Спорт
Франција, Хрватска, Словенија и Шпанија драстично ослабени доаѓаат на СП во ракомет

Светското првенство во ракомет ќе се одржи од 11. до 29.јануари наредната година во Полска и Шведска.
На СП ќе учествуваат 32 репрезентации, меѓу нив е и Македонија. Листата на фаворити е иста како и на последните неколку големи натпреварувања: Данска, Франција, Шпанија, Шведска, Норвешка, Хрватска…
Сепак, дел од фаворитите на Мундијалот ќе дојдат со драстично ослабен состав.
Најмногу проблеми имаат Французите и Хрватите. Францускиот селектор Гијом Жил не може да смета на левото крило на Монпеље Уго Дескат, бекот на Барселона Тимоти Н’Гесан, Ајмерик Мине од Нант, резервниот репрезентативен голман Весли Пардин и одбранбениот специјалист Карл Конан.
Шпанците нема да го имаат десното крило Алеикс Гомез Абел и Аитор Арињо.
Хрватскиот селектор Хрвоје Хорват нема да може да смета на Давид Мандиќ, Халил Јагањац и Марко Мамиќ, а проблеми со повреди се уште имаат Иван Чупиќ и Лука Циндриќ.
Словенија на Мундијалот ќе биде без Миха Зарабец (Кил), Матеј Габер (пик сегед) и Гашпер Маргуч (Веспрем).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Македонија загуби во Копер, Словенија обезбеди пласман на ЕП

Фото/ facebook.com/rfmofficial
Ракометната репрезентација на Македонија доживеа уште еден тежок пораз од Словенија во квалифкациите за пласман на Европското првенство. Вечерва во Копер Словенија славеша со 38:27 (20:12).
Натпреварот се одигра на денот кога Македонија ја потресе големата трагедија што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во пожар загинаа 59 лица, а 155 се повредени. Европската ракометна федерација не го прифати барањето на Ракометната федерација на Македонија, натпреварот да се одложи.
Во првиот дел, Македонија одигра лоша одбрана, им дозволи на Словенците да постигнат 20 голови. Словенците постепено ја градеа разликата. Во средишницата од првиот дел имаа серија од 3:0, а полувремето го финишираа со серија 5:1.
Со оглед на големата предност, Словенците рутински го одработеа второто полувреме. Со овој триумф Словенија обезбеди пласман на ЕП. Со четири победи во исто толку натпревари Словенците ќе бидат први во групата, во која Литванија со шест е втора, Македонија има само два бода, Естонија е без освоен бод.
Македонија ќе има можност во мај да обезбеди место на ЕП, кога ќе игра против Литванија и Естонија.
Кузмановски ја предводеше Македонија со шест гола, по три постигнаа Пешевски, Лазаревски, Атанасијевиќ и Костески. Најефикасни играчи кај Словенија беа Влах со девет и Милиќ со седум гола.
Спорт
(Видео) Јувентус декласиран и од Фиорентина

Јувентус доживеа уште еден тежок пораз во Серија А. На „Артемио Франки“ во Фиренца, во 29.коло, Фиорентина го победи Јувентус со 3:0.
Ова е втор последователен пораз за „Старата дама“, по оној во Торино минатиот викенд од Аталанта (4:0).
„Виола“, со блиц-криг во само три минути ги реши дилемите околу победникот. Робин Госенс во 15. минута го постигна првиот гол, а капитенот Роландо Мандрагора го зголеми водството во 18. минута по асистенција на Никола Фаџоли.
Јуве не успеа да се опорави од тоа, а точка на натпреварот стави Алберт Гудмундсон во 53. минута со прецизен удар од далечина.
Фиорентина е осма на табелата со 48 бодови, додека Јувентус е петти со 52 бода.
Спорт
(Видео) Њукасл го освои Лига купот, во финалето го победи Ливерпул

Њукасл јунајтед по седум децении освои трофеј во англискиот фудбал. Попладнево на „Вембли“, фудбалерите на Њукасл, во гиналето на Лига купот, го победија Ливерпул со 2.1.
Њукасл поведе во големото финале во 45. минута. Ден Бурн скокна високо по корнерот што го изведе Трипие и го погоди подалечниот агол.
Мрежата на Ливерпул се затресе во 51. минута по одличниот удар на Александар Исак, а славјето на фудбалерите на Њукасл беше прекинато поради проверка на ВАР. Џон Брукс само ја потврди својата одлука.
Сепак, минута подоцна немаше дилеми дека се беше јасно со голот на Исак за 2:0.
Ливерпул можеше брзо да се врати во игра, во 59. минута Кертис Џонс упати одличен удар, но Ник Поуп одлично одбрани.
Исак имаше шанса да погоди за 3:0 во 64. минута, но и Кевин Келер покажа дека е одличен голман. Тоа беше негова четврта одбрана на натпреварот, Ливерпул успеа да ја погоди мрежата во судиското надополнување, проверката на ВАР траеше неколку минути бидејќи судијата на почетокот покажа дека е офсајд, но се покажа дека голот на Федерико Киеза е регуларен.
Њукасл, му ја препушти инцијативата на Ливерпул, но создаде серија на шанси. Избраниците на Еди Хау упатија 17 удари кон голот, од кои шест во противничкиот гол. За тоа време, „црвените“ упатија само осум шута и само три од нив одеа во рамките на голот.