Свет
Гутереш критикуван од САД: „Очигледно попушти пред руските закани“

САД го обвинија генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш дека „очигледно попушта пред руските закани“.
Оттаму велат дека тој не испратил функционери во Украина за да ги проверат беспилотните летала што ги користи Русија, а кои Вашингтон и другите велат дека биле испорачани од Иран, објави „Ројтерс“.
Русија, наводно, негираше дека нејзините сили користеле ирански беспилотни летала во Украина и тврди дека претставниците на ОН немаат мандат да патуваат во Киев за да го истражат потеклото на беспилотните летала. Иран, од друга страна, призна дека ја снабдува Москва со беспилотни летала, но рече дека тие биле испратени пред Русија да ја започне својата инвазија на Украина.
Велика Британија, Франција, Германија, САД и Украина истакнуваат дека испораката на беспилотни летала од иранско производство во Русија ја прекршува резолуцијата на Советот за безбедност на ОН од 2015 година, со која се потврдува иранскиот нуклеарен договор. Тие очекуваат Гутереш да испрати официјални лица во Киев за да го истражат проблемот.
„ Жалиме што ОН не започнаа нормална истрага за тоа прекршување“, рече заменик американскиот амбасадор во ОН, Роберт Вуд, на состанокот на Советот за безбедност во понеделникот за резолуцијата за иранскиот нуклеарен договор од 2015 година.
Во извештајот до Советот претходно овој месец, Гутереш рече дека претставниците на ОН ги испитуваат достапните информации и дека сите наоди ќе им бидат достапни на властите во догледно време.
Запрашан во понеделникот за притисокот со кој се соочува, Гутереш им рече на новинарите дека западните обвинувања дека Иран ѝ испорачувал на Русија беспилотни летала користени во Украина се гледаат во поширок контекст на сè што ОН прават во врска со таа војна и како ќе одредат дали и кога треба да бидат испратени официјални лица до Киев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Брнабиќ за навредите кон Вучиќ: Во последните 72 часа видовме сè, омраза кон еден човек, желби и надежи дека ќе умре

Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ, зборуваше за навредите упатени кон претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
У последњих 72 сата смо видели све – непатворену мржњу према једном човеку, жеље и надања да ће умрети (што пре), салве увреда на његов рачун, као и на рачун његове породице (поново), покушаје да му се уништи живот, како професионални, тако и приватни (најбоље и професионални и…
— Ana Brnabic (@anabrnabic) May 5, 2025
„Во последните 72 часа видовме сè -омраза кон човек, желби и надежи дека ќе умре (што поскоро), навреди на негова сметка, како и на сметка на неговото семејство (повторно), обиди да му го уништат животот, професионален и приватен. Не бираа ниту средства, ниту зборови и не ги интересираше исходот ниту за Србија, ниту за него самиот, или за неговото семејство. Единствена цел, како и секогаш, беше да му наштетат, да го повредат и омаловажат, да му направат некоја мизерна пакост. И веќе со години тоа е нивната цел, но со години не успеваат во тоа затоа што народот ја цени неговата работа, неговата борба, неговата посветеност и љубов кон Србија.
Се што се обидуваа да му направат во изминатите 13 години беше собрано во изминатите 72 часа. И повторно тој ќе победи, како што ќе победи и Србија. Нетрпеливо чекам да дојде среда навечер, кога сите тие мали, палави души ќе бидат заглавени во место. Само напред, претседателе“, објави Брнабиќ.
Свет
Нетанјаху најави интензивна офанзива во Газа: „Хамас ќе биде поразен“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека новата офанзива во Појасот Газа ќе биде интензивна воена операција насочена кон пораз на Хамас.
„Населението ќе биде преместено за нивна заштита“, рече Нетанјаху во видео објавено на мрежата „Икс“.
Израелскиот премиер додаде дека израелските војници нема да влезат во Газа, да започнат напади, а потоа да се повлечат.
„Намерата е спротивна од тоа“, нагласи Нетанјаху.
Тој не објасни детално колку од територијата на енклавата ќе биде окупирана.
Свет
(Видео) Димна бомба фрлена врз премиерите на две европски земји: итно беа евакуирани

Димна бомба беше фрлена врз премиерите на Холандија и Полска, Дик Шуф и Доналд Туск, додека тие зборуваа на комеморативен настан во градот Вагенинген.
На прославата по повод 80-годишнината од ослободувањето на Холандија, полскиот премиер Доналд Туск се најде во центарот на инцидент кога беше фрлена во негов правец димна бомба за време на церемонијата, непосредно пред да го запали симболичниот „пламен на ослободувањето“.
W TVNie już mówią że przeżył 😂😂😂😂😂
Tusk dostał racą ‼️szkoda że tylko racą? i niech w łeb Ale skurwiela kochają nie tylko w Polsce 😂😂😂😂 Szybko go zabrali do schronu😂 pic.twitter.com/OtnvSltQ9y
— 🇵🇱Bon Scott🇵🇱 (@callofkosa) May 5, 2025
Со него на сцената беше неговиот холандски колега Дик Шуф.
За време на церемонијата, запаливата направа падна пред нозете на полскиот премиер, фрлен од некој во толпата, од кои некои држеа транспаренти со кои беше критикувана војната во Појасот Газа. Туск веднаш беше отстранет од сцената.
Според светските медиуми, овој инцидент можеби бил насочен против полскиот премиер.
Во исто време, за време на претходниот дел од церемонијата, кога зборуваше холандскиот министер за одбрана Рубен Брекелманс, некои луѓе извикуваа пропалестински слогани.
Холандските медиуми објавија информации за пет апсења.