Македонија
Спасовски: Потеклото не го детерминира просперитетот на една држава, туку сплотеноста за заедничките цели
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, учествуваше на регионалната конференција на тема „Како до подобра заштита на малцинствата од дискриминација“ по повод празникот на Турците, 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик.
Спасовски во обраќањето пред присутните рече дека која и да е модерна демократска држава не може да се надева на просперитетна иднина доколку во својот темел ги нема вметнато не само како нормативни столбови туку и како практично поведение, односно индивидуален и колективен општествен светоглед, начелата на еднаквост и рамноправност.
„Република Северна Македонија од своето осамостојување до денес одлучно ја демонстрира својата решителност како држава, како институционален систем, постојано, во континуитет да ги донесе и практично да ги имплементира сите позитивни стандарди во сферата на малцинските права градејќи и етаблирајќи современ и целосно граѓански концепт на уставно-правно уредување, кој ќе ги обедини, ќе ги мотивира, ќе ги мобилизира сите независно од етничкото потекло и припадност“, потенцираше тој.
„Потеклото не го детерминира просперитетот на една држава, туку сплотеноста за заедничките цели и визии. Негувањето, зачувувањето, почитувањето на различноста не е само работа на норми, култура или на демократичност, туку многу повеќе од тоа работа на совесност, на духовната ширина да се разбере дека солидарноста или грижата кон другиот, всушност, е грижа кон самиот себе“, рече Спасовски.
Истакна дека малцинските права, особено во мултиетнички средини, бараат и заслужуваат постојана опсервација и дијалог во интерес на нивно континуирано унапредување и системско имплементирање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег
Облачно, со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови (над 15 l/m²), а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух вренежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Денеска ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен дожд, во југозападните делови над 15 l/m², а на повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Нови врнежи ќе има и во текот на седмицата кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег. Од денеска ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Тетово и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера вечер во 23 часот и 9 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Република Косово, на околу 46 км северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.0
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

