Македонија
Наградата „Андреја Дамјанов“ ќе ѝ биде доделена на Зорица Блажевска
Зорица Блажевска, професорка при Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, е добитник на наградата за животно дело „Андреја Дамјанов“ за 2022 година. Оваа награда ја доделува Асоцијацијата на архитектите на Македонија (ААМ) како признание за особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството.
„Творештвото на архитект Блажевска е длабоко посветено на архитектурата на домувањето со особен фокус на една од најчувствителните теми – архитектурата за третата животна доба“, велат од Асоцијацијата на архитектите.
Дипломира на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје под менторство на професор Георги Константиновски (1971). Докторира на тема „Семејната куќа во функција на хумано домување на старите лица во рамките на семејството“, под менторство на професор Георги Константиновски (1991), а беше и негов асистент на Архитектонскиот факултет, соработник и рамноправен партнер во низа клучни дела. Професорката Зорица Блажевска на Архитектонскиот факултет во Скопје ја продолжи линијата на своите претходници, професорите Јован Ранковиќ и Георги Константиновски, но даде и еден личен поглед на проектот на домувањето. Како професорка на предметот проектирање станбени згради, како и на низа предмети поврзани со областа на домувањето, ја постави и разви темата на живеење во третата доба како дел од педагошкиот проект и како одреден општествен ангажман.
Во развојот на својата кариера архитект Зорица Блажевска се формира во творец со особен авторски пристап.
„Со чинот на добивање на наградата ‘Андреја Дамјанов’ за 2022 година, архитект Блажевска станува член на Академијата на архитектите на Македонија, која функционира во рамките на ААМ. Свеченоста за доделување на наградата ќе се одржи на крајот на јануари 2023 година“, истакнуваат од Асоцијацијата на архитектите на Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

