Црна хроника
Приведено лице од Албанија, кај него биле пронајдени фалсификувани лични документи

Вчера во 12.00 часот на граничен премин Делчево, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Делчево го лишиле од слобода Л.М.(53) од Република Албанија затоа што при пасошка контрола било констатирано дека патната исправа што ја приложил била фалсификувана.
Исто така, при преглед кај него и во возилото во кое се превезувал, во багажот биле пронајдени фалсификувани италијанска лична карта и италијанска возачка дозвола на негово име, како и оригинална лична карта на лице од Италија.
Со него бил извршен службен разговор во полициска станица, при што тој признал дека документите се фалсификувани и дека ги набавил од лице од Албанија за одредена сума на пари.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него, како што соопшти полицијата, ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Масовна тепачка во Трубарево: полицијата приведе седум лица

Вчера во 20:35 часот во село Трубарево, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Џ.Ј.(32), А.Р.(39), А.Р.(36), Ш.Р.(39), Р.С.(35), Е.И.(27) и еден малолетник, сите од Скопје, затоа што А.Р.(39), А.Р.(36) и Џ.Ј. физички ги нападнале Д.Т.(47) и неговите две малолетни деца, при што употребиле тврди предмети, а потоа заедно со останатите лица агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Пожар во куќа во изградба во Скопје: нема повредени

Вчера околу 16:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Хо Ши Мин“ настанал пожар во куќа во изградба, сопственост на 55-годишниот М.Ц. од Скопје.
Од пожарот била опожарена фасада од куќата, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот.
Повредени лица нема. Бил извршен увид.
Црна хроника
Скопјанец се повредил додека работел во приватна фирма во Визбегово: пренесен е во болница

Вчера околу 09:45 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен 57-годишниот И.М. од Скопје.
Според пријавеното, тој со повредите се здобил додека извршувал работни задачи во приватна фирма во село Визбегово, скопско.
Известен бил трудов инспектор, а полициски службеници излегле на местото на настанот.