Спорт
Фергусон не сакал да се пензионира, планирал да работи уште 10 години

Сер Алекс Фергусон е најголемиот тренер во историјата на Манчестер јунајтед. Шкотланѓанецот помина 27 години на „Олд Трафорд“ и освои 13 првенствени титули, две ЛШ и девет домашни купови.
Сер Алекс се пензионираше во 2013 година со шампионска титула во Премиер лигата. Оттогаш, „црвените ѓаволи“ неуспешно се мачат да го повторат неговиот успех, за девет сезони освоија само три трофеи.
Но, според Патрис Евра, работите можеле да бидат многу поинакви. Поранешниот лев бек рече дека историјата можела да биде многу поинаква доколку раководството на Јунајтед го послушале Шкотланѓанецот.
„Две недели пред крајот на првенството во 2013 година, се сеќавам дека Фергусон дојде кај мене и ми рече: „Патрис, гледам дека медиумите пишуваат дека ќе заминам. Но, верувај ми, јас ќе бидам тука уште десет години.“ Фергусон ми рече дека мораме повторно да ја освоиме Лигата на шампионите и за тоа му требаат двајца играчи: Кристијано Роналдо, кој тогаш беше во Реал и Герет Бејл кој играше во Тотенхем. Му требаа околу 200 милиони фунти, но бордот на Јунајтед не се согласи со тоа“, изјави Французинот за „Betfair“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„Кралот на Рио“ конечно се пензионираше: Легендарниот Алдо ги закачи ракавиците со солзи

Еден од најголемите ММА борци на сите времиња, 39-годишниот Бразилец Хозе Алдо, го потврди своето пензионирање од спортот вторпат, и тоа го направи во исклучително емотивен момент пред својата домашна публика.
„Кралот на Рио“, како што беше официјално наречен, не можеше да избере подобро место за да се збогува со својата неверојатна кариера, и тоа го направи на настан на UFC во Рио де Жанеиро.
Во преполната Фармаси арена, поранешниот шампион доби шанса да се збогува на вистински начин, откако неговото последно враќање во кафезот не ги донесе посакуваните резултати.
The UFC just gave Jose Aldo one last walkout to lay down the gloves in Rio 🔥🥲pic.twitter.com/vCzVW7OhPU
— Happy Punch (@HappyPunch) October 11, 2025
Минатата година беше поразен од Марио Баутиста на УФЦ 307, а во мај оваа година, по проблемите со намалувањето на тежината за бантам категоријата, загуби од Ајеман Захаби на УФЦ 315.
Веднаш по почетокот на главниот дел од настанот на УФЦ Рио, Хозе Алдо, придружуван од неговото семејство, влезе во октагонот носејќи пар ракавици.
Борејќи се со солзите додека публиката гласно му аплаудираше на секој потег, тој симболично ги постави ракавиците на средина од кафезот, означувајќи го крајот на неговата славна кариера. Алдо го објави своето прво пензионирање од спортот уште во септември 2022 година, но тоа траеше малку помалку од една година.
Во својата кариера, тој имаше 42 борби, забележа 32 победи и 10 порази. Секако, најболната за него беше онаа од 2015 година, кога беше поразен од Конор Мекгрегор по само 13 секунди од борбата со класичен нокаут.
Спорт
Мала држава од Атлантикот е пред историски пласман на СП 2026, а билетите за најважниот меч се продаваат во пекарници

Фудбалската репрезентација на Зеленортските Острови утре го игра својот клучен натпревар против Есватини, а победата ќе им донесе историски прв пласман на Светско првенство. Ова ќе биде првпат малата островска држава да се најде на најголемата фудбалска сцена.
Со два бода предност пред второпласираниот Камерун, Зеленортските Острови се на одлична позиција да обезбедат директен пласман. Дури и во случај на нерешен резултат, многу е веројатно дека ќе се квалификуваат преку рангирањето на најдобрите второпласирани.
Малата, но амбициозна држава е лоцирана на Атлантикот и е поранешна португалска колонија со независност стекната во 1975. Многу играчи од репрезентацијата играат во Португалија и Европа, но никогаш претходно не учествувале на Светско првенство.
Интересно е дека билетите се продаваат на пет физички локации – на стадионот, неколку пекарници и бензински пумпи, без онлајн продажба.
Спорт
Билети за мечот Македонија – Казахстан утре ќе можат да се купат и на билетарницата на Арената

Фудбалската федерација на Македонија информираше дека освен преку сајтот eticket.ffm.mk специјализиран за електронски билети за мечевите на националниот тим, билети за утрешниот меч со Казахстан ќе може да се купат и на билетарницата на Националната арена „Тодор Проески” во Скопје.
Утре, на денот на натпреварот, од 10 до 17 часот ќе може да се купи билет за мечот Македонија – Казахстан и тоа по цена од 300, 400 и 500 денари, во зависност од седиштето кое ќе го одберете.