Регион
Вучиќ: „Jа бараат Србија на тацна никогаш нема да им ја дадеме“
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска на 11. Конгрес на Социјалистичката партија на Србија, зборуваше за актуелната ситуација на Косово. Тој пред присутните истакна дека мора да се работи на спасување на државата.
„Ви благодарам за големата поддршка, одлуката за поддршка на СПС ми помогна да победам во првиот круг. Ви благодарам за секој глас и се трудам да не ве разочарам. Ивица вели дека сака избори, јас не, но да беа добри, ќе ги имаше и Ватикан. Знаете, по секои избори Дачиќ и СПС се на власт, па ќе видиме кој ќе биде со нив“, се пошегува Вучиќ, и додаде:
„И колку и да ни е добро, ќе се жалиме“, изјави тој и истакна дека „денес не можете да привлечете внимание ако направите нешто убаво, туку важно е само да се напредува.
„Мора да ја спасиме државата, ќе успееме да ги зголемиме платите и пензиите, инвестициите, странските инвеститори, се е важно да ја спасиме државата. Тешко е последниве неколку дена, од запад велат дека Приштина застанала, а 15 часа пред тоа влегле со пушки и правеле секакви работи. Се лажеа таму, ги апсат полицајците, и како Србија лаже и покажува долги цевки. Нема странец кој не не поканил. Ајде, тие ја сакаат Србија на тацна, а ние никогаш нема да ви ја дадеме Србија“, изјави Вучиќ.
Додаде дека на секои два часа добива некаков вид на безобразлук, како и дека луѓето се малтретирани и апсени.
„Мојата советничка се обидува да ми пренесе се, но јас и реков да им одговори на сите дека знаеме што прават и да ни дадат договор што го почитуваат, но немаат ниту еден, луѓето мора да знаат дека „не сме глупави“, додаде тој.
Ги увери луѓето од Косово дека протерувањето никогаш повеќе нема да се повтори.
„Платите ни се повисоки од било кога, не се добри, но мора да работиме повеќе. Народот на Косово мора да знае дека 17 март никогаш повеќе нема да се повтори и никогаш нема да го оставиме нашиот народ на цедило“, заклучи Вучиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Американец загина во Словенија: се искачувал на Триглав
Американски државјанин загина во Словенија, најверојатно откако паднал од планинарска патека на Алпите, соопшти словенечката полиција.
Семејството на 33-годишникот изјави дека тој тргнал на планинарење во понеделник наутро до Триглав, највисокиот врв во Словенија, а потоа исчезнал, објави словенечката новинска агенција СТА.
Неговото тело е пронајдено вчера околу 1 часот наутро на дното од планинарска патека. Полицијата соопшти дека првичните наоди укажуваат дека паднал по стрмна падина.
Идентитетот на починатиот не е објавен.
Словенија е популарна дестинација за планинари и алпинисти поради бројните патеки во Јулиските Алпи.
Регион
Самит ЕУ-Западен Балкан без Србија: Вучиќ вели дека никој нема да оди во Брисел
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема да оди во Брисел на Самитот ЕУ-Западен Балкан, односно дека Србија нема да има свој претставник.
„За прв пат во последните 13 или 14 години, ниту јас ниту некој друг нема да одиме на таа меѓувладина конференција. Никој нема да ја претставува Република Србија, па затоа Западниот Балкан ќе биде без Република Србија“, изјави претседателот за РТС.
Тој изјави дека донел таква одлука за да не биде обвинет никој друг и дека Владата нема да трпи никаков притисок.
Тој рече дека во претходните 24 часа разговарал со голем број европски лидери.
„Искрено сум благодарен за почитта што Урсула фон дер Лајен и Антонио Кошта ја покажаа кон Србија. Исто така, сум благодарен и на претседателот Макрон, со кого разговарав синоќа. Сметам дека сè што правам, го правам за граѓаните на Србија. Без оглед на тоа што знам дека оваа одлука ќе предизвика критики, и во Брисел и од оние кои секогаш критикуваат, дури и кога не знаат точно што критикуваат. Верувам дека со ова ја штитам Република Србија и нејзините интереси, бидејќи мора да покажеме што сме направиле“, рече Вучиќ.
Тој повтори дека Србија ќе го продолжи својот европски пат додека тој е претседател, а потоа, како што рече, ќе видиме, пренесува РТС.
Фото: депозитфотос
Регион
ГП Евзони блокиран поради протестот на грчките земјоделци
Денеска во 18:00 часот поради протестот на грчките земјоделци, ГП Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез во Р. Грција, соопшти АМСМ.
Од таму додаваат дека граничниот премин за излез од Грција работи само за тешки моторни возила.

