Спорт
Дејан Георгиевски, најдобар спортист во 2022 во изборот на Град Скопје и Сојузот на спортови на Скопје
Град Скопје во соработка со Сојузот на спортови на Скопје, во присуство на голем број спортисти, тренери, спортски работници и спортски екипи, традиционално ги додели годишните награди за најдобри спортисти.
Признанијата Спортист на годината на најдобрите за 2022 година, ги врачија градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и Зоран Стојановиќ, претседател на Сојузот на спортови на Скопје.
Најуспешни 10 спортисти во сениорска категорија (мажи и жени) се Дејан Георгиевски од таеквондо клуб Бутел Бобан Илиоски од кик-бокс клуб Шампион, Филип Додевски од таеквондо клуб Бутел, Петар Спасеновски од карате клуб Макпетрол, Викторија Варадинова од кик-бокс клуб Шампион, Мери Акиевска од фитнес и аеробик клуб Магнус, Дарио Ивановски од маратон клуб Делта, Вероника Костовска од карате клуб Олимпик 2007, Адријана Поп Арсова од маратон клуб Делта, Ангела Мојсовска од карате клуб Макпетрол.
Најуспешни 10 спортисти во младинска категорија (мажи и жени) се Стефан Стојановиќ од карате клуб Макпетрол, Омер Мемеди од боречки клуб Лирија 2010, Нелсон Узеир од кик-бокс клуб Шампион, Витомир Трајковски од карате клуб Макпетрол, Калин Ивановски од тениски клуб Југ, Бесир Алили од боречки клуб Лирија 2010, Марија Петровска од карате клуб Макпетрол, Дарко Георгиевски од таеквондо клуб Бутел, Магдалена Станковска од триатлон клуб Триоги Ресјинг, Александра Симева од тениски клуб МТП.
За најуспешна спортска екипа од Скопје е прогласен карате клуб Макпетрол, за најуспешен тренер Дејан Митровски од кик кокс клуб Шампион, најуспешен спортист – странец кој настапува за екипа од Скопје, Сандеј Адетунџи, од фудбалскиот клуб Шкупи.
За најуспешен спортист во категоријата на лица со инвалидност е прогласен Андреј Стојановски од „Сојуз за спорт и рекреација на инвалиди на Кисела Вода“ за исклучителните резултати и постигнато три пати 4то место во пливање на Летните олимписки игри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Чешка го слави 19-годишниот Методеј Јилек
Со спектакуларно лизгање, Методеј Јилек и го донесе вториот златен медал за Чешка на Зимските олимписки игри во Милано.
Во трката на 10.000 метри во брзо лизгање, тој ја запре штоперицата на 12:33,42 и го постигна најубедливиот триумф во досегашниот тек од натпреварите во оваа дисциплина.
За чешкиот тинејџер, кој има само 19 години, ова е втор медал во Милано. Тој веќе го освои среброто на 5.000 метри.
Во сенка на сензационалниот Чех остана Полјакот Владимир Семируниј, кој стигна до среброто со заостанување од 5,65 секунди, додека бронзата му припадна на ветеранот, 40-годишниот Холанѓанец, Јорит Бергсм.
Foto/ EPA
Спорт
Игор Тудор ќе го води Тотенхем
Хрватскиот тренер Игор Тудор се согласи да ја преземе клупата на Тотенхем како привремено решение до крајот на сезоната. Тудор доаѓа откако Томас Франк беше отпуштен претходно оваа недела по лошата серија резултати што го остави клубот на 16-то место во Премиер лигата, само пет бода над зоната за испаѓање.
Извори велат дека одборот на Спарс сакал да назначи привремен менаџер пред играчите да се вратат на тренинзите во понеделник.
Последниот ангажман на Тудор беше во Јувентус, каде што помина седум месеци. Тој го презеде тимот во март минатата година како привремен тренер и забележа само еден пораз во девет натпревари до крајот на сезоната, обезбедувајќи му мест на клубот во Лигата на шампионите. Тој успех му донесе долгорочен договор.
Откако беше елиминиран во осминафиналето на Светското клупско првенство од Реал Мадрид, Јувентус ја отвори сезоната во Серија А со три победи, но следеше серија од осум натпревари без победа во сите натпреварувања. Тој беше отпуштен во октомври 2025 година по поразот од Лацио, оставајќи го клубот на осмото место на табелата.
Сепак, ситуацијата за следната сезона сè уште не е целосно дефинирана. Италијанскиот новинар Фабрцио Романо наведува дека Роберто Де Зерби и Маурисио Покетино се главните кандидати за трајно решение на клупата на Тотенхем по завршувањето на актуелната сезона.
Тудор го презема тимот во деликатен момент, со задача да го стабилизира тимот и да го извлече максимумот од сезоната, додека раководството ќе донесе конечна одлука за долгорочниот проект на лето.
Foto/ depositphotos
Спорт
Брентфорд го продолжи договорот со Игор Тијаго
Бразилскиот фудбалер Игор Тиаго го продолжи договорот со Брентфорд, објави англискиот клуб.
Со новиот договор, Тиаго би можел да остане во редовите на Премиер лигата до летото 2031 година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.
Веста за продолжувањето доаѓа откако Премиер лигата го прогласи за најдобар играч во јануари. Тиаго постигна пет гола на пет натпревари во јануари, со што ја освои наградата за најдобар играч на месецот во Премиер лигата по втор пат оваа сезона.
Во тој период, Брентфорд забележа две победи, едно реми и два порази, и моментално е на седмото место на табелата во Премиер лигата со 40 бода.
Тиаго (24) пристигна во Брентфорд во 2024 година од Клуб Бриж, а пред тоа играше за Лудогорец и Крузеиро.
Бразилскиот фудбалер одигра 26 натпревари за англискиот клуб во сите натпреварувања оваа сезона и постигна 18 голови.
Foto/ depositphotos

