Спорт
Ф1 ја објави саатницата за сите трки во 2023

Организаторите на Светскиот шампионат во Формула 1 објавија кога ќе стартуваат сите 23 трки и шест спринт-трки, кои ќе бидат дел од календарот за 2023 година.
Сезоната ќе почне на 5 март во Бахреин, а трката ќе почне во 16 часот по наше време. Две недели подоцна (19 март) ќе се одржи и Големата награда на Саудиска Арабија. Стартот на патеката во Џеда е закажан за 18 часот. Двете трки ќе се возат под рефлектори.
Третиот викенд е во Австралија, на патеката „Алберт Парк“. За да го гледате почетокот на трката, ќе треба да бидете будни веќе во 7 часот наутро.
Големата награда на Азербејџан исто така ќе биде домаќин на првиот спринт во 2023 година. Таа трка почнува в сабота, 29 април, од 14.30 часот. Ден подоцна е главната трка на пистата во Баку, со почеток во 13 часот.
Големата награда на Мајами ќе се одржи само една недела по двојната програма во Азербејџан. Стартот на патеката „Хард рок“ ќе биде во 21.30 часот.
Големата награда на Лас Вегас, која ќе дебитира во календарот на Формула 1, почнува в сабота во 22 часот по локално време, односно в недела наутро во 7 часот по средноевропско време. Квалификациите и тренинзите пред трката во Лас Вегас се закажани за четврток и за петок навечер по локално време, а сите сесии почнуваат по зајдисонце.
Од европските трки, само Големата награда на Велика Британија ќе има малку подоцнежен старт бидејќи трката во Силверстоун ќе почне во 16 часот по наше време. Сите други стартови на територијата на Стариот континент ќе бидат 15 часот по наше време.
Почетно време на сите трки во Формула 1 во 2023 година:
1. ГН на Бахреин (5 март) – 16 ч
2. ГН на Саудиска Арабија (19 март) – 18 часот
3. ГН на Австралија (2 април) – 7 часот
4. ГН на Азербејџан (30 април) – 13 часот (спринт во 14.30 часот)
5. ГН на Мајами (7 мај) – 21.30 ч
6. ГН на Емилија-Ромања (21 мај) – 15 ч
7. ГН на Монако (28 мај) – 15 часот
8. ГН на Шпанија (4 јуни) – 15 ч
9. ГН на Канада (18 јуни) – 20 ч
10. ГН на Австрија (2 јули) – 15 часот (спринт во 16.30 часот)
11. ГН на Велика Британија (9 јули) – 16 ч
12. ГН на Унгарија (23 јули) – 15 ч
13. ГН на Белгија (30 јули) – 15 часот (спринт во 16.30 часот)
14. ГН на Холандија (27 август) – 15 ч
15. ГН на Италија (3 септември) – 15 ч
16. ГН на Сингапур (17 септември) – 14 ч
17. ГН на Јапонија (24 септември) – 7 часот
18. ГН на Катар (8 октомври) – 16 часот (спринт во 16.30 часот)
19. ГН на САД (22 октомври) – 21 часот (спринт во 00.00 часот)
20. ГН на Мексико (29 октомври) – 21 ч
21. ГН на Бразил (5 ноември) – 18 часот (спринт во 19.30 часот)
22. ГН на Лас Вегас (19 ноември) – 7 часот
23. ГН Абу Даби (26 ноември) – 14 ч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Данев: После Ерменија, да jа победиме и Црна Гора

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година е во ек на подготовките за новиот квалификациски предизвик, наречен гостински дуел против Црна Гора. По стартните порази од Полска и Италија, Македонија во Битола ја победи Ерменија со 2-1 и ги освои првите бодови во овој квалификациски циклус.
Тоа секако дека е добар знак со оглед на лошиот старт на квалификациите, но ништо не е загубено има уште многу бодови на располагање кои треба да се освојат.
„Триумфот против Ерменија пред домашната публика ни даде „ветар во грб“ што се вели. Победата е во вистински момент, на најдобар начин пред наша публика. Атмосферата сега ни е на највисоко ниво. Нема потреба од еуфорија во нашиот табор, туку сосема спротивно. Концентрирано и одговорно одиме во Црна Гора да одиграме уште еден дуел и да освоиме нови бодови. Што се однесува до противникот, се работи за добар состав, кој како и секој друг ривал има позитивни но и негативни страни. Наше е да ги поправиме техничките грешки во нашата игра, да го подигнеме нивото на уште едно скалило и нормално да ги освоиме бодовите кои ќе ни дадат уште поголем стимул и подобра позиција во овие квалификации“, изјави Димитар Данев за сајтот на ФФМ.
Спорт
Левандовски заминува од Барселона по завршувањето на сезоната

Роберт Левандовски ќе ја напушти Барселона по крајот на оваа сезона, открива каталонски „Спорт“. 37-годишниот полски напаѓач оваа сезона во Ла Лига има седум настапи и четири голови, но сѐ почесто се наоѓа на клупата поради фаворизирањето на Феран Торес.
Во Барселона веќе се разгледуваат потенцијални наследници, а најчесто споменуван е 21-годишниот Карл Ета Ејонг од Леванте.
Левандовски пристигна во Барселона во 2022 година, по одличните настапи во Борусија Дортмунд и Баерн Минхен, со кој во 2020 година освои тројна круна под водство на сегашниот тренер на Барса, Ханси Флик.
Спорт
Селекторот на Казахстан: Македонија е силна селекција

Македонија утревечер игра важен квалификациски натпревар против Казахстан, на кој цели кон нов триумф и продолжување на позитивната серија во овој циклус. Селекторот на гостите, Талгат Бајсуфинов, сепак, потенцираше дека неговиот тим ќе даде сè од себе за добар резултат во Скопје, но призна дека Македонија е фаворит.
„Македонија е силна селекција и знаеме колку ѝ значи овој меч, но ние ќе се бориме за позитивен исход. Против Лихтенштајн имавме среќа и се надевам дека ќе имаме слична ситуација и утре. Првиот меч со Македонија покажа дека можеме да пропуштиме многу шанси, но сега реализацијата ни е подобрена. Ќе се обидеме да освоиме колку што можеме повеќе бодови до крајот на квалификациите, и тоа важи и за утрешниот натпревар“, изјави Бајсуфинов.
Во првиот меѓусебен дуел, Казахстан го предводеше Али Алиев, кој по поразот од Белгија со 6-0 си поднесе оставка.