Македонија
Апелација ја укина пресудата од 12 години затвор за Мијалков во случајот со прислушувањето
Апелација ја укина пресудата за „Таргет-Тврдина“, случајот за масовното прислушување во Македонија. Со ова предметот се враќа на повторно судење, а ослободени од вина се ексдиректорот на УБК и првоосомничен, Сашо Мијалков, кој доби 12 години, сксминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, осудена на четири години, началникот на Петтата управа на МВР, Горан Грујевски, кој е во бегство и осуден е на 15 години, како и Никола Бошкоски, кој исто така е во бегство изречена му е 15-годишна затворска казна.
„Апелациониот суд ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување, а жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција е беспредметна“, велат од скопска Апелација.
Според Апелација, имало суштествени повреди поради кои не е точно утврдена фактичката состојба. Пресудата во Кривичен ја изрекоа судиите Владимир Туфегџиќ и Џенета Бегтовиќ.
„Апелациониот суд Скопје при разгледување на пресудата констатира дека првостепениот суд при постапувањето по овој предмет сторил суштествени повреди на одредбите од Законот за кривичната постапка, кои се од апсолутен карактер, а на кои овој суд внимава по службена должност, со што се доведоа во прашање фактичката состојба и правилната примена на Кривичниот законик“, додава Апелација.
Засега нема информации кои судии од Апелација ја донеле оваа одлука за укинување на пресудата. Ова е втора пресуда за половина месец со која е осуден Мијалков, а е укината од Апелација. Претходно, тој беше ослободен за случајот „Трезор“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

