Македонија
(Видео) Муцунски: Следната година планиран е почеток на градба на две градинки, во Лисиче и позади кулите Џевахир
Аеродром ќе добие уште две нови градинки. Изградбата ќе започне следната година. Едната ќе се гради во Лисиче, а другата позади кулите Џевахир, ова денеска го изјави градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски.
Тој додаде дека целта на денешната презентација беше да дадеме краток осврт што сработивме во 2022-рата година, но уште побитно да презентираме пред граѓаните кои ни се плановите за 2023-тата година. Секако тука ни се најбитни капитални инвестиции и тие што се најбитни за Аеродром како општина која што согласно демографските податоци што ги добиваме е најголемата општина, но исто така и општина со најмладо население.
Следната година планираме почеток на градба на две нови градинки, едната во населба Лисиче, а другата позади кулите Џевахир. Имаме намера да почнеме со доградби и надградба на две основни училишта. И секако друг ред број на други проекти кои што продолжуваат, примарно насочени кон најмладите категории но исто така решавање на инфраструктури и проблемите што се нови улици, нови паркинзи и сето тоа што им е потребно на аеродромци, рече Муцунски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Познат идентитетот на Македонката која загина во тешка сообраќајна незгода во Грција, тешко повредени уште две девојки
Министерството за надворешни работи соопшти дека денеска во 12 часот по локално време, на автопатот Егнатиа, во Република Грција, се случила тешка сообраќајна несреќа, во која М.Н. (1995), државјанка на Република Северна Македонија го изгуби животот.
„Претставниците на Генералниот конзулат на Северна Македонија во Солун, кои од времето на настанатата трагедија беа во контакт со блиски на жртвата, остануваат на располагање за асистенција во врска со преносот на останките на починатата во земјата.
Воедно, информираме дека засегнати се и три наши државјанки, сопатници на починатата, А.К (2000) и М.Р (2000), кои добиле тешки повреди и И.Ј (1999) која не е повредена, при што се соодветно хоспитализирани“, соопшти МНР.
Генералниот конзулат останува во постојана комуникација со надлежните институции и на располагање на повредените наши државјанки и нивните семејства при евентуална потреба за помош, до нивното враќање дома.
Македонија
(Видео) Хеликоптер на МВР исфрли над 20 тони вода врз пожар во кичевско
Денеска хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР, по добиено барање од ЦУК, дејствуваше на пожарот на отворено во атар на село Цер во општина Кичево, извести МВР.
Хеликоптерот исфрли над 20 тона вода и го стопира кракот што се наближуваше да зафати букова шума, соопшти МВР.
Македонија
Топлото време продолжува и во наредните денови, утре температурите до 40 степени
Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. UV=9
Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 40 степени.
Во деновите од викендот нашето подрачје и понатаму ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ поради што времето ќе биде претежно сончево и натпросечно топло. Од понеделник во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во постепено благо опаѓање.