Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Нови дојави за бомби, страв и тензии, Спасовски, наместо за безбедноста на граѓаните, се грижи за партиските митинзи
Повторно дојави за бомби, повторно евакуации на училишта, повторно тензии, а Оливер Спасовски продолжува со неспособноста и не може да се справи со оваа безбедносна закана, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата наведуваат дека капацитетите на МВР ги ангажира само кога се работи за обезбедување партиски настани на СДС, а не и за граѓаните. Да потсетиме дека полицијата го чуваше 24 часа објектот во кој требаше да се одржи трибината на СДС, а во исто време граѓаните се во постојана тензија и страв од дојави за бомби во трговски центри, станбени објекти, хотели, институции и други јавни места веќе со месеци. Дури и странските амбасади веќе ги предупредуваат своите граѓани што патуваат во Македонија. Сите се загрижени за безбедноста, само Спасовски и Ковачевски мува не ги лази.
Останува нејасно зошто неспособниот Спасовски до сега не побарал помош од меѓународни и домашни експерти за решавање на овој проблем? Зошто дури сега, по три месеци од континуирани закани и тензии, се координираат безбедносните служби? Зошто не се искористени капацитетите на нашите пријателски и партнерски земји кога веќе власта тврди дека сме под хибридни напади? Дали власта на Ковачевски намерно дозволува да се шират страв и тензии во јавноста толку долго или, пак, толку знаат да се справат со ситуацијата, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

