Македонија
Тренчевска: Згрижувачките семејства се важна алка во системот за социјална заштита, кои треба да ги унапредуваме
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денес се сретна со претставници на СОС Детското село. На средбата од нивна страна беа презентирани резултатите од кампањата спроведена во текот на 2022 година во 23 општини – „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“, која беше спроведена со цел промоција на важноста на згрижувањето како процес. Благодарение на оваа кампања забележани се нови семејства, кои покажале интерес да бидат згрижувачи.
Креирањето систем што ќе му обезбедува соодветна заштита на секое дете подразбира развивање на згрижувачките форми според потребите на децата, затоа во следниот период фокусот ќе се стави на унапредувањето на вештините и знаењата на згрижувачите, со посебен акцент на развивање на интервентните и специјализираните згрижувачки семејства.
„Нашата цел како Министерство за труд и социјална политика е да работиме и на квалитетот на испорачани социјални услуги. Фокусот навистина треба да биде на интервентните ина специјализираните згрижувачки семејства“, рече Тренчевска.
Но, претставниците на СОС Детското село ја информираа министерката дека истовремено работат на развивање советодавно-терапевтски центар, кој првпат ќе ја имплементира траума-информативната пракса како клучна алатка во работата со деца што доживеале некаква траума.
На крајот од средбата присутните се согласија дека продолжува соработката и понатаму со цел унапредување на положбата на згрижувачките семејства и подобрување на квалитетот на услугите, особено на услугите од детската заштита.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

