Македонија
Демолирана планинарската кула на Титов врв

Членови на планинарскиот клуб „Аргентус Монт“ објавија дека планинарската кула на Титов Врв е вандализирана во периодот измеѓу 8 и 18 декември.
По извршениот увид, било константирано дека вандализирањето било извршено од најмалку две лица за да би можеле на импровизиран начин да навлезат на горниот кат; учесниците планирано заминале со солидна опрема за палење на шпер таблите и алати за корнење и кршење; со палење на една шпер табла и потоа кршење е навлезено од првиот кат на вториот кат,направена штета од околу 5 000 денари; со насилни удари од внатрешноста со чекиџи на 10 прозори се искршени пластичните стакла-плексиглас, 8 на вториот кат и 2 на првиот кат, направена штета од 15.000 денари.
„На вториот кат еден прозор со удари од внатре со чекич е целсно откорнат и профилите фрлени надвор, направена штета од 8 000 денари; на вториот кат со удари од внатре со чекич скрешен рамот од еден прозор, направена штета од 6 000 денари запален агрегатот за струја од 3 KW, со 10 литри бензин во него ,направена штета од 20 000 денари, од запалениот агрегат е предизвикан пожар и изгорени се материјали и алати, кои биле зафатени во близината, дополнително ќе се утврдува штетата; со насилни удари уништени метална маса и две метални клупи планирани за приземјето во Кулата, донација од Сава пензиско, направена штета од 12 000 денари, украдена батериска бормашина Black+Decer, направена штета од 5 000 денари; со насилни удари е оштетена трпезариската маса на вториот кат направена штета од 4 000 денари, оштетена опремата од соларниот панел, нахнадно ќе се утврдува штетата; изгорени и испокршени и други материјали и алати кои дополнително ќе се утврдат при расчистувањето на штетите“, информираа членовите на планинарскиот клуб.
Со вчерашната акција привремено се затворени сите испокрешени 10 прозори со плексан и дрвени даски со што во Кулата нема да навлегува снег во зимскиов период.
Целосната санација ќе се реалзира наредната година во организација на ФПСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од Кисела Вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од Ф-150 мм на улицата Христо Татарчев бр. 47, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица и кулите – Расдник, oпштина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Сончево и топло, максималната температура ќе достигне до 34 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.
Во Скопје, сончево и топло. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови времето ќе биде стабилно, претежно сончево и топло. Ќе дува умерен, во сабота наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Македонија
„Уапсени се полицајци и полициски функционери кои биле на смена кобната вечер“: СДСМ ја поздрави акцијата на ОЈО ГОК за Кочани

„Ја поздравуваме вечерашната акција на Обвинителството за организиран криминал и корупција во која се лишени од слобода полицајци и полициски функционери кои биле на смена кобната вечер на 16 март во т.н. дискотека Пулс во Кочани“, соопшти СДСМ.
„Фактот што четири месеци ВМРО-ДПМНЕ се обидуваше да ја сокрие одговорноста на полицајците и полициските функционери, фактот што нивната вина беше негирана од страна на Панче Тошковски и Христијан Мицкоски укажува на тоа дека сите биле вмешани или на некој начин знаеле за нелегалното работење на Пулс и тоа го одобрувале.
Само поради обидите да се сокрие одговорноста од страна на Тошковски и Мицкоски на лицата кои тие ги поставија за полицајци, командири и началници би требало веднаш да си поднесат оставки.
Одговорност мора да има и за Александар Јанев, директорот на БЈБ. Тошковски и Јанев не смеат повеќе да ја попречуваат истрагата ниту да влијаат некој да не сноси одговорност.
Вистината за Кочани која цела недела ја објавуваше СДСМ е точна. Се покажа дека без силен притисок на јавноста, на дел од медиумите и на СДСМ нема да има правда за Кочани. Време е за одговорност, време е за оставки“, се додава во соопштението на СДСМ.