Спорт
Акционерите на Јуве го усвоија финансискиот извештај со загуба од 239.3 милиони евра
Акционерите на Јувентус го одобрија финансискиот извештај за периодот јули 2021-јуни 2022 со загуба од 239.3 милиони евра, втора највисока во историјата на клубот, по состанокот на стадионот „Алијанц“ во Торино.
Во последниот состанок предводен од Андреа Ањели, кој си даде оставка со целиот борд на директори по истрагата под која е клубот за лажирање на финансиските извештаи, за што им се заканува исфрлање од Серија А, но и од европските натпреварувања.
На 2 декември, под притисок на ЦОНСОБ, италијанската организација за надгледување на берзите, Јувентус објави ревизија на својот финансиски извештај. „Ексор“, матичната компанија на Јувентус (и на Ферари и Фиат), ќе го именува новиот состав на бордот на директори на 18 јануари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Супер Светско првенство – ова се домаќините
Светската фудбалска федерација (ФИФА) ги објави имињата на стадионите домаќини на следното Светско клупско првенство.
Натпреварот ќе се одржи на тлото на Соединетите Американски Држави од 15 јуни до 13 јули 2025 година.
Точно 32 екипи ќе бидат домаќини на Мајами, Сиетл, Лос Анџелес, Орландо (два стадиона), Атланта, Нешвил, Шарлот, Синсинати, Вашингтон, Филаделфија и Њујорк (Њу Џерси).
Повеќето од локациите се на источниот брег (8/12), бидејќи распоредот и часовите се многу подобри за гледачите во Европа.
На турнирот ќе учествуваат 32 екипи: Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Манчестер Сити, Челзи, Баерн, Дортмунд, ПСЖ, Интер, Јувентус, Порто, Бенфика, Салцбург, Ал Хилал, Ал Аин, Урава, Улсан, Ал Ахли, Видад, Мамелоди, Леон, Пачука, Сиетл, Палмеирас, Флуминенсе, Фламенго, Бока, Ривер и Окленд.
Преостанатите две екипи ќе бидат шампиони во Копа Либертадорес, а еден член од МЛС лигата.
Спорт
(Фото) Кирјиос повторно го прозва Синер
Австралискиот тенисер Ник Кирјиос уште еднаш потврди дека не верува во невиноста на Јаник Синер.
Во март Италијанецот двапати беше позитивен на забранетиот клостебол, му беше дозволено да игра, а во август Меѓународната агенција за интегритет во тенис го ослободи од обвиненијата за допинг.
Сепак, во саботата Светската антидопинг агенција (ВАДА) поднесе жалба до Судот за спортска арбитража (CAS) и бара суспензија од 12 до 24 месеци за играчот број еден во светот.
Кирјиос ја сподели веста на социјалните мрежи, со коментар:
„Ха-ха-ха, можеби сепак не е толку невин?
Синер е разочаран од жалбата на ВАДА, а целата ситуација ја коментираше и претседателот на Италијанската тениска асоцијација, Анџело Бинаги.
Не се знае кога CAS ќе ја донесе својата конечна одлука, а се може да потрае уште неколку месеци.
Спорт
(Видео) Дебакл на Барселона во Памплона – Будимир херој на Осасуна
Фудбалерите на Осасуна ја шокираа Барселона и ја совладаа со резултат 4:2 (2:0) во натпреварот од 8.коло на шпанската Ла Лига.
Ова е прв пораз за Каталонците во Примера од почетокот на сезоната. Анте Будимир постигна два од четирите гола во историска ноќ за Осасуна. Тимот од Памплона по 12 години успеа да ја победи Барселона на домашен терен.
Тренерот на Барселона натпреварот го започна со комбиниран тим, без Јамал и Рафиња. Осасуна знаеше како да го казни тоа.
Будимир го постигна првиот во 18. минута по центаршутот на Брајан Сарагоса, а крилениот напаѓач 10 минути подоцна со мајсторски потег, како во мал фудбал го мина голманот Пења и зголеми на 2:0.
Барса продолжи да оди на се или ништо и во 53-та, по двете големи грешки во низа на голманот Серхио Ерера, успеа да ја преполови негативата преку Пау Виктор.
По тој гол Барселона уште повеќе притисна, но Осасуна покажа сила и успеа да ги префрли случувањата на спротивната страна од теренот.
Имаа домашните неколку опасни напади по крилните позиции, а во 72. минута добија пенал. Будимир беше сигурен и ја врати предноста од два гола. .
На пет минути пред крајот беше ставен крајот, бидејќи Бретонес постигна феноменален гол за огромни 4:1.
Поразот во 89. успеа да го ублажи Ламин Јамал со уште еден многу убав гол на овој меч.
Барса по максимални седум победи го доживеа првиот пораз во новата сезона. Тие ќе останат на првото место со 21 бод.
Осасуна собра 14 и моментално е на шестата позиција на табелата.