Регион
Брнабиќ: Разочарана сум од меѓународната заедница
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, за РТС изјави дека Србите на северот на Косово се на барикадите бидејќи бараат основни човекови права и „ништо повеќе од тоа“. Брнабиќ истакна дека се плаши од ескалација, но дека Србија ќе направи сè за да го зачува мирот.
Таа рече дека е длабоко разочарана од реакцијата на меѓународната заедница и одговорот на меѓународната заедница на, како што вели, низата провокации на Албин Курти кон Србите.
„Србите во Косово се слушаат во Брисел и Вашингтон само кога се на барикадите. И дури и тогаш не нè слушаат многу добро“, рече таа.
„Декември почна со тоа што Курти го назначи Ненад Рашиќ за претставник на Србите во Косово и во приштинските институции. Тој е човекот што доби 0,17 отсто од гласовите на изборите. Немавме соодветна реакција од Брисел, само реакција што ги повика двете страни на деескалација. Дури откако острата реакција на претседателот Александар Вучиќ беше проследена со нешто појасна осуда.
Вака почна декември, кој завршува којзнае како, но засега со повеќе од 16 брутални провокации, прекршување на бриселскиот договор, упади на косовската полиција вооружена до заби и напади на специјалните сили на северот на Косово. Тоа е брутално кршење на договорот.
Србите на северот бараа само да се почитуваат основните човекови права и да се знае каде е приведен Дејан Пантиќ и дека добива лекови. Ги имате сите европски институции, кои немо гледаат сè, немо набљудуваат“, изјави Брнабиќ за РТС.
„Се плашам од ескалација, ќе направиме сè за да ги зачуваме мирот и таа некаква стабилност, иако, за жал, не гледам дека има стабилност за Србите во Косово“, рече Брнабиќ и додаде дека Белград ќе разговора со меѓународната заедница, пред сè, со Брисел. Вели дека вакви разговори се водат секој ден.
„Претседателот Вучиќ е во секојдневен контакт со Србите на Косово, тие се во страшна ситуација и можам целосно да разберам дека им е доста од сè и дека веќе немаат доверба во претставниците на меѓународната заедница.
Тие луѓе само сакаат да го спроведат бриселскиот договор. Дали навистина е толку многу да се бара од ЕУ, која го потпиша тој договор и го гарантира неговото спроведување, да ја принуди Приштина да го спроведе по 10 години? Не мислам така“, додаде таа.
„Очекуваме меѓународната заедница, пред сè, Брисел, но и Вашингтон, да извршат притисок врз Приштина што побргу да почне со спроведување на бриселскиот договор. Тоа значи формирање заедница на српски општини. Нè увери и американскиот претставник Ескобар дека тоа треба да го направат што е можно побргу“, изјави Брнабиќ за РТС.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Храната за бебиња „аптамил АР1“ повлечена од пазарот во Хрватска
Поради зголеменото присуство на бактеријата Bacillus cereus, хрватскиот Државен инспекторат го повлече од пазарот „аптамил АР1“, формула за бебиња, произведена од Nutricia Export BV од Холандија, соопшти Хрватската агенција за земјоделство и храна (HAPIH).
Ова е исклучиво за производот од 400 g (храна за посебни медицински потреби) со рок на траење до 17.5.2026 година и ЛОТ: 111444865. Дистрибутер на производот на хрватскиот пазар е AWT International d.o.o.
Производот не е во согласност со регулативата на Европскиот парламент и на Советот за утврдување на општите принципи и барања на законодавството за храна, основање на Европскиот орган за безбедност на храната и утврдување процедури во прашањата за безбедност на храната и водичот за микробиолошки критериуми за храна, објави 2Индекс.хр“.
Регион
Сараево меѓу најзагадените градови во светот утрово
Сараево утрово се најде на врвот на листата на градови со најголемо загадување на воздухот во светот врз основа на податоците собрани и систематизирани од швајцарската веб-страница IQAir.
Според податоците, квалитетот на воздухот во главниот град на Босна и Херцеговина беше во таканаречената кафеава категорија, што е највисокото можно ниво на предупредување или ознака за воздух опасен за здравјето на луѓето. Индексот на квалитет на воздухот беше 355, а сè над 300 се смета за опасно за здравјето.
Следниот град со најголемо загадување на воздухот во светот беше Лахор во Пакистан со индекс од 271, што спаѓа во категоријата многу нездрав воздух.
Концентрацијата на фини честички прашина во воздухот ПM 2,5, кои продираат длабоко во белите дробови и може трајно да го оштетат здравјето во Сараево, беше 53 пати поголема од годишната референтна вредност дозволена од стандардите на Светската здравствена организација (СЗО).
Сараево е на листата на најзагадени градови во светот од синоќа. Ваквата ситуација е честа појава во зимските месеци, особено во периодите кога има температурна инверзија, па добиената магла го покрива сараевскиот басен, а честичките штетни супстанции се акумулираат под него.
За најголеми загадувачи на воздухот во Сараево се сметаат многуте согорувачки постројки, кои користат цврсти горива, како и густиот градски сообраќај, кој вклучува голем број стари возила. Локалните власти со децении не успеваат да го решат овој проблем, според медиумите во регионот.
Фото: депозитфотос
Регион
Американец загина во Словенија: се искачувал на Триглав
Американски државјанин загина во Словенија, најверојатно откако паднал од планинарска патека на Алпите, соопшти словенечката полиција.
Семејството на 33-годишникот изјави дека тој тргнал на планинарење во понеделник наутро до Триглав, највисокиот врв во Словенија, а потоа исчезнал, објави словенечката новинска агенција СТА.
Неговото тело е пронајдено вчера околу 1 часот наутро на дното од планинарска патека. Полицијата соопшти дека првичните наоди укажуваат дека паднал по стрмна падина.
Идентитетот на починатиот не е објавен.
Словенија е популарна дестинација за планинари и алпинисти поради бројните патеки во Јулиските Алпи.

