Црна хроника
Приведените во „Метастаза“ се офајдиле со 165.000 евра
Приведените во полициската акција „Метастаза“ се стекнале со имотна корист од 165.000 евра, а само Фондот за пензиско и инвалидско осигурување го оштетиле за 53.000 евра, соопшти МВР на денешната прес конференција, пренесува Mакфакс
Откривајќи детали за вчерашните апсења, МВР истакна дека во текот на вчерашниот ден беа приведени 33 лица кои беа веднаш изведени пред истражен судија. Распитот на приведените траеше до раните утрински часови, а според неофицијални информации, на сите им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. Полицијата трага по уште четири лица осомничени дека учествувале во криминалот, но тие засега се недостапни за органите на прогонот.Истрагата покажала дека приведените доделувале инвалидски пензии на лица што ги исполнувале условите, но намерно ја одолговлекувале работата, со цел да издејствуваат мито за забрзување на постапката. Истовремено, тие доделувале инвалидски пензии и на лица што не ги исполнувале условите, фалсификувајќи ги документите и подметнувајќи лажни лекарски дијагнози.Тарифата за стекнување со инвалидска пензија се движела од 1.500 до 4.000 евра, а целата работа ја завршувале лица-посредници, кои наоѓале заинтересирани граѓани за стекнување со пензија со поткуп.Меѓу приведените се и претседателот на ревизионата комисија, кардиологот С.Ј., како и претседателот на Првостепената комисија за доделување инвалидска пензија. Овие две лица, според МВР, биле координатори на целата група.Полицијата поднела три кривични пријави – за злоупотреба на службената положба, за фалсификување на документи и за примање на поткуп. Меѓу приведените има кардиолози, пумолози, ортопеди, кои подготвувале лажна документација за стекнување со инвалидска пензија.Истрагата утврдила дека во 57 случаи неправилно се доделени пензии, додека постои сомнение дека станува збор за уште 200 вакви случаи.Полициската акција „Метастаза“ започнала пред една година, од кога била собирана документација за криминалните активности во делот на инвалидските пензии. Полицијата вчера приведе 33 од вкупно 37 лица, а приведувањата биле вршени во домовите на осомничените, но и на нивните работни места. Покрај тоа, биле претресени и 15 станови.Како членови на групата кривично пријавени се: С.Ј.(37), кардиолог на Клиника за Кардиологија и претседател на Комисијата за ревизија за утврдување на инвалидност при МТСП и С.Д. (52), неврохирург на Клиника за Неврологија и член на истата Комисија; Љ.В. (50) психијатар во МТСП и претседател на Комисијата за оценка на работната способност во прв степен при ФПИОМ и четири члена на истата Комисија, инаку лекари вработени во МТСП – П.Г.(58), Л.А.-С.(53) од Тетово, С.Т.(54) од Скопје и Љ.П.(53) од Крива Паланка. Потоа вкупно 17 доктори специјалисти и лекари: З.Б.(48) од Скопје, ортопед во Клиниката за ортопедија, Ѓ.Х.А.(51) од Скопје, психијатар во ЈЗУ Психијатарска болница, О.М.(56) од Скопје, клинички психолог во ЈЗУ Психијатарска болница, Ј.Б.(53) од Скопје, лекар во интерно одделение во Воена Болница, Б.Т.(50) од Скопје, кардиолог на Клиника за Кардиологија, М.Д.(49) од Скопје, невролог во ПЗУ„Неуролаб“ Скопје, Т.П.(53) од Скопје, ортопед на Клиника за ортопедија, И.Б.(46) од Струмица, невролог во Клиниката за Неврологија, А.Ј.(48) од Скопје, психијатар во ЈЗУ Психијатарска болница, В.П.(65) од Скопје, невропсихијатар во ЈЗУ Болница Куманово, Ф.Т.(59) од Скопје, лекар-раководител на физикална терапија при Воена Болница, Љ.Г.(61) од Скопје, пулмолог на Клиника за Пулмологија, Љ.С.(57) од Скопје, рентгенолог, Г.Н.(46) од Скопје, невролог во ПЗУ Поликлиника „Примед“ Скопје, И.В.(54) од Тетово, лекар во Болница за Белодробни заболувања „Лешок“, Ј.М.(53) од Тетово, лекар во ЈЗУ Клиничка болница-Тетово, Е.Ш.(50) од с.Велешта-Струга, лекар во ЈЗУ Болница-Струга, како и лицата В.Д.(45) од Скопје, административен работник во ЈЗУ„Психијатриска Болница“ и М.З.(52) од Скопје, архивар во ФПИОМ, сите горенаведени се пријавени за сторени дела „злосторничко здружување„ и „злоупотреба на службената положба“.Љ.Б.(29), И.Т.(22) и Д.Б.(25) сите од Скопје за сторени дела „злосторничко здружување“, „помагање“ и „фалсификување исправа“. А.К.(45) од с.Глумово, З.Н.(53) од Скопје, техничар–лаборант, вработен во Клиника за трансфузиологија, Ж.П.(62) од Скопје, З.А.(55) од Велес, Д.Т.(64) од Скопје, Р.В.(59) од Велес, М.А.(59) од Скопје и С.З.(50) од Скопје за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ и „помагање“. Покрај за горе наведените кривични дела лицата З.Б. и З.Н. се пријавени и за кривично дело „примање поткуп“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три скопјанки нападнати од нивните сопрузи во домовите и на автобуска постојка
Полицијата информираше за три случаи на семејно насилство што се случиле во едно деноноќие на територијата на Скопје.
Се работи за жени на возраст од 30, 31 и 42 години, кои биле жртви на семејно насилство во своите домови и на автобуска постојка.
Во првиот случај, 30-годишна жена пријавила дека на 21 ноември околу 02.30 часот во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба, била физички нападната од нејзиниот сопруг Д.С.(41).
Истиот ден во 15 часот, 42-годишна жена во семејниот дом во скопско село, била физички нападната од нејзиниот сопруг Г.Т.(47). Со него бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Во третиот случај, 31-годишна жена, пријавила дека на автобуската постојка во скопско село била физички нападната од нејзиниот сопруг Ф.З.(33), со кој одреден период биле разделени, а при нападот и го скршил и мобилниот телефон.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите, велат од МВР.
Топ
Механичар пукал кон муштерија по расправија околу поправка на автомобил во Гостивар
Вербална расправија околу поправка на автомобил заврши со пукање во Гостивар.
Механичар во текот на вчерашниот ден, со пиштол кој го поседувал без дозвола, пукал кон муштерија кој дошол во неговата продавница за автомобилски делови за да го поправи возилото.
Се’ почнало со расправија меѓу нив, по што муштеријата го турнал механичарот кон возилото со цел да го натера да му го поправи. Но, инцидентот допрва почнал. Мајсторот револтиран влегол во куќата. Го зел пиштолот и испукал проектил кон оштетениот. Не го погодил, а куршумот завршил во вратата на возилото.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Тој се товари за убиство во обид, како и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје.
Топ
Пукање во Арачиново од возило во движење, повредено едно лице
Попладнево дошло до престрелка во селото Арачиново, Скопско, пришто повредено е едно лице.
Според информациите од МВР, околу во 14.50 часот, во угостителски објект, од возило во движење Ф.М. пукал кон Д.Р., но го погодил С.А..
„На С.А. му е укажана лекарска помош од страна на Итна медицинска помош“, информираат од МВР, од кадешто додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.