Спорт
Второлигашот Воска Спорт го доведе капитенот на Македонија ЃП

Капитенот на Македонија ЃП, Ермедин Адем, е првото големо засилување за Воска спорт во зимскиот преоден рок. Тој потпиша договор на 18 месеци и треба да помогне во обидот овој второлигаш да избори пласман во елитата.
„Со задоволство ве информираме дека денеска постигнавме договор со капитенот на Македонија ЃП, Ермедин Адем. Договорот со овој квалитетен играч за врска е на 18 месеци, додека со неговото искуство се надеваме дека напролет овој средниот ред ќе го има вистинскиот сјај и дека неговото искуство ќе им помогне и на играчите од нападот да бидат максимално ефективни.
Адем во есенската сезона со Македонија ЃП одигра вкупно 14 натпревари, од кои два во Конференциската лига на УЕФА, откако минатата сезона го крена пехарот од Купот на Македонија.
Токму со Македонија ЃП, Ермедин Адем има одиграно најмногу натпревари во Првата лига, каде брои околу 250 натпревари и 33 постигнати голови. Потсетуваме, Адем претходно во кариерата настапуваше и за Шкупи, Милано од Куманово, Напредок, Тетекс и за Ренова“, објавија од Воска Спорт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Езе преферира трансфер во Тотенхем

Еберечи Езе, најдобриот играч на Кристал Палас, до крајот на преодниот рок ќе го напушти клубот.
Офанзивниот фудбалер од редот за врска, според англиските медиуми, веќе се договорил со Тотенхем.
Езе изразил желба да го напушти клубот и не се очекува да биде во составот за натпреварот против Челзи во недела. Палас е свесен за ситуацијата и веќе на пазарот бара замена за Езе.
Англичаните пишуваат дека во наредните денови може да има сериозен конфликт помеѓу играчот и клубот доколку Палас не го договори трансферот.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Алкарас го престигна Федерер, следна мета му е Ѓоковиќ

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го престигна Роџер Федерер по процент на победи на Мастерс турнирите.
Алкараз го победи Рубљов во четвртфиналето во петокот и се пласираше во ново полуфинале на турнирите од Мастерс серијата.
Ова беше неговата 82-ра победа во кариерата на Мастерс турнирите, има скор од 82-23, односно победил на 78,1% од мечевите.
Тој го престигна Федерер, кој моментално беше трет на листата на сите времиња (од 1990 година, минимум 10 одиграни натпревари). Швајцарецот ја заврши кариерата со 77,9 проценти.
Пред Алакрас се уште рекордерот Рафаел Надал, кој има 82%, и Новак Ѓоковиќ, кој е веднаш зад него со 81,5%.
Алкараз во ноќта помеѓу сабота и недела, кога ќе игра против Саша Зверев во полуфиналето на Мастерсот во Синсинати.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Бецеки на пол-позицијата во Австрија

Возачот на Априлија, Марко Бецеки, ја освои пол-позицијата на Големата награда на Австрија.
Ова е првата пол-позиција на Италијанецот од 2023 година иа Големата награда на Индија, а пол-позицијата ја освои со најбрзиот круг 1:28.060.
Бецеки на тој начин ја донесе пол-позицијата на Априлија по малку повеќе од година и пол.
Имаше и други изненадувања, Алекс Маркез го освои второто место, а Франческо Бањаја трето.
Меѓу првите 10 беа и Марк Маркез, Енеа Бастијанини, Фермин Алдегер, Педро Акоста, Раул Фернандез и Жоан Мир.
Спринт трката се вози од 15 часот, а главната трка е закажана за недела со почеток во 14 часот.
Marco Bezzecchi takes his first pole since 2023 ahead of @alexmarquez73 and @PeccoBagnaia 🙌#AustrianGP 🇦🇹 pic.twitter.com/XTyYZFyWI5
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) August 16, 2025