Црна хроника
Казни за 167 возачи во Скопје

На територија на град Скопје вчера биле изречени вкупно 167 казни, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 12 санкции, 13 санкции за управување возило под дејство на алкохол, 14 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за непрописно престројување на возила.
Изречени биле и седум мерки за користење мобилен телефон при возење, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест за вградени неатестирани фолии-затемнети стакла.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тешка сообраќајна несреќа во Струшко: повредени се неколку лица

Вчера околу 16:10 часот во ОВР Струга е пријавено дека на локалниот пат за село Подгорци, струшко, на место викано „Орешки“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен берлинго“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.О.(45) од с.Подгорци, струшко и патничко возило „цитрен саксо“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.Д.(41) од с.Подгорци, струшко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „цитроен саксо“, А.Д. и неговите сопатници Б.Р.(36) и М.М.(43), како и сопатникот од патничкото возило „цитроен берлинго“, М.О.(48) сите од село Подгорци, додека со телесни повреди се здобил возачот А.О., констатирани во Медицински центар Струга, Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Струга.
Црна хроника
Возел пијан и предизвикал сообраќајка: уапсен 30-годишник од Крива Паланка

Вчера во 16:24 часот во село Гиновце, општина Ранковце, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода 30-годишниот С.В. од Крива Паланка.
Претходно, тој со возило „форд“ со кривопаланечки регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во бетонски столб пред угостителски објект во селото. При преземање мерки во врска со незгодата, полициските службеници констатирале дека С.В. е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,93 промили алкохол.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Уапсен кавадарчанец, возел пијан и престигнал колона возила кои чекале на црвено светло на семафор

Вчера во 15:30 часот на улица „Илинденска“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода 48-годишниот П.К. од Кавадарци.
При преземање мерки по сторен сообраќаен прекршок, односно откако тој со патничко возило „рено“ со кавадаречки регистарски ознаки престигнал седум возила кои биле застанати на црвено светло на семафор, утврдено е дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,02 промили алкохол во крвта.
Тој е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.