Црна хроника
Полицаец прегазен на крстосница во Скопје

На 15.12.2022 во СВР Скопје било пријавено дека околу 17.15 часот на крстосница од бул.„Гоце Делчев“ и ул.„Беласица“, патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.А., удрило во полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
Во незгодата со повреди се здобил полицискиот службеник, констатирани во Градска општа болница „Наум Охридски“.
Увид на местото бил извршен од екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пијан возач во Македонска Каменица удрил во девојче и избегал

Полицијата уапси возач во Македонска Каменица кој возел под дејство на алкохол, удрил во малолетничка и избегал од местото на несреќата.
Доцна синоќа, во 02.10 часот на ул.„Каменичка“ во Македонска Каменица, полициски службеници го уапсија Г.А.(51) од Македонска Каменица.
Тој се сомничи дека околу 23.00 часот на 12.08.2025 со патничко возило „мерцедес“ со италијански национални ознаки, кое го управувал, удрил во 13-годишна малолетничка од Македонска Каменица и го напуштил местото.
Малолетничката се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничка болница Штип за укажување помош.
По преземени мерки Г.А. бил пронајден, при што било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,99 промили алкохол во крвта и бил лишен од слобода.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Топ
Уапсен скопјанец, фрлал камења кон полициски хеликоптер додека полнел вода за гасење пожар

Вчера вечер, во 18:55 часот, полициски службеници од ПС Карпош го лишија од слобода И.А. (55) од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај.
На 6 јули, околу 18 часот, додека полицискиот хеликоптер приоѓал кон местото каде реката Лепенец се влива во реката Вардар со цел да наполни вода за гасење на пожарот во реонот на Блаце, пилотите забележале лице кое влегло во плиткиот дел на коритото на Вардар и мавтало со рацете, по што од лица кои биле присутни на местото на настанот биле известени дека лицето фрлало со камења кон воздухопловот Белл 412 и поради тоа биле принудени да го променат местото на полнење на вода, затоа што биле ставени во крајно безбедносно загрозување и тоа додека извршувале задачи за потребите на државата и граѓаните.
По преземени мерки и активности, И.А. е пронајден и лишен од слобода и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Топ
Тројца возрасни и едно дете осомничени за пукањето и убиството во Тетово

Тројца возрасни и едно дете се осомничени за пукањето во Тетово што се случи во неделата, а во кое беше убиено едно лице.
На 10 август, на улицата „Благоја Тоска“ во Тетово, првиот осомничен и детето, родено во 2010 година, со умисла, како соизвршители и со употреба на огнено оружје – автоматски пушки кои на граѓаните им се забранети, лишиле од живот едно лице, а го довеле во опасност и животот и телото на други лица, вклучувајќи и еден од останатите осомничени.
Со автоматските пушки тие испукале повеќе куршуми кон онавтомобил „голф“ со кои го погодиле сега покојниот, кој бил на возачкото седиште. Два проектили завршиле во градниот кош на совозачот кој здобил со тешки телесни повреди опасни по животот.
Еден проектил завршил во десната натколеница на дете родено 2012 година кое се затекнало во непосредна близина, по што осомничениот заедно со детето избегале.
Иако бил ранет од престрелката, вториот осомничен и уште едно лице извадиле огнено оружје – пиштоли и почнале истовремено да пукаат кон возилото кое се оддалечувало и притоа погодиле друго лице кое се здобило со тешки телесни повреди во торакалниот дел, а куршуми завршиле и во возило на жена чија сигурност, исто така, била загрозена.
За сите осомничени, вклучувајќи го и детето во судир со законот, е одреден притвор.