Македонија
(Видео) Кичевски: Заканите и навредите се доказ дека ВМРО-ДПМНЕ не е поместена од насилничката матрица
Страшни и скандалозни се заканите и навредите што произлегоа од кавгата меѓу Христијан Мицкоски и Данела Арсовска, оцени на денешната прес-конференција, Васко Кичевски, претседател на градска огранизација на СДСМ – Скопје
„Од првиот момент кога ќе станам премиер, ќе те влечеме по улици“ и „Ќе го бришеме подот со тебе“ така според сведоштвата на Арсовска, се заканувал шпицниот градоначалник Мицкоски. До пред само неколку месеци, ВМРО-ДПМНЕ за Арсовска зборуваше дека е најдобрата градоначалничка, дека е мајка на градот, а сега оваа партија бара доказ дека Арсовска е во добра психофизичка состојба.
Наместо за граѓаните, наместо за проекти, граѓаните слушаат закани, навреди, едно ниско, разочарувачко ниво“, вели Кичевски.
Според него, начинот на комуникација меѓу Арсовска и Мицкоски покажува зошто ништо во Град Скопје не функционира.
И додека јавноста слуша за закани клевети и навреди меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска, СДСМ, додава Кичевски, прави се за да ги реши проблемите на скопјани.
„Парното во Скопје веќе го презема и го управува Владата на премиерот Ковачевски, затоа што Арсовска и мнозинството во Советот од ВМРО-ДПМНЕ се откажаа од него. Благодарение на одговорниот и чесен пристап на претседателот Ковачевски, блокадите на скопските улици се отстранети и дадена е шанса преку дијалог да дојдат до решение. Единствено во премиерот Ковачевски, граѓаните гледаат сериозен партнер и човек кој се грижи за нив“, додава тој.
Скопје и неговите граѓани, истакнува Кичевски, не заслужуваат да бидат заложници на кавгите на Мицкоски и Арсовска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ избира ново раководство
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денес ќе го одржи 30. партиски Конгрес, на којшто ќе биде избрано новото партиско раководство.
Со тоа ќе стане извесно кој се’ ќе ги носи клучните одлуки во опозициската партија која в година повторно ќе треба да се соочи со гласачите на локалните избори
Социјалдемократите известија дека Конгресот ќе има отворен и работен дел, ќе се разговара за идните, нови политики на партијата и ќе биде избрано новото раководство, однсно членовите на највисиките тела во СДСМ – Централниот и Надзорниот одбор.
На почетокот, ќе има обраќање на Венко Филипче, кој пред пет месеци ја презема претседателската функција од неговиот претходник, Димитар Ковачевски по големиот пораз што го претрпе партијата на парламентарните и претседателските избори.
Македонија
Лашкоска: Обновувањето на шумскиот фонд е дел од приоритетите на локално и национално ниво
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денес ја посети Гевгелија каде заедно со градоначалникот, Андон Сарамандов, се приклучија на акцијата за масовно пошумување и подигање на јавната свест „Да пуштиме корени во нашата Гевгелија“ во рамките на која на месноста Топлик, Гевгелија се засадуваа 6000 дрвни насади.
„Министерството за животна средина ги поддржува активностите за пошумување во државата бидејќи тие се значаен ресурс од повеќе аспекти – заштита на биодивезитетот, подобрување на квалитетот на воздухот, климатските промени, заштита од ерозија и свлечишта и се важен економски ресурс“ изјави Лашкоска на настанот потенцирајќи дека обновувањето на шумскиот фонд е дел од приоритетите на локално и национално ниво особено во услови кога сме соочени со многу високи летни температури и со сериозно опожарување на шумите на територијата на целата држава.
Таа упати честитки и благодарност до градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов и општина Гевгелија за одлично реализираната акција.
Во рамките на посетата на општина Гевгелија, заменик министерката Лашкоска и градоначлникот Сарамадов направија увид во реализацијата на проектот за намалување на загуби на вода со замена и инсталација на водомери заедно со инсталација и конфигурација на опрема со далечинско отчитување. Проектот го имплементира ЈКПД Комуналец Гевгелија, а е финансиски поддржан од страна на МЖСПП со средства во висина од 5 милиони денари.
Македонија
СДСМ утре на Конгрес ќе избира ново раководство
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија утре ќе го одржи 30. партиски Конгрес, на којшто ќе биде избрано новото партиско раководство.
Од опозициската партија известија дека Конгресот ќе има отворен и работен дел, ќе се разговара за идните, нови политики на партијата и ќе биде избрано новото раководство, однсно членовите на највисиките тела во СДСМ – Централниот и Надзорниот одбор.
На почетокот, ќе има обраќање на Венко Филипче, кој пред пет месеци ја презема претседателската функција од неговиот претходник, Димитар Ковачевски по големиот пораз што го претрпе партијата на парламентарните и претседателските избори.