Контакт

Македонија

Ковачевски во Пробиштип: Во услови на најголема светска криза обезбедуваме социјални станови за најранливите граѓани

Објавено пред

„Денес, 20 фамилии во Пробиштип добиваат нов дом. Споделената радост се зголемува и затоа сме денес тука заедно со Соња, Ласто, Марина, Фросина, Никола, Јован, Симона и со семејствата на сите други што денес ги добија клучевите од својот нов дом. Тука сме за да им посакаме среќа, на денешниот голем празник за оние што го празнуваат Свети Никола, да почнат посветло секојдневие исполнето со љубов и разбирање“, рече премиерот Димитар Ковачевски на денешното доделување на клучевите на новите домови на семејствата од социјално ранливите категории.

dobivaj vesti na viber

Ковачевски истакна дека голем број наши сограѓани со Програмата за ранливите категории на граѓани ќе живеат во современи услови, кои досега, за жал, ги немале.

„Тоа се наши граѓани, наши соседи, кои заслужуваат да имаат топол дом. Имав можност да поразговарам со семејствата и горд сум кога имаме ваков придонес, кога имаме опиплив резултат од посветената работа на институциите во служба на граѓаните. На овој начин се демонстрира грижа и поддршка за сите оние на кои им е потребна. Ова се важни капитални проекти бидејќи со нив го враќаме достоинството на социјално ранливите граѓани, овозможуваме да имаат пристоен живот и стабилно домување. Владата заедно со Министерството за транспорт и врски и сите надлежни институции особено значење даде на социјално-станбената политика. Во изминатите 4 години изградени се и во фаза на изградба вкупно 864 станбени единици, односно социјални станови, и тоа е навистина за пофалба. За споредба, од 2011 до 2017 година биле изградени 678 стана. Овие социјални станови се дом на оние на кои најмногу им треба помош: на деца без родители, лица со попреченост, граѓани што користат гарантирана минимална помош, самохрани родители припадници на сите заедници, припадници и на македонската заедница и на ромската заедница и на сите заедници бидејќи социјалната загрозеност не бира, меѓутоа и ние кои сме задолжени да помагаме не смееме да избираме, не избираме и нема да избираме кому ќе му помагаме. Ќе помагаме како што денес им помагаме на сите, без исклучок. За следната година во буџетот предвидени се 2,2 милиона евра за изградба на социјалните станови. Покрај тука во Пробиштип, само оваа година завршени со градба и распределени се становите во Гостивар, Виница, Струмица, а до крајот на годината ќе заврши распределбата и во Свети Николе, а в година ќе бидат во Бутел, Велес, Пехчево, Сарај и во Кочани. Внимаваме становите да се во целата држава за да обезбедиме порамномерен регионален развој и во извесна мера изедначување на станбениот стандард“, рече Ковачевски и посочи дека Банката за развој при Советот на Европа е подготвена за потпишување нов проект за изградба на нови дополнителни згради.

Министерот за труд и социјална политика, Благој Бочварски, истакна дека обезбедувањето достоинствени услови за живеење се прашања за кои нема дебата.

„Секој граѓанин заслужува дом, покрив над главата и подобри услови за живеење, особено сега во овие тешки времиња. Ова е наша задача и еве денеска во Пробиштип тоа го потврдуваме. Драго ми е кога ќе видиме вака задоволни граѓани на кои сме им го решиле станбеното прашање. Семејствата од социјален ризик што се најдоа на конечната ранг-листа исполнувајќи ги сите услови предвидени во јавниот повик за распределба на ова социјална зграда, денеска ги добија клучевите од својот нов дом. Посебно е чувството кога некому му подаваш рака, помагаш кога тоа е најпотребно, а ние се обидуваме токму тоа и да го правиме, да помогнеме на сите граѓани, да им дадеме поддршка, полесно да ги надминат предизвиците пред кои се исправени“, изјави Бочварски.

Директорот на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје, Зоран Ѓоргијев, рече дека колективната станбена зграда наменета за лица од социјален ризик и други социјално ранливи категории во Пробиштип е со вкупна површина од 2.700 м2, П+4 со 2 влеза, располага со 48 еднособни станбени единици, со површина од 35 до 45 м2, од кои 2 се приспособени за лица со телесен инвалидитет, 48 подруми и 12 паркинг-места.

„Вкупната инвестиција на објектот е приближно 70.000.000,00 денари. Предадена е од страна на изведувачот во декември 2021 година. Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и деловен – Бутел, Велес, Дебар, Кочани (ламела 3), а во текот на следниот месец очекуваме и комплетирање на документацијата на изградените објекти и во Демир Капија и Неготино“, изјави Ѓоргијев.

Македонија

Државата наплати данок од над 2 милиони денари од донациите за настраданите во пожарот во Кочани

Објавено пред

Иницијативата „Супорт Кочани“ ја реализираше третата распределба на средства собрани преку заедничката наменска сметка за донации. На лица директно погодени од трагедијата во „Пулс“, распределени се вкупно 3.153.204 денари. При тоа, 123 лица добиле по 15.968 денари, а кај други 19 лица, кај секој,  распределени се по 45.992 денари. На име на персонален данок (ППД) се исплатени 319.292 денари.

dobivaj vesti na viber

Ова вчера го соопштија волонтерите од „Супорт Кочани“, иницијатива формирана веднаш по катастрофалниот пожар од 16 март минатата година во кочанската дискотека „Пулс“.

Средствата од третата распределба преку заедничката наменска сметка се донации кои потекнуваат од Македонската православна епархија за Европа и од ослободена провизија од НЛБ Тутунска банка.

Со оваа распределба, процесот на директна финансиска поддршка продолжува во согласност со принципите на транспарентност, отчетност и правична распределба, порачуваат волонтерите.

Во трите распределби до сега, преку иницијативата „Супорт Кочани“, на 142 лица кои потпишале потреба за помош им се донирани во бруто износ вкупно 22.742.997 денари. Од оваа сума на име персонален данок (ПДД), исплатени се  вкупно 2.274.285 денари.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Орбан и Мицкоски го шират влијанието на Балканот

Објавено пред

СДСМ со длабока загриженост ги следи најновите случувања во регионот, предупредувајќи на ширење на унгарското влијание врз клучните економски и енергетски сектори на Балканот. „Политичката и бизнис спрега на релација Орбан–Мицкоски влијае и врз Македонија“, се наведува во соопштението на партијата.

dobivaj vesti na viber

Во Давос, премиерот Мицкоски немаше средба со ниту еден висок европски или светски лидер. Видеата кои сам ги снимаше покажуваат дека имал само неколку кратки средби со партнери, меѓу кои и сопственикот на унгарската 4iG.

СДСМ укажува дека унгарската енергетска компанија MOL, блиска до Орбан, потпишала прелиминарен договор за купување на 56,15% од акциите во српската нафтена индустрија (НИС), која досега беше под контрола на рускиот Газпром. „Овој обид не е само бизнис потег, туку е дел од Орбановиот план за контрола врз енергетските ресурси во регионот“, се вели во соопштението.

Партијата посочува дека Орбан преку унгарски компании веќе инвестира во банкарскиот сектор во Србија и други области на бизнисот, а сега се фокусира и на енергетскиот сектор, вклучително планови за нафтовод меѓу Србија и Унгарија и зголемени испораки на нафта поради санкциите. Двете земји, според СДСМ, и понатаму одржуваат блиски односи со Русија, иако тоа е спротивно на политиката на ЕУ.

„ВМРО продолжува да копира модели од Фидес и СНС, злоупотребувајќи ја власта за лични и партиски интереси“, предупредуваат од СДСМ, додавајќи дека ваквите чекори ја загрозуваат европската иднина на Македонија. Партијата повикува на будност и заштита на националните интереси од странски влијанија.

„Не смее да се дозволи нашата земја да стане дел од овој круг на корупција и авторитарност. Борбата за праведна и европска Македонија продолжува!“, велат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче имал желба за приватна болница, па смислил план да му ја земе на Жан Митрев

Објавено пред

Во СДС ништо ново. Случајот кој неодамна почна да се обелоденува пред јавноста, за кој сопственикот на приватна болница, д-р Жан Митрев се произнесе на национална телевизија за тоа како сегашниот претседател на опозициска СДС, Венко Филипче, и екс премиерот, Зоран Заев, е уште еден пример кој сведочи за начинот на кој претходната власт владееше, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Филипче како министер за здравство, имал желба да има приватна болница, а бил и подготвен да ги преземе сите неопходни чекори за да ја исполни истата.

Тој и неговиот ментор, смислиле шема, како на легален начин, да му ја одземат приватната болница на д-р Жан Митрев.

Му било кажано, дека ќе му помогнат во судскиот спор, и ќе го ослободат од обвиненијата против него, затоа што во тој момент д-р Жан Митрев имал отворен судски процес против него, па му биле блокирани личната и сметката на болницата, а имало и забрана за продавање на болницата.

Откако брзата птица итрица Заефче смислила план, на Митрев му било дозволено да продава удели во болницата.

Фактот што Филипче бил министер во време кога трансферите од државата кон болницата драстично растат, сопственикот имал притисоци и понуди за помош во судски постапки е уште еден доказ за животното мото на Заефче, кадија те тужи кадија те суди.

Најверојатно, за откако Филипче ќе ја одземе болницата, да си наследи веќе профитабилен бизнис.

Филипче да се занимаваше малку со тоа што е во описот на функцијата министер за здравство, со јавните интереси, немаше да го доведе здравството на колена.

Затоа, за овој случај, ЈО треба да  ги разгледа  индициите за изнуда и сторен криминал“; се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

Државата наплати данок од над 2 милиони денари од донациите за настраданите во пожарот во Кочани

Иницијативата „Супорт Кочани“ ја реализираше третата распределба на средства собрани преку заедничката наменска сметка за донации. На лица директно погодени...

Свет33 минути

На минусни температури, 6.000 згради во Киев останаа без греење по синоќешниот руски напад

Речиси 6.000 згради во украинската престолнина Киев останаа без греење по синоќешниот руски напад, изјави градоначалникот на градот, Виталиј Кличко,...

Регион2 часа

Крвава ноќ во Калуѓерица, маж по расправија со девојка се прободел со кујнски нож

Д.Г. (40) се повредил со нож во пределот на стомакот по расправија со девојка. Инцидентот се случил во белградската населба...

Македонија3 часа

Со понудени куќи, булдожери и милионска гаранција конзулот Марковски излезе од притвор

Куќа со двор и 3 стана во Битола, 25 булдожери и камиони, се гаранцијата која ја дал сопственикот на „Марковски...

Македонија13 часа

По денешните протести, Синдикатот на „Македонска пошта“: Надминати се сите проблеми, декемвриската плата е исплатена

Незадоволството на вработените во Македонска Пошта денеска прерасна во организиран протест низ целата држава, а причина за ваквата реакција и...

Европа14 часа

(Видео) Се појавија првите снимки од денешната средба: разговорите меѓу САД, Украина и Русија во Абу Даби ќе продолжат утре

Трилатералните разговори меѓу САД, Украина и Русија, што се одржаа денес во Абу Даби, беа оценети како продуктивни и ќе...

Европа14 часа

(Видео) Зеленски: Разговорот веќе се одржа, долго време немало ваков трилатерален состанок

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето видео обраќање извести за клучните дипломатски напори, ситуацијата на фронтот, енергетската криза и мерките...

Македонија15 часа

Тошковски: СДСМ и ДУИ се длабоко заглавени во сопственото политичко мочуриште, во кое партиските калкулации се ставаат над човечките животи

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, преку свој статус на фејсбук се огласи по повод денешното изгласување на Законот за...

Топ18 часа

Со фалсисифкување документи го оштетил РЕК Битола за речиси 90.000 евра: кривична против управител на приватна фирма од Новаци

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против 46-годишниот М.Т. од Битола поради постоење основи на сомнение...

Македонија18 часа

Најавен прекин на товарниот сообраќај на граничните премини од понеделник: МВР ќе обезбеди непречен сообраќај за патничките возила и автобусите

Министерството за внатрешни работи – Оддел за гранични работи и миграција известува дека до Министерството за внатрешни работи е доставена...

Македонија19 часа

(Видео) Левица за „Безбеден град“: Глобите да се пресметуваат според примањата

На денешната седница на Собранието, координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, најави дека во Законот за прекршоци, преку...

Македонија20 часа

Фатон Сељами избран за нов Народен правобранител

Со поддршка од 89 пратеници, Собранието денеска во рамки на 65. седница го избра Фатон Сељами од Тетово за нов...

Македонија20 часа

(Видео) Тренчевска: ВМРО-ЗНАМ ги одби сите амандмани на кривичниот законик, меѓу кои и членот за злоупотреба на службената положба

На денешната комисиска расправа, владејачката коалиција ВМРО-ЗНАМ ги одби сите амандмани на СДСМ за измените на Кривичниот законик, соопшти потпретседателката...

Македонија21 час

Системот „Безбеден град“ стартува од 1 февруари – Собранието ги усвои законските измени

Со 81 глас „за“ и 19 „против“ и воздржани, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот...

Македонија22 часа

Филков: Случајот со апелациониот судија не е само скандал, тоа е симбол на длабока системска слабост

Министерот за правда Игор Филков на денешната прес-конференција се осврна на актуелните состојби во правосудството и пристапот на Министерството за...

Македонија23 часа

Нема подигање пратки од Пошта, вработените протестираат за плата: ги минаа празниците и најдолгиот месец во годината без пари

Вработените во Македонска пошта од целата држава денес излегоа на протест преку кој побараа да им се исплати платата која...

Економија23 часа

Мицкоски: Без одржлива струја нема развој на вештачката интелигенција – градиме гасни интерконектори со две соседни држави

Македонија ги зајакнува преносните линии за електрична енергија и за гас, во однос на вештачката интелигенција. Се гради еден гасен...

Македонија23 часа

СДСМ со пакет амандмани: промена на членот за злоупотреба на службената положба, без рок за конфискација и 48 часа за снимките од „Безбеден град“

Пратениците на СДСМ поднесоа повеќе амандмани на Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Како што соопштуваат од партијата,...

Свет1 ден

(Видео) Бурата „Ингрид“ пустоши низ Франција: бранови како згради, ветерот носи сè пред себе

Бурата „Ингрид“ денес донесе силни ветрови, обилни врнежи од дожд и крајбрежни поплави во западниот француски департман Финистер во регионот...

Свет1 ден

Аракчи му порача на Зеленски: На светот му е доста од збунети кловнови

Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Аракчи, му порача на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, дека „на светот му...