Контакт

Економија

PEUGEOT 9X8 – извонредност создадена за трка

Објавено пред

Во Bahrain при последната рунда на Светскиот шампионат на долги патеки на FIA 2022 година, PEUGEOT создаде видео во кое е возачот на тимот Peugeot TotalEnergies Gustavo Menezes, користејќи интересен трик за да го претстави својот нов слоган, „Allure Born to Race“ (Извонредност создадена за трка). Високо над меѓународната патека во Bahrain, американецот скокна со падобран од хеликоптер на полициската авијација на Министерството за внатрешни работи на Bahrain пред да слета на патеката и да замине со хиперавтомобилот 9X8 на PEUGEOT.

dobivaj vesti na viber

Stunt with MENEZES Gustavo (usa), Peugeot Sport 9X8 Hypercar, portrait during the 8 Hours of Bahrain 2022, 6th round of the 2022 FIA World Endurance Championship on the Bahrain International Circuit from November 9 to 12, 2022 in Sakhir, Bahrain – Photo Germain Hazard / DPPI

Ова му овозможи на Menezes да се препушти на неговите две главни страсти – мотоспортот и скокањето со падобран. „Кога го правиш она што го сакаш, ништо не може да те спречи!

За време на скокот, Jokke Sommer– вистинска легенда на небото – го сними ова извонредно видео. „Jokke е добар пријател и вистински професионалец, способен за такви луди скокови за какви што никогаш не би се обидел, и имам најголема почит за она што го прави. Тој е еден од најдобрите, па беше вистинска привилегија да можам да скокнам со него“, вели Menezes, професионален тркачки возач – кој се натпреварува во Team Peugeot TotalEnergies # 94 9X8 – и исто така сертифициран за скокање со падобран. Овде американецот ни зборува преку своето спектакуларно хоби исполнето со адреналин.

Gustavo, кога почна да се занимаваш со падобранство?

„Пред неколку години, се сеќавам дека ме погодија некои видеа што ги видов за скокање со падобран, кои навистина ме поттикнаа да пробам сам – не дека ми требаше многу охрабрување, да бидам фер! Од мојот прв скок во 2019 година, имав доволно среќа да учам од некои од најдобрите инструктори. Сум патувал низ целиот свет и скокнав со падобран над неверојатни места. Го сакам зуењето што Ви го дава скокањето со падобран; тоа е слично на чувството што го добивам кога тргнувам на квалификациски круг во 9X8“.

Како тркачки возач, Вашата цел е јасно да победите. Која е Вашата цел кога скокате со падобран?

„Во мојот професионален живот, да, мојата мотивација очигледно е секогаш да победувам. Тоа е и цел и најголема награда. Кога скокам со падобран, мојот омилен момент е излегувањето од авион или хеликоптер. Таа дел од секундата кога скокам, оставам сѐ останато зад себе. Точно е истото чувство и адреналинот зуи кога излетувам на трка со 9X8 на квалификации, што е врвен тест за необична брзина во тркачки автомобил. Целосно сте фокусирани на таа единствена цел – искористување на целосниот потенцијал на автомобилот со цел да се помине секоја последен илјадити дел од секунда. Тие се многу слични во тој поглед. Главната разлика во мојот случај е тоа што кога сум во автомобилот, јас сум во конкурентна средина, додека кога скокам со падобран, сѐ е до уживањето. Кога скокате со пријателите, имате визија за тоа како сакате да испадне и кога тоа ќе се оствари, се чувствувате многу задоволувачки“.

Тркачкиот возач очигледно треба да тренира, но како да се подготвите за скок со падобран?

„Како што би правеле за секоја спортска активност, земате лекции кои Ви овозможуваат да напредувате чекор по чекор. Дознавате за ветрот, распоредувањето на падобранот, како треба да го поставите телото и како да летате. Вежбате во тунел со ветер пред Вашиот прв вистински скок, сам, но поврзан преку радио во Вашата кацига со инструктор кој Ве води низ аспекти како што се надморска височина, аглите што треба да ги заземете и како да го отворите падобранот.

Колку долго трае скокот, а што е побрзо – слободно паѓање или забрзувањето на 9X8?

„Забрзувањето на 9X8 и брзината кога слободно паѓате се всушност прилично слични и ја достигнувате речиси истата максимална брзина. Времетраењето зависи од висината, што одредува колку време имате помеѓу напуштањето на авионот и распоредувањето на Вашиот падобран. Тоа може да варира од 30 секунди до една минута. Самиот скок бара интензивна концентрација, но кога ќе го отворите падобранот, сè одеднаш станува многу помирно. Способни сте да го погледнете песајжот и сè околу Вас додека спокојно лебдите надолу кон земјата“.

Дали е лесно да се најдат границите?

„Како спортист, секогаш ги истражувате границите. Се обидувате да го постигнете максимумот со притискање на неуспехот- тоа е белег на најдоброто. Овој трик докажува дека кога уживаш во тоа што го правиш, сѐ е можно…“

За PEUGEOT, Gustavo Menezes совршено ги отсликува клучните вредности и на брендот и на неговите клиенти: емоции и извонредност, поврзани со желбата да се додаде малку извонредност во секојдневниот живот.

Phil York, менаџер на PEUGEOT за маркетинг и комуникации, вели: „Кога првпат слушнав за овој трик, морам да признаам, мислев дека е малку луда идеја еден од нашите возачи да скокне од хеликоптер и да слета на тркачката патека, но исто така апсолутно ми се допадна! Филмот покажува како привлечноста е многу повеќе од само збор за PEUGEOT – тоа е вродено во ДНК на брендот. Сакаме да ги поместиме границите и да одиме малку подалеку, но во исто време сакаме да се забавуваме – и токму тоа го постигнавме со овој уникатен филм за моторспорт. Нашиот хиперавтомобил PEUGEOT 9X8 целосно ја одразува нашата филозофија на Allure Born to Race (Извонредност спремна за трка). Би сакал да му се заблагодарам на Gustavo Menezes за изведбата на овој прекрасен подвиг – тоа е идеален приказ за овој спој на возбуда и привлечност“.

Со цел успешно да се изведе акробацијата, поддршката и помошта на Светскиот шампионат на долги патеки на FIA, меѓународната патека во Bahrain, одделот за полициска авијација на Министерството за внатрешни работи на Bahrain, мајорот Abdulla Alabsi и Jokke Sommer беа непроценливи. Без нив ништо од тоа немаше да биде возможно. Peugeot и Team Peugeot TotalEnergies ја изразуваат својата искрена благодарност до сите нив.

ПР-текст

Економија

Божиновска во Прага: Македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Објавено пред

Делегација предводена од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна посета на чешкиот оператор на преносниот систем ČEPS, a.s., во Прага, во рамки на интензивната агенда за унапредување на институционалните капацитети и усогласување на македонскиот електроенергетски систем со европските стандарди.

dobivaj vesti na viber

Целта на посетата беше размена на искуства и добри практики, со посебен фокус на напредното оперативно и планско работење на ČEPS во услови на целосно интегриран европски енергетски пазар и строга регулаторна рамка. Во состав на делегацијата учествуваа и претставници на Македонскиот оператор на преносниот систем – МЕПСО, како клучен носител на стабилноста и развојот на националната преносна мрежа. Во рамки на работната посета беше остварена билатерална средба со Мартин Дурачак, претседател на Бордот на ČEPS.

Во рамки на посетата, делегацијата оствари увид во националниот диспечерски центар на Чешката Република, каде беа разгледани напредни решенија за управување и диспечирање на електроенергетскиот систем, употреба на алатки за работа во реално време, како и процесите на модернизација на контролни центри, SCADA/EMS системи и зајакнување на сајбер-безбедноста на критичната енергетска инфраструктура.

Посебен акцент беше ставен на долгорочното планирање на преносната мрежа, интеграцијата на обновливи извори на енергија и системи за складирање, како и на обезбедувањето флексибилност и стабилност на системот во услови на забрзана енергетска транзиција.

На средбата беше изразена заедничка подготвеност за продлабочување на соработката меѓу МЕПСО и ČEPS, преку размена на експерти, студиски посети, специјализирани обуки и можност за воспоставување подолгорочна рамка за техничка соработка од стратешко значење.

Работната посета во Прага претставува конкретен и значаен исчекор во јакнењето на институционалните и техничките капацитети на македонскиот електроенергетски систем и јасен сигнал за определбата на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини за системска модернизација, стабилност и целосно приближување кон европските најдобри практики.

Прикажи повеќе...

Економија

Царина со грант од Јужна Кореја ја унапредува контролата на целокупниот увоз, извоз и транзит

Објавено пред

Од

Царинска управа се етаблира како лидер на Балканот со напреден Систем за анализа на ризик и податочен склад имплементиран со грант од Република Кореја во висина од 4,75 милиони долари кој ќе претставува цврста основа за патот на државата кон членство во Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Системот овозможува унапредување на контролата на целокупниот увоз, извоз и транзит, како клучно во сузбивање на сивата економија, разобличување на криминалот, заштита на финансиските интереси и полнење на Буџетот, како и олеснување и забрзување на легалната трговија.

Воедно, во случај цените на стоките да се пониски од берзанските, царинските службеници ќе добијат аларм за можна царинска измама. Ќе се овозможи и подобра детекција на профили со висок ризик во воздушниот сообраќај.

Ова беа клучните пораки на денешниот церемонијален настан на кој директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, заедно со генералниот директор на Корејска Царинска Служба, Ли Мјонг Ку го промовираа системот. Системот беше промовиран со одржување на состанок на највисоко ниво и во присуство на министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, државниот секретар Андриана Матлиоска и амбасадорот на Република Кореја, Ким Донг Бе, по кој директорите на македонска и корејска Царина одржаа прес-конференција.

„Само годинава заклучно октомври, вкупната трговска размена изнесува 18 милијарди долари, што кажува за тежината на секојдневната работа на Царинската управа во олеснување на трговијата, при истовремено спречување на обидите за криминал. Овој систем ни е од исклучителна важност бидејќи со истиот се овозможува унапредување на анализата на ризик и подобра селекција и концентрираност на контролите на високоризични пратки, со што се овозможува олеснување и забрзување на легалната трговија. Сите податоци за целиот увоз, извоз, транзит, податоците за акцизна стока, целокупната евиденција на заплени, прекршочни и кривични пријави се интегрирани во Системот каде истите се анализираат со поддршка на напредна вештачка интелигенција. Воедно истиот обезбедува податоци за пратки чии вредности се различни од берзанските цени, но и чии вредности се под просечните согласно анализата на вредноста на целокупниот увоз, со што ги алармира царинските службеници за проверка на контејнерите со вакви пратки, се со цел да се спречат можни обиди за царинска измама“, истакна директорот Николовски на прес-конференцијата.

Воедно, како што истакнува Николовски се овозможува подобрување на квалитетот на податоците кои понатаму ќе бидат предмет на анализи и креирање мерки за подобрување на трговските политики како клучни за забрзување на растот на економијата.

Директорот на корејската Царина, Ли, вели дека најважно и уверен е во истото, системот ќе претставува цврста основа за патот на државата кон членство во Европската Унија. Тоа не само што ќе придонесе државата да ја зацврсти својата позиција како лидер на Балканот со напреден царинско административен систем, туку и ќе биде инспиративен пример за силна царинска соработка и пријателство.

„Патот на овој проект до денешната церемонија на пуштање во употреба не би бил можен без посветеноста и блиското партнерство меѓу владите на Република Кореја и РС Македонија. Преку континуирана комуникација и соработка меѓу нашите две земји, денес тој конечно дава конкретни резултати. Од 2008 година, Царинската служба на Кореја го воведе нашиот систем за електронско царинење UNIPASS во 16 земји, со вкупна вредност од 329,37 милиони американски долари. Овој ODA проект во вредност од 4,75 милиони американски долари (6,1 милијарди корејски вони) за РС Македонија има особено значење, бидејќи претставува прво воспоставување на системот за електронско царинење на Царинската служба на Република Кореја во целиот европски регион. Воспоставен е интегриран информациски ресурс и систем за управување со ризици, со цел подобрување на оперативната ефикасност и обезбедување непречен проток на стоки во РС Македонија“, истакна директорот Ли.

Прикажи повеќе...

Економија

Директна авиолинија Скопје – Прага, за Божиновска таа е реална врска меѓу двете економии

Објавено пред

Со првиот лет на новата директна авиолинија Скопје – Прага, земјава прави значаен исчекор во унапредувањето на меѓународната поврзаност, економската соработка и мобилноста на граѓаните, истакнуваат во соопштението од Министерството за енергетика.

dobivaj vesti na viber

На настанот по повод воспоставувањето на авиолинијата се обрати министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, заедно со чешкиот амбасадор Јарослав Лудва, генералниот директор на TAV Македонија, Неџат Курт, како и претставници на Wizz Air.

Како претседател на Мешовитата комисија за економска соработка, министерката информираше дека иницијативата за директна авионска линија била покрената на Заедничкиот македонско-чешки состанок во Прага, во март годинава, како дел од пошироката агенда за продлабочување на билатералните односи и олеснување на бизнис-комуникацијата.

Божиновска истакна дека воспоставувањето на директната линија не е случаен потег, туку резултат на јасна визија и конкретна иницијатива.

„Оваа авиолинија е реална врска меѓу две економии, два пазара и две општества. Поврзаноста е предуслов за развој, за мене, оваа линија има и силна лична димензија. На 20 август 1998 година се иселив во Прага, во време кога немаше директен лет меѓу нашите две земји. Поврзаноста беше комплицирана, скапа и временски исцрпувачка. Од 2005 до 2012 година постоеше директна линија и од лично искуство знам колку директната авионска врска значи – не само симболично, туку реално, за животот, за бизнисот и за секојдневната комуникација меѓу луѓето. Затоа, уште од првиот ден како министерка, силно се залагам за продлабочување на врските меѓу Македонија и Чешка и за создавање реални услови што ќе ја олеснат таа поврзаност“ , нагласи Божиновска.

Според надлежните, директната авиолинија Скопје – Прага ќе придонесе за зголемен туристички и деловен сообраќај, подобра мобилност на граѓаните и посилно вклучување на Македонија во европските економски текови.

Авиосообраќајот е важен сегмент од целокупната стратегија за модерна инфраструктура, економски раст и регионална интеграција, при што ваквите проекти се реализираат преку координирана соработка меѓу институциите и приватниот сектор.

Министерката Божиновска ја поздрави соработката меѓу TAV Македонија и Wizz Air, оценувајќи дека таа е пример за ефикасно партнерство кое носи конкретни резултати за граѓаните и економијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците

Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во...

Македонија8 часа

Стојаноски: СДСМ ја напуштија седницата кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти,...

Топ8 часа

Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар

Полицијата го уапси возачот кој денеска со товарно возило усмрти велосипедист во Гостивар. Според информациите на МВР, денеска (16.12.2025) околу...

Македонија10 часа

(Видео) СДСМ бара оставка од директорката на ГАК по смртта на новороденчето: „Има сомнежи за лекарска грешка“

СДСМ бара оставка од директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство по смртта на новороденчето. „Денеска со огорченост стоиме пред...

Македонија11 часа

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Тој кажа дека од почетокот тврдел дека евентуалната постапка за...

Македонија11 часа

ДЗР утврди неправилности во финансиското работење на АД „Државна лотарија“ и можни злоупотреби со паричните средства во готово

Со извршената ревизија во АД Државна лотарија за 2024 година, утврдени се сериозни неправилности кои се поврзани со нелогични и...

Топ11 часа

При претреси во Виница и Виничко пронајдени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети: петмина уапсени

Вчера полициски службеници од ОВР Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или...

Македонија11 часа

(Видео) Манасиевски: Никој не сака да биде во тимот на Заев и Филипче

„Никој не му се нафаќа на Филипче да му биде дел од тимот, затоа што со Зоран Заев ја држат...

Македонија12 часа

(Видео) Антикорупцискиот тим на СДСМ ја претстави новата платформа против корупција – МИЦКО: Пријавувајте!

„Антикорупцискиот тим на СДСМ, АКТ, ја претставува новата дигитална платформа за борба против корупцијата и криминалот. Македонски истражувачки центар за...

Свет13 часа

(Видео) Четворица херои се обидоа да ги спречат терористите во Сиднеј, само Ахмед преживеа

Црното знаме на Исламската држава, закачено на шофершајбната на сребрена „хонда“ паркирана покрај пешачкиот мост „Бонди бич“, беше злокобен вовед...

Европа14 часа

(Видео) Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако...

Свет15 часа

(Видео) Државата Вашингтон нареди итна евакуација во три предградија на Сиетл

Властите во американската држава Вашингтон издадоа наредба за итна евакуација за три јужни предградија на Сиетл во понеделник откако попушти...

Свет16 часа

(Видео) Трамп ја тужи Би-би-си: бара 5 милијарди долари отштета

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба од 5 милијарди долари против Би-Би-Си за манипулирање на неговиот говор на 6 јануари...

Свет16 часа

(Видео) Синот е одговорен за смртта на Роб Рајнер и неговата сопруга, соопшти полицијата во Лос Анџелес

Ник Рајнер е одговорен за смртта на неговите родители, Роб Рајнер и Мишел Сингер Рајнер, соопшти Полициската управа на Лос...

Свет16 часа

Австралискиот премиер: „Нападот беше мотивиран од ИСИС“; Сведоците опишуваат детали од ужасот

Новите изјави на австралискиот премиер Ентони Албанез, штотуку објавени од неговата канцеларија, произлегуваат од радио интервју за ABC Sydney. „Се...

Европа16 часа

Германија има план од 10 точки за Украина, објави „Ројтерс“

Германија ќе ја засили својата поддршка за одбраната на Украина преку план од 10 точки што вклучува заеднички инвестиции, понатамошна...

Македонија1 ден

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет1 ден

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет1 ден

Херојот Ахмед од Сиднеј би можел да ја загуби раката: „Сè би повторил“

Ахмед ал Ахмед, случаен минувач кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди, порача дека и...

Свет1 ден

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...