Спорт
Нереални сцени во Аргентина: Навивачите носea старец во инвалидска количка на пречекот на фудбалерите
Аргентина ја победи Франција во неделата по изведувањето пенали и по третпат во историјата стана светски шампион. По спектакуларни 120 минути беше 3:3, а потоа по изведувањето пенали Аргентинците беа посреќни и поумешни и по 1978 и 1986 година и ја донесоа на својата земја шампионската титула.
El abuelo salió a festejar con la banda 😂😂#FoxSportsArgentina #Qatar2022 #TodosJuntos pic.twitter.com/oFEfH5QZ9R
— FOX Sports Argentina (@FOXSportsArg) December 20, 2022
Лионел Меси конечно го освои единствениот трофеј што му недостигаше, а Аргентина буквално експлодираше од среќа.
Со денови во Аргентина никој не спие, само се слават хероите на нацијата. Сцените од Аргентина се неверојатни, а една од најживописните е онаа во која еуфоричните фанови носат постар човек во инвалидска количка додека тој во транс го вее аргентинското знаме.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
ВТА ја прогласи Сабаленка за тенисерка на годината
Белоруската тенисерка Арина Сабаленка (27) е прогласена за играч на годината на ВТА, откако цела 2025 година ја помина на врвот на ранг-листата, објави водечката женска тениска организација.
Тенисерката број еден во светот е прогласена за најдобра втора година по ред, со што стана трета тенисерка во последните 15 години што ја освоила наградата повеќе од еднаш. Таа славеше со речиси 80% од гласовите на меѓународните тениски новинари.
Во текот на оваа година, Белорусинката освои четири турнири, вклучувајќи го и Отвореното првенство на САД, играше во девет финални мечеви, оствари 63 победи и постави нов рекорд во наградниот фонд во една сезона, заработи 15 милиони долари.
Сезоната заврши со 63 победи и 12 порази.
Чехинката Катерина Сињакова и Американката Тејлор Таунсенд беа прогласени за најдобар пар откако го освоија Отвореното првенство на Австралија и стигнаа до финалето на Отвореното првенство на САД. Тенисерката која најмногу напредуваше е Американката Аманда Анисимова.
Американката стигна до пет финалиња, освојувајќи ги првите ВТА 1000 титули во кариерата во Доха и Пекинг, а стигна и до своите први финалиња на Гренд слем турнирите на Вимблдон и на Отвореното првенство на САД.
Foto/ depositphotos
Спорт
Трипл-дабл пресметка меѓу Јокиќ и Шенгун – Денвер во продолженијата го победи Хјустон
Денвер и Хјустон одиграа супер интересен натпревар изминатата ноќ во НБА лигата. Во регуларниот дел, натпреварот во „Бол Арена“ заврши 117:117, по дополнителните пет минути победата им припадна на Денвер Нагетс 128:125. Никола Јокиќ и Алперен Шенгун натпреварот го завршија со по трип-дабл.
Денвер избори продолженија на две секунди до крајот, кога од линијата за слободни фрлања погоди Џамал Мареј. Претходно двата тима се менуваа во водството, а во текот на мечот нити еден од тимовите не успеа да створи значајна предност.
Јокиќ постигна 39 поени (13/27 од поле, 5/9 за тројки, 8/11 слободни фрлања), 15 скока, 10 асистенции и две блокади и по една украдена топка за 42 минути на паркетот. Јокиќ го забележа 12-от трипл-дабл во сезоната, уште пет го делат од Оскар Робертсон, кој е втор на вечната листа.
Џамал Мареј имаше голем придонес, особено во продолженијата. Тој постигна вкупно 35 поени, со пет асистенции и три скока. Тим Хардавеј и Кем Џонсон додадоа по 13.
Од другата страна, Алперен Шенгун одигра одличен натпревар, забележа 33 поени, со 10 скока и асистенции.
Го следеа Кевин Дурант со 25 поени, седум асистенции и пет скока, Џош Окоги имаше 16 поени и четири скока, а Џабари Смит 16 поени, 10 скока и четири асистенции.
Спорт
(Видео) Осум голови на „Олд Трафорд“, по бод за Мначестер Јунајтед и Борнмут
Манчестер Јунајтед и Бортнумт приредија спектакл за крај на 16-то коло во Премиер лигата. Натпреварот на „Олд Трафорд“ заврши 4:4 (2:1). Јунајтед на табелата се во групата тимови со 26 поени, распоредени од петтото до осмото место, додека Бортмут со 21 бод се наоѓа на 13-та позиција.
Тешко е да се опшише што се се случуваша на „Олд Трафорд“, Јунајтед водеше 1:0 (Диало) и 2:1 (Касемиро) по првиот дел. Борнмут со блиц криг на почетокот на второто полувреме направи пресврт и поведе 2:3 (Еванилсон и Таверние).
На ист начин возратија фудбалерите на Јунајтед во 77-та и 80-та минута кога ја вратија предноста (3:4), стрелци Бруно и Куња, а точка на спектакуларниот меч стави Крупи во 84-та минута.

