Македонија
СДСМ: Наместо да жали Мицкоски да понесе одговорност за хасот во Скопје
Христијан Мицкоски треба да понесе одговорност за хаосот што му се случува на Скопје, наместо јавно да се жали за своите проценки, соопшти СДСМ.
„ Мицкоски беше тој кој ја поддржуваше Данела Арсовска на локалните избори, Мицкоски беше тој кој во нејзино име најавуваше нови еколошки автобуси па дури и фабрика за нивно производство. Денес, не само што нема нови автобуси, туку не функционира ниту постоечкиот јавен превоз.
Приватните превозници не возат, а Јавното сообраќајно претпријатие е во долгови и пред колапс. Одговорноста за катастрофата што се случува во Скопје е кај Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. И градоначалничката и претседателот и мнозинството во Советот и мнозинството во надзорните и управни одбори во јавните градски претпријатија, сите се поврзани со Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
За само една година, ВМРО-ДПМНЕ го блокираше Градот, Скопје денес стагнира, нема нови проекти, нема довршување ниту на наследените, но затоа има партизација и колапс на јавните претпријатија, порачаа од владејачката партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

