Контакт

Топ

Возило удри пешак на булевар во Радовиш

Објавено пред

На 26.12.2022, во 15 часот, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на булеварот Александар Македонски во Радовиш, В. М. (50) од Радовиш, управувајќи патничко возило „фолксваген пасат“, со радовишки регистарски ознаки, удрило во пешакот М. П. (71) од Радовиш.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата пешакот добил тешки телесни повреди, констатирани во Здравствениот дом во Радовиш, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Радовиш.

Македонија

Обвинителството бара доживотен затвор за убиецот на Емилија Пешева, кој призна вина

Објавено пред

Обвинителството побара доживотна казна затвор за 33-годишниот Фадил Зејнелов, кој пред три години ја уби својата партнерка Емилија Пешева.

dobivaj vesti na viber

Обвинетиот ја призна вината, а по убиството на 1 ноември минатата година, тој самиот се пријави во полицијата. Сепак, Обвинителството верува дека тоа не треба да биде олеснителна околност бидејќи Зејнелов веќе 10 години поминал во затвор за други дела.

Доживотна казна бара и семејството на Емилија.

„Обвинителството кажа убаво, казната да биде доживотна за монструмот што ни ја утепа ќерката. Очекувам дека судот ќе пресуди доживотна, а тоа го сакаме и ние како родители“, рече таткото на Пешева во изјава за медиумите пред судот тврдејќи дека убиецот, по убиството, не заминал директно во полицијата, туку првин отишол во казино и играл комар.

Пресудата ќе биде објавена в среда на 12 февруари.

Според обвинението, тој се товари дека откога се договориле и се сретнале пред нејзиниот дом, заедно отишле во напуштен објект на ЈП „Исар“ за да разговараат за проблемите во нивната повеќегодишна врска. Разговорот преминал во расправија по што обвинетиот физички ја нападнал жртвата и почнал да ја удира со тупаници. Кога таа паднала на подот, тој почнал силно да ја стега во пределот на вратот додека не дошло до прекин на дишењето и нарушување на дотокот на крв во мозокот како резултат на што жената починала.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Од денес нема пречки за операции во хируршките сали во Клиничкиот центар, официјално е пуштена во употреба новата компресорска станица

Објавено пред

По десетдневно тестирање, министерот за здравство Арбен Таравари денес извести дека официјално е пуштена во употреба новата компресорска станица за хируршките сали во Клиничкиот центар. Хируршките сали беа затворени во мај минатата година кога се појави силна смрдеа во дистрибутивната мрежа за кислород и компримиран воздух.

dobivaj vesti na viber

„Денес, особена чест ми е да најавам дека компресорската станица веќе функционира. Имаме три нови компресори, комплетно нова инсталација За среќа, тука е и стариот компресор, кој ќе стои какао бекап за евентуално да не ни се повтори ваков проблем. Решаваме проблеми што ги наследивме. Со новата компресорска станица се покриени сите 18 хируршки сали на Хирургија, исто така салите во ОРЛ, Офталмологија и максилофацијална хирургија. Комплетниот систем е тестиран 10 дена, се функционира како што треба и од денес веќе и официјално се користи“, рече денес министерот Таравари.

Станицата е подготвена на неа да се приклучат и други клиники доколку за тоа има потреба. Таравари вели дека за тоа е потребна само нова инсталација за поврзување.

Хируршките сали на Клиничкиот центар беа затворени на 22 мај лани поради смрдеата што се рашири од дистрибутивната мрежа за кислород и компримиран воздух. Министерот за здравство во тогашната техничка влада, Илир Демири, извести дека примероци од гасот веднаш биле испратени на анализа во Германија, која треба да покаже зошто има лоша миризба. На анализата се чекаше речиси три месеци, а во меѓувреме беше избрана новата Влада. Сегашниот министер за здравство, Таравари, извести дека анализата покажала оти во системот за кислород и компримиран воздух во Клиничкиот центар имало мала концентрација на формалдехид. Пациентите и вработените се жалеа на силна смрдеа, печење во очите, носот и грлото, симптоми идентични на оние предизвикани по изложување на формалдехид.

Хируршките сали летово функционираа со намален капацитет, а работеа со надворешни компресори. Потешките операции се правеа во ГОБ „8 Септември“ и поранешната градска болница „Свети Наум Охридски“.

 

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Со литија против земјотресите: Грците изнесоа мошти од светци на улиците, постојано се молат

Објавено пред

Грците, беспомошни и преплашени што Санторини непрекинато се тресе десет дена, бараат помош од Господ. Илјадници земјотреси со јачина над 3 степени според Рихтеровата скала го тресат овој прекрасен остров повеќе од една недела поради што луѓето сега се свртеа кон светците“ за помош.

dobivaj vesti na viber

Во атмосфера на длабока посветеност и вера десетици жители на селото Емпорио на Санторини излегоа на улиците и учествуваа во големата поворка за да го прослават празникот Свети Хараламбос и се молеа да престанат земјотресите.

Носејќи транспаренти, грчки знамиња, моштите на свети Хараламбос и икони, верниците ги носеа светите мошти низ улиците на селото барајќи божествена заштита и мир за нивното место.

Како што информираат жителите на областа, поворката била организирана во консултација со селскиот свештеник во обид да се обезбеди духовно ослободување од сеизмичката активност што го погодува Санторини.

„Свети Хараламбос помага при болести. Секогаш шетавме низ селото, сега свештеникот вели дека оваа литија ќе биде и за болести и за земјотреси“, изјави жител на селото за „Прототема“.

На мештаните им се придружија и жителите на другите села. Велат дека дошле да се молат да престанат земјотресите.

„Поради празникот Свети Хараламбос, мислевме дека треба да одржиме поворка за помош од земјотресот“, додава една жена, која дошла од друго село на Санторини.

„Господ да нè помилува и да стави крај на ова зло. Ако е суша или слично, правиме литија. Секогаш има голема литија за Свети Хараламбос. Најчесто одевме по уличките, но поради ситуацијата, не можеме да одиме таму. Верувам дека земјотресите ќе престанат, Господ знае“, додава друг жител на селото Емпорио.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Обвинителството бара доживотен затвор за убиецот на Емилија Пешева, кој призна вина

Обвинителството побара доживотна казна затвор за 33-годишниот Фадил Зејнелов, кој пред три години ја уби својата партнерка Емилија Пешева. Обвинетиот...

Македонија5 часа

Од денес нема пречки за операции во хируршките сали во Клиничкиот центар, официјално е пуштена во употреба новата компресорска станица

По десетдневно тестирање, министерот за здравство Арбен Таравари денес извести дека официјално е пуштена во употреба новата компресорска станица за...

Регион6 часа

(Видео) Со литија против земјотресите: Грците изнесоа мошти од светци на улиците, постојано се молат

Грците, беспомошни и преплашени што Санторини непрекинато се тресе десет дена, бараат помош од Господ. Илјадници земјотреси со јачина над...

Македонија8 часа

Заев и Ковачевски потрошиле 280 илјади евра за фејсбук-реклами за своите лаги и манипулации, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Додека ја крадеа државата СДС, Заев и Ковачевски потрошиле и 280 илјади евра за фејсбук реклами. 280 илјади евра завршија...

Економија8 часа

Граѓаните тешко осиромашени за осум месеци, Мицкоски допрва анализира што да се прави, велат од СДСМ

„Тотално фијаско на политиките на Мицкоски и ДПМНЕ во економијата, цените продолжуваат да растат, граѓаните имаат се помалку пари и...

Македонија9 часа

ДУИ: Албанците понижени и исклучени и во Армијата

„Демократската унија за интеграција ја изразува својата загриженост за систематското исклучување и маргинализација на Албанците од клучните структури на армијата...

Македонија9 часа

Сопругата на Игор Југ: Душата нема да му се смири сè додека оваа неправда не биде решена

Сопругата на починатиот Игор Југ, Ивана преку статус на социјалните мрежи ја изрази својата огромна загуба. „Претешка е судбината на...

Свет10 часа

Ослободениот израелски заложник не знаел дека Хамас ги убил неговата сопруга и ќерките

Ели Шараби, Израелец кој беше киднапиран од Хамас пред 16 месеци, дознал дека неговата сопруга и ќерките биле убиени во...

Свет10 часа

Трамп вели дека разговарал со Путин; Реагира Кремљ, ги објави условите за преговори

Москва допрва треба да добие добра понуда за почеток на преговори за Украина, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи, откако...

Свет11 часа

„Тие изгледаат како преживеани од холокаустот“, реагира Трамп на фотографиите на тројцата ослободени израелски заложници

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го губи трпението со договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас откако...

Европа11 часа

Макрон: Ќе инвестираме 109 милијарди евра во вештачка интелигенција во Франција

Франција ќе објави инвестиции од приватниот сектор во вештачка интелигенција (ВИ) од околу 109 милијарди евра за време на самитот...

Свет19 часа

Гренел и Маск бараат затворање на „Радио Слободна Европа“ и „Гласот на Америка“

Американскиот политичар, дипломат и аналитичар Ричард Гренел изјави дека медиумите Радио Слободна Европа и Гласот на Америка, кои се финансирани...

Економија22 часа

Државни станови по 1.000 евра за м2, продажбата започнува утре во Битола

Од утре, понеделник, започнува продажбата на државни комерцијални станови по цена од 1000 евра за метар квадратен. Како што најави...

Македонија22 часа

Две лица се приведени во денешната акција на полицијата во Чашка

Полицијата сподели детали од денешната акција која се спроведе во Општина Чашка при потрагата на нелегално оружје. Полициски службеници од...

Македонија1 ден

Полицијата врши претреси во Чашка, се бараат лица со нелегално оружје

Полицијата спроведува масовни претреси на повеќе локации во Општина Чашка во потрага по нелегално оружје и муниција. Акцијата е започната...

Македонија1 ден

Мицкоски уверен во победа: ВМРО-ДПМНЕ има над 30% поддршка пред локалните избори

Премиерот Христијан Мицкоски изрази реален оптимизам во однос на победата на локалните избори кои се очекува да се одржат во...

Топ1 ден

Приведен Германец на „Табановце“, му пронашле ножеви, солзавец и други опасни материјали во возилото

49-годишен германски државјанин, Т.В.,вчера бил приведен на Граничниот премин Табановце при влез во Република Македонија. Полициските службеници извршиле редовна контрола...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ плаќаше по 20.000 евра на ден за лажни вести

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на последното соопштение на СДСМ, обвинувајќи ги за обид да го одвлечат вниманието на јавноста од своите контроверзни...

Македонија1 ден

СДСМ: Инфлуенсерот Мицкоски можеби не пробал цреши, но затоа фрла илјадници евра за лајкови

СДСМ обвинува дека премиерот Христијан Мицкоски месечно троши илјадници евра за реклами на социјалните мрежи, додека граѓаните се соочуваат со...

Топ1 ден

Двајца прилепчани нападнале полицајци во Прилеп и во Крушево

Утринава во два инцидента што се случија во Прилеп и Крушево, полициски службеници беа нападнати додека ги извршувале свои службени...