Спорт
Скалони – првиот Аргентинец што победил на Светското првенство и на Копа Америка
Лионел Скалони стана третиот тренер во историјата што успеал да освои трофеј на СП и на Копа Америка. Тој е првиот Аргентинец со вакво остварување.
Скалони лани ги предводеше „гаучосите“ до титулата во Копа Америка, во финалето Аргентина го победи Бразил со 1:0, а синоќа го освои мундијалот во Катар.
Пред него тоа успеаја да го направат Бразилците, Марио Загал (СП 1970, Копа Америка 1997) и Карлос Алберто Пареира (СП 1994, Копа Америка 2004).
Аргентина ја победи Франција во финалето на Светското првенство во Катар по подоброто изведување пенали. По 120 минути игра, резултатот беше 3:3.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Крај на сагата, Хезоња останува во Реал
Капитенот на кошаркарската репрезентација на Хрватска, Марио Хезоња останува член на Реал Мадрид.
Главна вест на водечкиот шпански спортски медиуми „Марка“, среде Европското првенство во фудбал етрансферот на Хезоња. Според овој извор тој решил да го продолжи договорот со Реал Мадрид.
Тоа значи дека сагата конечно заврши и дека Хезоња нема да ги засили Барселона, Панатинаикос или Партизан и нема да се обиде повторно во НБА лигата.
На Барселона не и се допадна неговото однесување, односно неговите изјави по освојувањето на шампионската титула во Шпанија, поради што „клупските челници го искинале договорот со Хезоња.
Како и да е, хрватскиот репрезентативец сакаше се да реши пред почетокот на квалификациите за Олимписките игри и успеа во тоа.
Што се однесува до Барселона, тие го решија горливиот проблем со ангажманот на капитенот на Партизан, Кевин Пантер.
Спорт
Тадиќ контра Пикси: Мораше да го почнам натпреварот, јас сум лидерот на овој тим
Србија синоќа загуби од Англија (1:0) на Европското првенство. Лошата игра во првите 20 минути придонесе за поразот на Србија.
Српската јавност, пред мечот беше изненадена од одлуката на селекторот да го остави капитенот Душан Тадиќ на клупата за резерви.
Тадиќ во игра влезе дури во 61. минута наместо Александар Митровиќ. Видно разочаран по натпреварот тој удри по селекторот Стојковиќ.
„Јас сум капитен, јас сум лидер. Мислам дека сум најдобриот играч во овој тим без лажна скромност. Секако мислам дека требаше да почнам. Ја почитувам одлуката на селекторот. Многу повеќе можев да направам доколку играв 90 минути. Секако дека сакав да играм 90 минути, но ја почитувам одлуката. Јасно е дека сакаш да биде дел од колективот и да направиш се за него. Одиме понатаму, најважно е да ја минеме групата. Сплотеени сме, тоа е најважно“, изјави Тадиќ по натпреварот.
За ова пред Тадиќ беше прашан и Пикси, кој вели дека одлуката била чисто тактичка.
„Не стануваше збор за никава повреда. Тоа беше тактичка одлука. Сакав да го поштедам. Знаев дека вториот дел ќе биде одлучувачки. Го сакав свеж, тоа беше дел од тактичкиот план“, изјави селекторот Стојковиќ.
Спорт
(Видео) Англија со победа го започна ЕП – Белингем и пресуди на Србија
Англија, според прогнозите најголемиот фаворит за титулата на ЕУРО 2024, со победа над Србија 1:0 (1:0) го започнаа контитнеталниот шампионат.
Одличен динамичен натпревар одиграа двете репрезентации во Гелзенкирхен, на крајот пресуди голот на Џуд Белингем во 13.минута и кукавичката игра на Србија во првите 20 минути од натпреварот.
Англичаните во силно темпо го започнаа натпрварот, не им дадоа да „дишат“ на Србите, кои панично се бранеа. Првата вистинска акција ја претворија во гол, Сака успеа некако да нафрли покрај Павловиќ, а Белингем од седум метри ја закова топката во голот.
Притисокот на Англичаните траеше и во наредните десетина минути, пото Србите полека започнаа да фаќаат ритам, ја презедоа контролата врз играта, но до крајот на полувремето имаа една можност, преку Митровиќ чии удар заврши крај голот.
Во вториот дел, Србите апосолутно доминираа, ги стиснаа Англичаните кои успеаја да се одбранат. Пикфорд го одбрани ударот на Влаховиќ, а Кејн интервенираше по шутот на Бирманчевиќ.
Англичаните во второто полувреме имаа само една шанса, ударот на Кејн го одбрани Рајковиќ, а потоа топката од гредата се одби во поле.
Во второто коло, Англија ќе игра против Данска, а Србија против Словенија.