство и водостопанство – Цветан Трипуновски
Министер за култура и туризам – Зоран Љутков
Министер за внатрешни работи – Панче Тошковски
Министер за образование и наука- Весна Јаневска
Министер за политички систем – Љупчо Димовски
Министер задолжен за односи меѓу заедниците – Иван Стоилковиќ
Министер задолжен за интеграција и имплементација на Декадата на Ромите – Шабан Салиу
Мицкоски го доби мандатот од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на 6 јуни и има рок од 20 дена до Собранието да достави програма и предлог состав на владата.
Собранието закажува седницата за избор на нова влада во рок од 15 дена по добивање на предлогот, а расправата трае најмногу два дена.
Македонија
Мицкоски ги соопшти петнаесетте предлози со имињата на министри во неговата влада
Мандатарот за состав на влада и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес-конференција ги соопшти имињата за кадровските решенија во новата влада од коалицијата „Твоја Македонија“, што вечерва беа потврдени од Извршниот и Централниот комитет на партијата. Тој рече дека нивна работа е да се врати Македонија на народот и дека доаѓаат убави времиња за народот.
„Го немаме луксузот да не се успее, ниту пак да се прават репризи на минати владеења каде ќе се загуби врска со единствениот суверен, народот. Во овие луѓе кои ги предлагам имам голема надеж и не чека мнпогу работа. Мора да ги засукаме ракавите оти состојбите се очајни“, изјави Мицкоски.
Тој ги соопшти имињата на новите министри во македонската Влада.
Министер за транспорт и потпретседател на Влада – Александар Николоски
Министер за одбрана – Владо Мисајловски
Министер за финансии – Гордана Димитриовска Кочоска
Министер за надворешни работи и надворешна трговија – Тимчо Муцунски
Министер за локална самоуправа – Златко Перински
Министер за информатичко општество и дигитална трансформација – Стефан Андоновски
Министер за спорт – Борко Ристовски
Министер за енергетика, рударство и минерални суровини – Сања Божиновска
Министер за земјоделие, шумарство и водостопанство – Цветан Трипуновски
Министер за култура и туризам – Зоран Љутков
Министер за внатрешни работи – Панче Тошковски
Министер за образование и наука- Весна Јаневска
Министер за политички систем – Љупчо Димовски
Министер задолжен за односи меѓу заедниците – Иван Стоилковиќ
Министер задолжен за интеграција и имплементација на Декадата на Ромите – Шабан Салиу
Мицкоски на прес-конференцијата рече дека ќе биде тешко, но дека ако требало да биде лесно ќе бил некој друг, а не ВМРО-ДПМНЕ.