Спорт
Блес Матуиди стави крај на кариерата

Францускиот фудбалер за врска, Блес Матуиди, објави дека става крај на својата фудбалска кариера. Тоа го направи преку објава на социјалните мрежи.
„Многу го сакав фудбалот. Ми даде толку многу, но време е да се откажам. Ги исполнив и моите детски соништа и оние како маж. Со стегнато грло, но и со гордост денеска ја вртам оваа страница“, напиша Матуиди на својата фотографија од Светското првенство што го освои со Франција во 2018 година.
35-годишниот играч од средниот ред последен пат играше за американскиот Интер Мајами, а во кариерата настапуваше и за Троа, Сент Етјен, Пари Сен Жермен и Јувентус.
За репрезентацијата на Франција има 84 настапи со девет гола. На клупско ниво, Матуиди одигра 699 натпревари, на кои забележа 50 гола и 44 асистенции. Освен со светска титула, тој може да се пофали со пет титули на Франција, три Купа на Франција, четири Лига купови на Франција, пет Суперкупа на Франција, три Купа на Италија, еден Куп на Италија и еден Суперкуп на Италија.
Football, je t’ai tant aimé. Football, tu m’as tant donné, mais le moment est venu de dire stop. J’ai accompli mes rêves d’enfant, mes rêves d’homme. C’est la gorge serrée mais avec fierté que je tourne aujourd’hui cette page.
MERCI ❤️
👉🏾 https://t.co/j9S9b7QaiD pic.twitter.com/rkDwnxX9Tj— Blaise Matuidi (@MATUIDIBlaise) December 23, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„Кралот на Рио“ конечно се пензионираше: Легендарниот Алдо ги закачи ракавиците со солзи

Еден од најголемите ММА борци на сите времиња, 39-годишниот Бразилец Хозе Алдо, го потврди своето пензионирање од спортот вторпат, и тоа го направи во исклучително емотивен момент пред својата домашна публика.
„Кралот на Рио“, како што беше официјално наречен, не можеше да избере подобро место за да се збогува со својата неверојатна кариера, и тоа го направи на настан на UFC во Рио де Жанеиро.
Во преполната Фармаси арена, поранешниот шампион доби шанса да се збогува на вистински начин, откако неговото последно враќање во кафезот не ги донесе посакуваните резултати.
The UFC just gave Jose Aldo one last walkout to lay down the gloves in Rio 🔥🥲pic.twitter.com/vCzVW7OhPU
— Happy Punch (@HappyPunch) October 11, 2025
Минатата година беше поразен од Марио Баутиста на УФЦ 307, а во мај оваа година, по проблемите со намалувањето на тежината за бантам категоријата, загуби од Ајеман Захаби на УФЦ 315.
Веднаш по почетокот на главниот дел од настанот на УФЦ Рио, Хозе Алдо, придружуван од неговото семејство, влезе во октагонот носејќи пар ракавици.
Борејќи се со солзите додека публиката гласно му аплаудираше на секој потег, тој симболично ги постави ракавиците на средина од кафезот, означувајќи го крајот на неговата славна кариера. Алдо го објави своето прво пензионирање од спортот уште во септември 2022 година, но тоа траеше малку помалку од една година.
Во својата кариера, тој имаше 42 борби, забележа 32 победи и 10 порази. Секако, најболната за него беше онаа од 2015 година, кога беше поразен од Конор Мекгрегор по само 13 секунди од борбата со класичен нокаут.
Спорт
Мала држава од Атлантикот е пред историски пласман на СП 2026, а билетите за најважниот меч се продаваат во пекарници

Фудбалската репрезентација на Зеленортските Острови утре го игра својот клучен натпревар против Есватини, а победата ќе им донесе историски прв пласман на Светско првенство. Ова ќе биде првпат малата островска држава да се најде на најголемата фудбалска сцена.
Со два бода предност пред второпласираниот Камерун, Зеленортските Острови се на одлична позиција да обезбедат директен пласман. Дури и во случај на нерешен резултат, многу е веројатно дека ќе се квалификуваат преку рангирањето на најдобрите второпласирани.
Малата, но амбициозна држава е лоцирана на Атлантикот и е поранешна португалска колонија со независност стекната во 1975. Многу играчи од репрезентацијата играат во Португалија и Европа, но никогаш претходно не учествувале на Светско првенство.
Интересно е дека билетите се продаваат на пет физички локации – на стадионот, неколку пекарници и бензински пумпи, без онлајн продажба.
Спорт
Билети за мечот Македонија – Казахстан утре ќе можат да се купат и на билетарницата на Арената

Фудбалската федерација на Македонија информираше дека освен преку сајтот eticket.ffm.mk специјализиран за електронски билети за мечевите на националниот тим, билети за утрешниот меч со Казахстан ќе може да се купат и на билетарницата на Националната арена „Тодор Проески” во Скопје.
Утре, на денот на натпреварот, од 10 до 17 часот ќе може да се купи билет за мечот Македонија – Казахстан и тоа по цена од 300, 400 и 500 денари, во зависност од седиштето кое ќе го одберете.