Спорт
„Катарскиот шеик на Меси му го украде најголемиот момент во кариерата“

Шеикот на Катар и газдата на ПСЖ, Тамим бин Хамад Ал Тани, синоќа на Лионел Меси му го украде најзначајниот момент во кариерата. Во моментот кога Меси од првиот човек на ФУФА, Џани Инфантино требаше да го прими шампионскиот трофеј, на сцена стапи Ал Тани.
Шеикот го завитка капитенот на новите светски шапиони во мистериозна црна наметка.
Подоцна се дозна дека се работи за бишт, традиционална наметка што ја носат богатите граѓани на Катар преку облеката во посебни, свечени пригоди.
Овој потег на катарскиот владетел наиде на бројни критики на социјалните мрежи и медиумските коментатори. Сите истакнуваат дека тоа што го направил било наметливо и дека било очигледно дека на Меси му било непријатно да биде облечен во она што не сакал да го носи. Еден од оние на кои тоа воопшто не им се допадна е Бастијан Швајнштајгер.
„Со тој потег владетелот на Катар му го одзеде на Меси најголемиот момент во кариерата. Очигледно е дека тоа не му се допадна на Меси, и мене не ми се допадна. Ако сакаа да ги почитуваат локалните обичаи, можеа да го направат тоа подоцна, во соблекувалната. Сè на сè, многу неуспешен настап“, рече Швајнштајгер, кој за СП беше ангажиран како стручен коментатор на телевизијата АРД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Баерн за Вирц подготвил финансиски пакет од 250 милиони евра

Прашање на време е кога Флоријан Вирц ќе стане најскапата продажба во историјата на Баер Леверкузен. Баерн Минхен, Реал Мадрид и Манчестер сити се риозно се заинтересирани за неговите услуги.
Баерн од лани воспоставил контакти, најпрвин со родителите на Вирц, а потоа и со неговиот менаџер.
„Лекип“, тврди дека Баварците подготвиле пакет тежок 250 милиони евра за да го обезбедат потписот на Вирц.
Според овој извор, Баерн е подготвен да плати обесштетување од 125 милиони евра, а останатите 125 милиони се за петгодишниот договор што се подготвува за него.
Тој практично со платата би бил изедначен со Хари Кејн во Баерн, односно би заработувал повеќе дури и од староседелците Кимих, Нојер и Мусијала.
Спорт
ПСЖ брка финале во Лигата на шампионите без најдобриот играч?

Пари Сен Жермен, потврди дека Усман Дембеле претрпел повреда на мускулот, што го става под знак прашалник, неговиот настап против Арсенал во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите следната недела.
Дембеле го постигна единствениот гол на „Емирати“ во вторник вечерта. Го совлада Давид Раја во четвртата минута и му обезбеди на ПСЖ минимална предност пред решавачкиот дуел во Париз.
Сепак, Дембеле мораше да ја напушти играта во второто полувреме и оттогаш не тренирал.
Во медицинскиот извештај објавен во петок попладне, ПСЖ соопшти: „Усман Дембеле има повреда на задната ложа на десната нога. Неговата состојба се развива добро и наскоро ќе биде извршена нова проценка“.
ПСЖ следниот викенд ќе излезе на теренот против Стразбур, но со оглед на тоа што веќе ја обезбедија титулата во лигата, нема потреба да настапат својот најсилен состав.
Спорт
Даер ќе го напушти Баерн Минхен

Фудбалскиот клуб Баерн Минхен објави дека Ерик Даер, како слободен играч, ќе го напушти клубот на крајот од сезоната.
„Разговаравме со Ерик за новиот договор. Тој ни кажа дека не сака да го продолжи и дека ќе нè напушти. Се надевам дека ќе го круниса својот престој во клубот со својата прва титула“, изјави спортскиот директор на Баерн, Кристоф Фројнд.
Според извештаите, Дајер постигнал договор со Монако, каде што ќе добие подолг договор од оној што му го понуди Баерн и можност да игра повеќе отколку што играше во германскиот клуб.
Англискиот фудбалер минатиот јануари се пресели од Тотенхем во Баерн, за кој одигра 45 натпревари. Тој не добиваше значителна минутажа под водство на тренерот Венсан Компани, сè до последните неколку недели, кога покажа дека се уште може да игра на високо ниво.
Баерн игра против Лајпциг во сабота и доколку победат, ќе ја освојат титулата во Бундеслигата.
Не е јасно дали Дајер ќе остане во Баерн и за Светското клупско првенство, кое ќе се одржи од 14 јуни до 13 јули во САД.
Фројнд рече дека клубот наскоро ќе разговара за тоа интерно со Даер.