Македонија
(Видео) Ковачевски – Шентоп: Потврдени традиционално добрите односи меѓу Турција и Македонија

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, се сретна со Мустафа Шентоп, претседател на Големото национално собрание на Република Турција.
На состанокот се потврдени традицонално добрите односи помеѓу двете држави коишто бележат унапредување. Тоа, како што е констатирно може да се согледа и од фактот дека Турција е меѓу најголемите трговски партнери на Северна Македонија, а во државава има и значителен број турски инвеститори кои веќе инвестираат, или се заинтересирани за инвестирање во земјава.
На средбата е пренесен поздрав од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, до премиерот Ковачевски и силна поддршка од Република Турција за напредокот на Република Северна Македонија во делот на евроинтеграциите, по почетокот на преговорите.
Заеднички е констатирано дека европските интеграции на Северна Македонија се значајни за перспективите на нашата земја, но и за стабилноста на целиот регион, како и на Европа.Премиерот Ковачевски се заблагодари за значајното, искрено, долгогодишно и континуирано пријателство и поддршката од Република Турција на нашата држава, од осамостојувањето до денес, што продолжува да се развива во рамки на партнерството на двете држави во НАТО.
Во таа насока посебно е истакната соработката во областа на одбраната. Разговарано е и за значењето на поддршката од Турција и соработката во областа на енергетиката.
На состанокот, во пресрет на утрешниот државен празник за турската зедница во земјава, Денот на наставата на турски јазик, премиерот Ковачевски нагласи дека Владата останува посветена на развојот на Северна Македонија како успешен пример на мултиетничка, функционална демократија во регионот и во Европа. Во рамки на овие определби е посочено и на подршката за отворање нови паралелки на турски јазик во училиштата во државава.
На состанокот беше посебно истакната соработката во областа на културата помеѓу Северна Македонија и Турција, што резултира и со отворените културни центри во Скопје и во Истанбул, како и реализацијата на други проекти што се во насока на унапредување на соработката на овој план.
Видео со инсерти
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Словенечки пожарникари пристигнаа за помош во гасење на шумските пожари во Македонија

Повеќе од 60 пожарникари од Словенија со 18 возила утрово пристигнаа преку граничниот премин „Табановце“.
Тие се приклучија на македонските и чешките тимови во борбата против шумските пожари кои беснеат низ земјава.
Според последните информации на Центарот за управување со кризи (ЦУК), во изминатото деноноќие биле регистрирани вкупно 28 пожари на отворен простор, од кои три сè уште се активни, пет се ставени под контрола, а дваесет се целосно изгаснати.
Активните пожари се лоцирани во планинските предели кај Нивичино, како и на потегот помеѓу неколку села во Прилепско и Кавадаречко. Во Прилепско, интервенцијата е отежната поради детонации во близина на пожарот, поради што на тој дел не се интервенира, соопшти утрово ЦУК.
Македонија
Пожарот во Прилепско отежнат поради детонации – сè уште активни три пожари во земјава

На територијата на Република Северна Македонија во изминатото деноноќие биле регистрирани вкупно 28 пожари на отворен простор, од кои три сè уште се активни, пет се ставени под контрола, а дваесет се целосно изгаснати.
Активните пожари се лоцирани во планинските предели кај Нивичино, како и на потегот помеѓу неколку села во Прилепско и Кавадаречко. Во Прилепско, интервенцијата е отежната поради детонации во близина на пожарот, поради што на тој дел не се интервенира, соопшти ЦУК.
Под контрола се пожари во општините Македонски Брод, Штип, Карбинци и Македонска Каменица, каде е зафатена претежно мешана или нискостеблеста шума, како и деградирани површини со ниска вегетација.
Пожарникарските екипи и понатаму се ангажирани на терен, а властите апелираат на внимателност и одговорно однесување, особено во подрачја каде постои зголемен ризик од нови пожари.
Македонија
Управител и фирма обвинети за неправилности во производството на медицински канабис

Полицијата поднесе кривична пријава против управителот Д.К.(30) од Скопје и фирмата.
Пријавениот, како одговорно лице, по добивање на решението лани за одгледување на канабис за медицински цели, постапил спротино на одредбите од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци. Од МВР велат дека тој не се придржувал кон елаборатот за производство на канабис за медицински цели, што било констатирано при извршена контрола од страна на полициски службеници од МВР во содејство со Комисијата за оценување на исполнетоста на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на медицински канабис.
Притоа биле одземени 1.260 грама марихуана, како и исушено искршено стебло и поголем број на исушени и скршени гранчиња од растението канабис.