Македонија
Спасовски: Зголемување за 400% во откривачката дејност на фалсификувани возила на северната граница
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со дел од раководството на МВР, одржа работна средба со раководствата на СВР Куманово и Регионалниот центар Север со цел согледување на сработеното како и лично запознавање со реализираните активности во 2022 година и со постигнатите резултати. На средбата Спасовски беше информиран за безбедносната состојба на подрачјата на СВР Куманово и Регионалниот центар Север, состојбите со криминалитетот, како и активностите кои се преземаат, во насока на намалување на стапката на криминалитет, одржување на поволен јавен ред и мир, безбеден патен сообраќај и превенција, со единствена цел – подигнување на безбедноста и заштита на граѓаните. Министерот Спасовски напомена дека на територијата на СВР Куманово во периодот јануари – ноември 2022 година, споредбено со истиот период во 2021 година, вкупниот број на кривични дела бележи намалување за 13.3 %.
„Во истиот период во однос на активностите насочени кон спречување и откривање на недозволена трговија со дрога и оружје, СВР Куманово бележи зголемување во откривачкиот дел за 21.7 %. Позитивниот тренд во 11-те месеци годинава присутен е и во областа на безбедноста во сообраќајот. Само во месец ноември 2022 година споредбено со ноември 2021 бележиме намалување на вкупниот број на сообраќајни несреќи за 34,8%“, истакна Спасовски. За територијата која е во надлежност на Регионалниот центар Север Спасовски потсети дека во периодот јануари – ноември во 2022 година споредбено со истиот период минатата година постигнато зголемување во откривачката дејност на фалсификувани возила за 400%.
„Во делот на откривање на илегалната миграција годинава бележиме зголемување за 8,5 % на бројот на откриените илегални преминувања споредбено со 2021 година и зголемување на откривачката дејност за 15% за откриени случаи на криумчарење мигранти. Што се однесува за бесправна сеча и пустошење на шуми годинава имаме тренд на зголемување на откриената дрвна маса за 11%“, истакна министерот додавајќи дека во периодот јануари – ноември 2022 година споредбено со истиот период во 2021 година се бележи тренд на зголемување на откриените случаи на прекуграничен криминал за 22,2 %. Спасовски изрази уверување дека и во наредниот период ќе се продолжи со зголемена динамика при реализација на превентивните активности, но и на репресивните мерки, па со добри резултати во поглед на ефикасноста ќе ја испратиме оваа година, што ќе биде дополнителен мотив за уште подобри резултати во годината што следи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„На сите им е јасно дека без поддршка и логистика од врвот на власта не е возможно да се шверцуваат 5 тони дрога“, велат од СДСМ
„После цела недела од објавувањето на картелскиот скандал со заплена на 5 тони дрога од Македонија во Србија нема одговор на клучното прашање: како 5 тони дрога поминала преку македонската граница? Станува збор за огромна количина на дрога. Пет, десет, можеби и повеќе шлепери со дрога ја поминале границата, а нема приведени, нема осомничени, нема информација кој се е замешан“, велат од СДСМ.
„Како е можно од самиот центар на Скопје да излезат 5 тони дрога и ‘лесно невидливо’ да ја преминат границата и да заминат за Србија? Каде се камерите на „Safe City“? Каде била полиција? Каде била Мобилна цaрина? Зошто немало контроли? Што правеле АНБ и АР?
На сите им е јасно дека без поддршка и логистика од врвот на власта не е возможно да се шверцуваат 5 тони дрога. Од медиумите видовме дека случајот во Србија е поврзан со сестринската партија на ВМРО- СНС како и со државни функционери.
Прашањето е кој се е вмешан од структурите во Македонија и кој дозволил 5 тони дрога да поминат преку граница? Мицкоски, Тошковски, Тарчуловски, Николовски, началници, раководители, инспектори, службеници. Кој?
Заплените кои ги прави власта не се одговор на главните прашања туку дефокус од скандалот со 5 тони дрога. Но и тоа не може да ја спаси власта. Доколку се запленети нелегално произведен и складиран канабис во Македонија, тогаш повторно одговорноста е кај власта и кај никој друг.
Затоа што дозволиле нелегално да се произведува и складира марихуана изминатите две години. Одговорноста за картелскиот скандал со 5 тони дрога која од Македонија завршила во Србија води директно до врвот на владата. Нема бегање. Сите ќе одговарате!“, соопштуваат од СДСМ.
Македонија
„Немирната совест го натера Заев на панични реакции“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Заев, основачот на марихуана бизнисот во Македонија, не спие мирно. Немирната совест го натера Заев на панични реакции уште во неделата рано изутрина. Нервозната реакција е јасен знак дека Заев се чувствува директно погоден и разоткриен, откако вистината почна да излегува на виделина“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Факт е дека токму владата предводена од Заев го постави темелот на бизнисот со марихуана во Македонија. Околу 70% од запленетата дрога е поврзана со фирма блиска до СДС, „ЦБД Медплант“, чиј основач е Тони Котев (Мгчев), поранешен претседател на општинскиот одбор во Ново Село, човек поврзан со Вице Заев. Фирмата, формално во сопственост на неговиот син, за помалку од шест месеци испорачала 19 тони марихуана.
Фирмата на Мгчев добива одобрение за работа во време кога владата ја предводеше Заев, а Филипче беше министер за здравство, поточно во 2020 година.
ВМРО-ДПМНЕ уште тогаш укажуваше дека лиценците за одгледување марихуана за медицински цели се доделувале исклучиво на фирми блиски до власта, а не според законски услови.
Медицинската марихуана била параван за организиран криминал во огромни размери.
Јавноста има право да знае и зошто Заев лично се интересирал за случајот со петте тони марихуана запленети во Србија.
Апелираме до Јавното обвинителство да ја истражи вмешаноста на Заев и Филипче во овој случај и да ги објави сите сознанија. Борбата против криминалот е јасна, а на наркокартелот на Заеви му доаѓа крајот“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина и тоа:
· во период од 06:00-10:00 часот корисниците на улицата Пајак, улицата Наум Наумовски Борче (од Костарика до Министерство за земјоделие), општина Центар;
· во период од 08:30-14:30 часот корисниците на дел од улицата Радишанска, општина Бутел;
· во период од 09:00-12:00 часот корисниците на улицата 29 Ноември бр.37, општина Центар;
· во период од 09:00-14:00 часот корисниците на дел од улицата Урош Џудовиќ, општина Карпош.

